Те разбирам, ама па кога нешто не е во ред со детето човек не мисли многу на себе, многу тешко е хормонално сме тој период пореметени па и лош однос од персоналот... Незнам како би реагирала во тие ситуации немоќен си ранлив. Старосватицата моја исто во чаир толку е истрауматизирана... И ја сошија лошо и оставиле како некое израстокче доле и еве две години вика ми крвари, ме боли при однос. Прашуваше за приватно вика пак треба со анестезија да се сече да се шие и пак две недели да неможеш да функционираш. Чека здравје со второ да и го средат. А не и останува бремена од претходниот пораѓај што да речам..
На тема клиника… морам да се надоврзам за искуство што ги имам од претходната бременост / во 9та недела огромно крварење како кофа крв буквално да извираше од мене оддеднаш почна вечерта и со брзање во систина /бебе живо со срцева акција ок, Бојаџиев беше на смена вика херој бебе, на волку крв тоа мрда…ставија прогестерон ме испобоцкаа со друго не знам што и ме испрати дома легнувај и не станувај вечерва … да се молиме до сабајјле да прекине од постелката е….цела вечер со крв ја поминав станував до вц почнаа и мали парченца целата стресена сабајлето се раздени и одма на гак на второ мислење, сашо стојчевски беше дежурен се симна јас плачам маж ми блед докторов вика соблекувај се што плачеш… ме легна преглед вагинален јас липтам плачам и во еден момент се врти накај мене и ми вика АКО НЕ ПРЕКИНЕШ ДА ПЛАЧЕШ НЕМА НИШТО ДА ТИ КАЖАМ ЌЕ СИ НАПРАВАМ ПРЕГЛЕД ПА ПОСЛЕ ЧИТАЈ ИЗВЕШТАЈ ШТО ЌЕ РАЗБЕРЕШ. Маж ми само што не тргна да го удри мислам… пробав да се смирам и додека прегледуваше со спекулум памтам дека уште два пати прашав дали има срцева реакција сеуште и не добив одговор само ми рече облечи се. Се облеков и одвај дочекав да го напише извештајот само ми рече … легнувај дома и моли се нема станување до крај. Во кола извештајот го прочитав уште 10пати … крварењето се смири а во мојата глава се јави таков револт према таа болница што реков дека да умирам нема да влезам таму да се пораѓам. Се измачив со крварења до 18та недела, целата бременост ја водев во систина, кога ми пукна водењакот и се породив .. за жал мојот син не дојде жив на овој свет а мене ми остана горчливо сеќавање кое не треба да го осети никој. Од мене едно големо не за односот на докторите на гак… нехуман … крајно безобразен со трудница која е преплашена и под стрес
Море цел ден беше до мене кога имав болки, не можев да го трпам веќе, сѐ ме нервираше. После у родилна одмор ми беше без него на најјаките болки, на раат ги офкав. Или така ми се чинеше зошто за пола саат се породив
Леле колку ми е жал и ме боли кога го читам ова. Се породив пред 2 месеца и плацентата се одлепи во 35та недела и се породив. Поголем стрес во животот сум немала и уште се потресувам кога одам во вц и мислам дека ќе видам крв. За среќа, веќе бев на крај на 8ми месец и се помина добро, ама со поголеми стресови ќе сум во втора бременост и се надевам ќе издржам до 9ти. Ти дадоа некои совети како да се заштитиш и да не дојде до одлепување во следната бременост? Ти посакувам во најбрзо време да се израдуваш на позитивен тест и лесна бременост
Во момемтот сум веќе 19та недела со втора бременост и задега се изгледа добро се надевам ќе успеам успешно да стигнам барем до 36та препораките беа клексани од позитивен тест да се следи овулација и тест уште пред очекуван циклус кога ќе направиме да почнам истиот ден со боцкање за да зголемиме проток на крв до бебе од старт. Дополнително фолна примав цело лето и б12 метилирана. Засега бебе е одлично, чекам втор скрининг оваа недела да се смирам целосно
Мене ме плаши што немаше никсков проблем - цела бременост ми беше уредна, клексани примав првите 3 месеца и резултатите секогаш ми беа без покачени вредности, дури и последните месеци кога не примав… фолна прекинав да пијам последните месеци, може и со тоа направив грешка. Како и да е, со втората бременост ќе внимавам уште повеќе и само кај најдобрите доктори за консултација. Само да се стигне до 36та недела. Нека ти е со лесно и чекам убава вест за околу 20 недели
Мајки, некоја скоро породена во Чаир? Ќе бидам со закажан царски, па сакав да прашам дали сеуште важи тоа за во соба породени со царски се по 2 жени, а природно беа по повеќе.. Така беше пред 3 г. И во однос на подготвување на торбица, првиот пат носев спаваќи, но не ги искористив бидеќи таму ни носеа често.. Па спремив само неопходни раб за лична хигиена, влошки, папучи, пешкири и за бебе памперс, влажни.. Ви благодарам❤
Снаа ми беа неколку жени во соба и со царски и природно измешани. Поубаво повеќе и да има некоја природно, ќе ти помогне ако може и сака.
Јас сум породена пред неполна година, 3 природно и 1 царски во соба. Само и го чуваа креветот што е сам на едната страна, на другата бевме 3 кревета, така е распоредено нормално во соби со 4 жени. За да може да и помагаат да стане, дека на нашиве кревети што се еден до друг помалку простор има од страна. Мислам дека таа поделба се прави само ако има малку жени на оддел, иначе не оставаат по 2 во соба. Знам дека и во апартман ставаат по 2 ако е ептен гужва.
Mene pred cetri meseci me stavija vo soba so tri devojki sto bea carski Sto ne e taka loso izmegu sebe si pomagavme
Породена сум пред 2 недели, имаше и по 2 во соба царски, имаше и мешано царски и природно, носеа и на патолошка пациентки зошто беше фул на неколку пати, како се погоди. Даваа цело време спаваќи, чаршави што и да побараш, а можеш и да си облечеш од твоите. Само како инфо, многу често немаше парно, на моменти беше преладно, земи си нешто за секој случај.
Не да немав врски, ич немав, ништо, како отидов апансас така не се јавив дури ни на сестрата што знам дека е таму, ама ја немав до тогаш побарано. Едина замерка имам што во предродилна не дадоа ништо да земам, ни телефон ни ништо, пукнав од досада измеѓу болки. Муабетот ми беше дека врска нема дали е или не е со врски, мене се ми ставаа во инфузија не бев со врски. Само една инекција ми ставија во бут, друго се во вена. И не знам зошто би било поразлично или да требаат врски за тоа. Инаку задоволна воглавно, со мене една што раѓаше ист ден се уби од викање, многу се караше и не е задоволна ич, вика никад веќе таму. Јас бев во соба за 2, двете бевме царски. Само не бев задоволна од сестрите албанки што збореа само на албански, на македонски поретко, и од тоа што болничарките или сестри што да се со бебињата беа малку нетрпеливи и имаа лош однос кон мајките. Ме искара зошто сум преслека какано бебе од полноќ до 2 ја чекав и на крај станав го преслеков. Дојде дури сабајлето.
А нели во 22:00 вечер ги земаат бебињата? Зошто ноќеска било со тебе? И кога ги носат ако сте со царски? 2 другарки скоро што се пораѓаа се природно породени и рекоа од 6 сабајле до 10 вечер дека се бебињата во соба со мајките уште од дома. Со царски како е праксата? И кога прв пат стануваат после царски? Има ли определени денови кога некој доктор е во сала? На пр. јас ќе сум кај Ќаев на договорено, дали тоа значи дека он оперира во среда и само тогаш може (ако е договорено, ако не ме фатат болки) или било кога може? @Feniksgirl како договаравте вие?
Ме следеше од 34та на неколку дена заради намалена плодова вода. 37+5 ми рече дојди во понеделник сабајле рано трета смена сум, да те видам. И бев во 7 сабајле, кога му завршуваше смената и ме виде ме прими на патолошка, ми рече ќњ видиме кога има програм, и ме закажал сабајлето ви вторникот прва. И ме породи сабајлето во вторникот.