Беше заедно со докторката што ме пораѓаше. Па после и за шиење на епизотомијата кога ми пукна. Фин доктор. Ми помогна малце со гурање да искочи бебе. А и после убаво ми објаснуваше , се смеевме.
Аууу па овој беше и што го апсеа и имаше забрана за работа. Дури и казна затвор имаше ако не се лажам.
Мене ми се погоди, се немав договорено. За пораѓајот како доктор, се што направи беше ок, односот и е малку дискутабилен. Многу за царски одат кај нејзе, нив ги тинтра..
Природно. За епидурална не сакав јас да барам затоа што си имав зацртано дека нема да добијам, особено не без врски како што отидов. А и не ни сакав да добијам искрено..
@Feniksgirl дали во сала те сликаа со бебето? Со првото имам преубави слики со големиот, завиткан како кифла и така до мене ми го ставија, преубав спомен, па се надевав и на ГАК ќе ми направат некоја фотка
Преубавко Ама дека природно беше ти може затоа. На царски не знам дали сликаат. И уште едно прашање ми текна - кога даваат телефон? Во шок соба даваат или на одделение кога ќе ме префрлат? Докторот се јавува на таткото или јас?
Докторката ми побара број, му се јави, го викна да дојде да ја види и слики му испрати. Мене ми дадоа откако ме средија со шиење. Е јас да, природно бев.
Нее, не ме сликаа. Да ти кажам ја не знаев кај се наоѓам, само ми ја донесоа до мене, ми ја допреа до лице.
Јас сум со царски и мене ме сликаа со бебето. За јавување имав сестра на ГАК што ја знам па она го извести маж ми, не беше на работа дека мене викенд ми се фати, од петок па до недела додека се породам ама комуницираше цело време со нас и колешките па она го извести маж ми. А за сликите таа сестра во сала што ме сликаше побара број од маж ми и му ги прати. Телефон ми дадоа одма само што ме префрлија во шок соба.
Само со лесно да поминете и ти и бебе, тоа е најважно. Јас може дека одвај жива глава извлеков со итен царски па на слики не ми ни текна, на сестрата и текна тоа. Ти замоли ги кога ќе го извадат бебето, верувам дека ќе ве сликаат. Со среќа и со лесно
Ако е се во ред со пораѓајот, сликаат без проблем, слободно спомни им. Имам другарка со царски на гак што ја сликаа со бебе до глава, кога е закажано без итност на процедурата, тоа им е како награда на крај да те сликнат. Јас сум со природно со двете деца во Чаир, и двата пати не ме сликаа. Првиот пат јас не можев ни да дигнам глава, од далеку ми го покажаа бебето како на lion king . Вториот пат бебе го однесоа да прима кислород, само секунда ми го ставија до глава. Едноставно и двете ситуации не беа за сликање. Јатрва ми 3мес пред мене породена, слики има и од двата пораѓаи, ама раѓаше со смеење.
Јас не бев итен царски, закажан беше и не ме сликаа, нит ми рекоа телефон да дадам да сликаат. Може дека без врски, што знам.