Имам и претходно пишувано, ќе напишам пак. Уште десет деца да треба да родам, во Чаир ќе ги родам. Кога се пораѓав со син ми, добив бронхопневмонија. Болна бев и претходно, ама со пораѓајот уште толку се искомплицира. Ми вареа чаеви, ме прегледуваа педијатрите, ме тапкаа за полесно да искашлам, ми имаа оставено вреќичка со песок за да ја ставм на раната кога кашлам, ме клукаа триста лекови за да ми помине, крварев многууууу, нон стоп ми менуваа чаршав. Одлични се сите, посебно сестрите и педијатрите. Најмногу на свет сестра Маја, таа ми е најсветлата точка во двата пороѓаи.
Zdravo, nova sum na forumov, 25 nedela komplicirana bremenost. Dali ste sigurni deka predvremeni poroduvanja se izveduvaat samo na GAK I Sistina?
Јас како пресно породена во ГАК мое мислење: побитно ти е сестрите на одделение да ги знаеш одколку кој доктор ќе те пораѓа . Јас сум со царски и уште на боксот додека бев си кажав вака ако бива и уште 10 ќе родам ама за на одделение не би одела да лежам там. Работата е шо там го поминеш после цело време докторот е со тебе само додека раѓаш. Јас сум презадоволна од докторот значи стварно свака му чест. Јас рана како да немам. Ниту болки ниту ништо. Ама сестрите не те фермаат инфузија дојдат уклучат и толку заборави за исклучување. Болничарите ќе го средат тоа. Нема кој да ти објасне како да се однесуваш шо се треба да правеш. И викам прво ми е не ми е 10то. Не џабе е. А за чисто баш е чисто. И 2 у соба. Убаво е и шо посета не пуштат. Значи само заради персоналот на одделение не би се вратила.
Честитки. Може да ми кажеш кој те порагаше и колку денови остана? И дали на закажан царски беше или ти почнаа болките прво или пукна водењакот?
Ме породи Др.Горески. Имав болки но карлично ми беше и затоа царски. 6 дена бев но поради пожолтенко . Инаку јас нрмав болки никакви. После 24 часа одкога станав се беше др. Зависи колку и гужва имаат толку те у држат.
jas se porodiv skoro na GAK i zdravje za vtoro ne planiram tamu nema sansi... tie od pedijatrija se uzas nikoj ne mi kaza so kako samo mi se derea zaso ne go dojam deteto a jas pod antibiotik ludnica ni da pokaze nekoj kako treba sama si se ucev i milo mi e so uspevam vo toa izvinete na dolg post
Јас бев на ГАК еднаш, ама не за породување, бремена сум сега, рано ми е уште за пораѓај. Можам само да кажам БЉАК. Тоа бре никаков однос, инфузијата сама си ја откачував и закачував зашто сестрата ми се раздра кај сум нашла баш во моментот да одам во тоалетот кој им беше катастрофа, неисчистен. Друга ми се раздра креветот да си го наместам сум требала. Јас не знам како некој се пали дека е најдобро на новава ГАК, може е реновирана, ама персоналот е катастрофа, па и доктори, нема ни веќе стручен таму, сите се заминати, се млади специјализанти. Братучетка моја беше со врски за пораѓај, па одвај остана жива зашто „стручњаците“ не сакале царски рез да и направат, си чекале, а плодовата вода и се заматила и станала критична ситуацијата. За Чаир не знам, ама претпоставувам дека е слично зашто и тоа е државно, а државното кај нас е катастрофа.
Devojki denes bev na ctg i oregled vo cair i mi se pogodi kaj dr.gorgiev(bev bez termin) no mnogu mi se vide aroganten doktorov mnogu neubav vpecatok mi ostavi dali e navistina taka ili jas sum greska(se nadevam deka nema da mi se pogodi toj na poeagaj)
Дефинитивно Чаир. Хуман персонал. Јас сум презадоволна. Имав природен пораѓај - на самиот чин соработував, не вриштев и дури персоналот ми заблагодари за соработката и беа мнооогу хумани и ми даваа сила и ме храбреа цело време... Престој - супер, чисто - супер, сестри помагаат со доење, совети и за се можеш да се консултираш.... Генерално само позитивни зборови имам за Чаир.
Geo Georgiev e eden od najdobrite doktori tamu. Jas bev kaj nego ama na zakazano pa epten fin bese. Moze deka si otisla bez termin akov bil. Tamu e mbogu guzva i mnogu se pikaat tuku taka i toa najise go mrazat doktorite znam i jas nekolku pati otidov taka na nezakazano i bea pogrubi za razlika na zakazano koga bev.
Јас пред три години имав многу позитивно мислење за ГАК, сега после породувањево и сите лоши односи и чуени муабети, од типот, носат новородилка кај мене во соба и таа што ја вози вели, аман тек е 2 часот по полноќ 10та родилка е аман нека стават некое ограничување и да не се примаат да бре ова на тајминг е, ние сите тука сме дојдени на пи*ка третмани да уживаме. Значи страшно нешто. Да не зборам за бубашвабите кои ги немаше претходно..... Се будам таа на бебешкото креветче. Дрскиот однос, никој не те ни погледнува ужас, ужас.
Здраво девојки, јас пред 5 год се породив во ГАК во старата зграда и тогаш имаше апартмани кои се плаќаа дополнително и беа со по два кревета и дозволена посета внатре. Дали сеуште има вакви апартмани во ГАК или Чаир?
Neznam kako e vo GAK,ama za cair costa desetka davam! Tamu se porodiv...si zemav spisanija od doma.kao da ne mi e dosadno..Ama kakvo dosadno,vrvulica od doktori(vo pozitivna smisla) .Od pedijatri,hirurgot koj te porodil,dezurni,sestri,pa hematolog dojde zaso se pozaliv na brtoglavica...Celo vreme zeni sto cistay ima,od prebrisuvanje na kvakite od vratite,od podovi,menuvanje postelnina,spavakici....Navistina alal da mu e na direktorot kako gi stavil vo red vrabotenite! A kaj ima red i disciplina,postoi i usoeh
jas skoro se porodiv vo cair i ima dva apartmani so po eden krevet i mislam deka poseta ne pustaat za personalot nemam zborovi za sestrite i higienicarkite se super azurni sekoja im cest za doktorite nemozam da go kazam istoto imam loso iskustvo i mislam apartmanot se plaka 2000 denari ili 3000 denari prasaj
Породена со првото во чаир. Бев во двокреветна соба со тоалет. Незнам дали тоа се брои за апартман. Инаку искуството ми е позитивно. По она што читам и слушам за ГАК пак накај Чаир ме тера.
Јaс бев сo двете пoрoденa вo ГАК и бев вo сoбa сo еднa женa , сaмo двa креветa имaше вo нaшaтa сoбa и тoaлет , пoдтoјaнo чистеa , бришеa пoд , купaтилoтo пoстoјaнo чистo , спaвaчите еднa дaмкa дa имaaт oдмa нoвa нoсaт , нaвечер не спиевме oд тoлку штo беa "дoсaдни" сестрите , пoстoјaнo не прoверувaa кaкo сме и тт ни мереa , a бaшкa педијaтрите зa бебенцaтa штo дoaѓaa честo ГАК ми имa кaжaнo еднa сестрa декa три aпaртмaни имaлo пo 3000 ден. биле.
Соба број 30? Инаку не се тоа апартманите, за нив сепак плаќаат. А мислам дека им е дозволена посета бидејќи се во посебен дел.