По две се собите. И имаше мешано царски со природно. Барем јас кога бев. Премногу родилки бевме. Дента пред да не пуштат, бевме 58. Некои беа сместени на втор кат, па како се ослободуваше кревет, ги спуштаа.
Ова за пред колку години? Јас се породив пред 3 за прво,посебно беа царските резови,посебно природно,сега може да е сменето.Инаку јас сакам да одам кај истиот доктор повторно царски во Чаир,затоа прашав дали има шанси да бидам вратена или може да се направи договор со докторот.
Во Чаир зависи од тоа како имаат гужва у родилки. Како и зависи од жените. Пример тие што не може да стануваат ги ставаа со природно поподложни, за да не ги ѕвецкаат цело време да ги викаат, си помагаат. Мене ме ставија со една пред пуштање дома зошто мислеа ќе ми помага, ама излезе јас да и помагам на неа, па донесоа и друга што беше тазе породена, она па секоја ситница ја пазеше ја гледаше, за се прашуваше, буквално прв пат дете во раце фаќаше и се и беше ново и непознато. Јас во Чаир премија поминав од аспект пораѓај, сместување, сестрите се тие секаде.
55e од ден е мислам, а се доаѓа во договор со главна сестра. Ако имаш врски нема проблем, ако немаш барај. Не знам како ќе раѓаш, ако раѓаш царски договорено тогаш е лесно, ако не барај со време врски.
Фала, па немам врски и се надевам на природен пораѓај... Ем да си платиш ем врски Се надевам ќе успеам да најдам врски.
Природен тешко дека ќе те стават во апартман. Но, да плаќаш за една вечер стварно немаш потреба. Ти си знаеш, ама непотребно е.
Да непотребно е, но читам многу со врски сопрузи, свекрви, тетки влагале по собите.. А баш тој еден ден е многу потребен за одмор и закрепнување... Нивното е по непотребно, ама кога сме племе народ, тоа е! Пре би платила, него да трпам народ, и галама од посетители на цимерките.
Кога ова ?! Јас колку што знам нема посети во Чаир. Јас се породив пред неполни 3 год и апсолутно никој не пуштаа. Исто пред 4-5 год кога се оперирав , не пуштаа никој на посета . Никакви врски не помагаа за посети . Реално , 100 пати поарно
Немам искуство, Прочитав многу искуства од членки тука кои велат дека многу влагале (тие што имале врски).
Jas lani se porodiv vo cair I nemase nitu edna poseta kaj niedna cimerka I planiram sega pak da se poragjam tamu plus na sekoj saat doagaa sestri doktori ne posetuvaa, pregleduvaa cel nok I cel den I drzea se pod kontrola
Нема во Чаир посети. Три пати сум таму породена, последно сега во Јануари. Освен персоналот, никој друг не сум видела да влегува ни по ходници, ни во соба.