Јас пред скоро 4 год се породив тогаш на сите им даваа и на цимерката и на другите од другите соби дали природно дали царски на сите тогаш беше време на корона.. И ги прашувавме за што пиеме антибиотик сите така требало, на другите им даваа амоксиклав, на мене не бидејќи сум алергична па ми дадоа сума мед .. После за дома на сите ни препишаа по уште еден не знам како му беше името ама јас не го зимав дома
И мене на ГАК на отпусно писмо ми ставија атб, и ѕвонев на докторката шо ме породи и ми кажа да не го зимам
Ама мора да има зошто ти дале антибиотик, не може за секој случај сумамед да дадат. Мене венски во Чаир ми ставаа дека бев царски, али и пред да родам во приватна бев со првото, ми ставија Лендацин една доза бидејќи имав уринарна јака.
На сите им даваа амоксиклав сакаа и мене ама дека сум алергична рекоа тогаш јас сума мед немав ништо крвна слика правеа на сите на сите ни беше у ред. Може тој период имало нешто по салите па да не ризикуваат од кај ги знам не кажуваа ништо
Зависи на кој антибиотик си. Јас после вториот царски бев на 2 антибиотика, со едниот не смееше да се дои, тој ми заврши после 2 дена, ми рекоа сега може да доиш. Другиот се уште го примав.
Мене ми рекоа можам и со сума мед и со тој другиот што ми го дадоа... И на тие што беа со амоксиклав им дозволија
Ок ова се послаби антибиотици. Со царски интравенозно се примаат. Не знам искрено кој беше тој што не ми дозволија
Девојки здраво Да прашам дали имате искуство од доктор Илир Шурлани пд Чаир и Ирена Папестиев од ГАК, се двоумам уште каде да се пораѓам
Што документи се носеа за пораѓај на ГАК ? Крвна група, последни брисеви, нешто венчаница такви работи требаше ли ? Која се породила скоро да пише да се спремам полека. Све сум заборавила
Ништо не ти треба освен крвна група и книшка или лична карта. Дури и да немаш крвна група, ќе ти напрват они. Јас усно кажав резултати од брисеви, никој не ти бара на писмено.
Добро супер да не се замарам, све си мислам ко да носев со првото папка спремна со документи.. ама штом вака топ
Антибиотик даваат само ако има нешто. Си имала нешто според крвната слика исто и тие што ги викаш сите. На лепе очи не даваат. Затоа секој ден крвна слика ти прават. И јас добив ама јас имав покачени вредности на крвта. Вимерката не доби а и она и јас царски бевме.
јас да споделам искуство во државна, ок поминав. освен храната, треба малку да се подобрат околу тој дел затоа што не е во ред сува кифла да има и за вечера и за доручек. имам само една замерка што треба на докторите да им вадиш зборови од уста дур да ти кажат нешто, со чест на исклучоци на ехо кога ме гледаа пред да ме породат кога прашав дали е ок се добив коментар од една докторка добро јас сум докторка или ти, ако треба нешто да ти кажам ќе ти кажам, а имаше и докторка што убаво се детално ми објасни, така да ваљда зависи кој на која нога станал. во глобала ок беше, ама фала му на Господ пред се.