Еве не сум знаела. За стерелитет знам дека е, го имав сретнато неколку пати. Значи како и за се, само убави дебели кабли требаат.
Здраво, девојки. Ме интересира од која недела почнавте со цтг? Бидеќи јас денес бев на Гак со упат од матичната за Цтг, 35+5 недела сум. Но, ми направија само ехо. И ми рекоја дека со цтг ќе се почни од 39 недела. Па ѓе интересира ваше искуство.
Бев 36 та и само ехо ми направи. 38 ма ми кажа за цтг. Ми пиша само да пратам дали бебе мрда, а моето не застанува хахахах
Во Чаир прво одиш на цтг после на преглед, од 36та се почнува. На преглед не ни можеш да влезеш ако немаш направено цтг.
И мене исто ми кажаа на преглед на Гак и само ехо ми направија, а јас се породив во 38 недела. Чаир знам дека прават и порано цтг, како што кажаа и други членки.
Се мислам за Чаир и др Илиевски. Во која недела треба да закажам преглед кај него? Сега сум 30та, би сакала побрзо за да направам муабет.
Редовна бременост во 36та е прво цтг и преглед. Он дежура во среда, кога ќе ти закажува матичен нека ти закаже за тој ден. Само планирај дека ќе се задржиш барем 2-3 саата, настрана од закажаните, му доаѓаат многу и без термин бидејќи сите го бараат (и мене и другарките што во овие години се породија он не пораѓаше случајно, па се смеевме дека има златни раце, сите сакаат да ги пипне ).
Абе стварно си е супер човекот, ама не ги можам тие гужви. Сега за второво еднаш бев кај него, после намерно одев покасно во денот па друга докторка ме прегледуваше. Ама кога ти е пишано... со првото после 21ч во негова смена се породив, пн и уште еден постар доктор. Па кога се пораѓав со второто после 12ч на крај пак он влезе во салата за да помогне. Затоа се смеам за златните раце, дури не ме пипне не можам да родам хахахахаха
Супер е ептен да..затоа јас и со близнаците сакав кај него,ептен добро поминав,дури вториот рез е помал.
Фала ти хахаха баш така и јас слушнав доста пофални зборови. Е да многу чекање, ама навикнав веќе затоа што и за патолошка додека чекам во Чаир некогаш по 2 саата чекам ред. Ти царски или природно кај него?