Дали се дозволени посети на Гак сега таткото да го види бебето? Со првото уште бевме со маски, ни долу до врата на патолошка не го пуштија. Излегував јас по спаваќа надвор да земам тобица кога ќе примија, ама сега гледам и мажи долу се вртакаат, па дали има шанси да ги пуштат со детево кога ќе се породам 36++ сум веќе, во сабота прв преглед на гак ќе имам, почна паника да ме фаќа
Со луѓе внатре и комшијата ќе влезе. Сега скоро се породи една познаничка, маж и на интезивна влезе. А дете тешко дека ќе пуштат. Тргни од тос дека може да плаче по тебе, па полошо ќе биде и за дете и за тебе.
Оффф бе златна. За кого? За мене, тебе, Петра и Илинка. Како влегуваа додека бев таму… На мм му ја покажаа од врата , а други си влегуваа. Па и со букети цвеќиња во соби се пикаа.
Јас кога лежев никој не пуштија. И по правило е така, е сеа петра што викаш е затоа сме тука кај што сме.
Правила за кого како е кај нас. Да влезеше некој во соба, имаше цела болница да ја дигнам. Гола , окткиена, не не.
Zdravo imam zakazano carski vo Cair me interesira koga kje moze tatkoto da go vidi bebeto bidejkji nema poseta?
Да де. Не се 1м, 4 дена се, јас ако имаше посета додека лежев полугола со расчепени нозе и дигната спаваќа, ќе утепав некого. Не смее ни да се помисли на тоа и крај.
Секако.Исто и јас.Има време ќе го видат бебето . Јас кога се пораѓав сега во Чаир,уште посета ми фалеше,како што бев утепана дека хемоглобин 70..73..крв примав повеќе пати,не ми беше до ништо,освен да дојдам во нормала и дома да си одам со бебињата.
Кој доктор би ми го препорачале за водење ризична бременост на гак и породување.. бев кај ќаев.. не ми остави сигурен впечаток. На контрола сум за две недели па на мисла сум дали да продолжам кај него или не
Да не беше Ќаев, ќе бев породена во 34та, без причина. Он ме изгура и ме породи во 38ма. Имав намалена плодова вода и се водев ризична бременост. По посветен доктор немам сретнато.
Секако прочитав многу добри искуства за него за тоа отидов и на прегледот кај него.. ама го чекаа некаде можеби и затоа така ама сигурно видел тоа што треба ама јас отидов спремна со прашања затоа што навистина е по комплицирана ситуацијата и ме фаќа паника. Имав урраплазма и ентерокока сеа во урина и го прашав за брисови и само ми рече најди специјализанти ке ти земат.. како специјализанти и кај да ги најдам и некако останав во прашалници..од тој аспект ми направи сомнеж, не ме препраша за терапија, вагиналети. А исто ми рече намалена плодова вода ама не е страшно плус степен на зрелост на постелка два накај три и незнам можеби очекував повеќе време за преглед па се ми дојде за 2 минути