една работа не ми е јасно сите се жалат од GAK и пак идат таму? нели цаир е подобро засто таму не идат?
Мила кај сакаш отиди , болката е таа и не е ништо страшно , едноставно мора да помине Јас мислев којзнае што е Гак ама испадна подобро, сепак беше многу чисто секој ден чистеа, менуваа постелнина, нови спавачи, помош при доење, преглед на бебињата и на нас , за бебуш не знам како ја прегледале , за мене пишав и тоа е тоа, сепак и на Гак не е лошо , се е ново чисто и средено Заборавив да кажам дека откако ќе ти го донесат бебчето ќе проверуваат и како го доиш , мене не сакаа да ми дадат дохрана мислеа дека ја дојам ама на крај испадна дека не . Тоаа е
абе Unique мене не ми е страв од болката што викаш каде и да одиш таа си е..ама страв ми е од дрскоста на персоналот читав во породилни приказни и стварно ми се наби многу страв не дека сум размазена ама на целиот страв уште така некој да ти се понаша...
Абе мисли си само на бебушко дека за некоја минутка ќе го видиш и се ќе заборавиш, а може и ќе ти се паднат некои добри, еве јас така ја начекав смената многу беа фини во пред породилна а и кога веќе се породив. А првиот пат беше катастрофа. Кога излегов се утепав плачејќи од хоророт таму. И јас не верував дека ќе заборавам ама ете се се заборава . Кога ќе се породиш пак ќе пишуваме и ќе видиш дека нема ни да ти текне на тоа Овој муабет секојдневие ми стана и сестрами е трудна и нон стоп ја убедувам онаа ми вика абе тебе ти е гајле ти си роди туку јас што ќе правам Живи и здрави да сме и се да биде во ред, многу жени го поминале ова ниту сме први , ниту последни. Ќе трпиме што преостанува друго ? Кога се работи за најмилите и ГАК да ми падне на глава би издржала .. Хахаха ајде со лесно нека ви е на сите Како што е Господ никој не е
Јас дома не смеам да зборам на оваа тема ,одма ми се нафрлаат со коментари што е битно каде,многу сте деншниве млади разгалени,потоа како порано се порагале дома или во плевна или не знам каде (бар никој не им се понашал имало една бабица за цело село и била ок ) па како сите они родиле и по 3-4 па се живи итн! еее тука барем ке се тешиме
И јас се породив во Чаир, но искрено имав јака врска, кој апостојано дур беше на работа беше околу мене...После тоа исто како сите, ок со малку подобар третман..Јас искрено бев доста уплашена, Јована имаше жолтица, па некоја инфекција и беше 2 дена на инфузија, но се на крај беше ок...Престојот таму ми беше хорор филм...Едвај чекав да си дојдам дома...Од гинеколозите и од педијатрите сум ептен задоволна, но од сестрите така и така...Помина и да се заборава по малку... Знам само дека плачев и ми беше тешко..Раната од царскиот ме болеше...Два дена неможев да станам..Постојано се грижев дали ќе бидам добра мајка ит итн...се издржува се..За нашите ангели...Само помислете си дека има крај и дека од таа болница (која и да е) ќе излезете со вашето ангелче и се ќе биде во ред...Болката е болка..и со природно и со царски..Во државните болници третманот е тој..Реално треба човек..Поздрав и се проаѓа...
pepita82 значи овие стариве никаква утеха од нив нема само ние..ние...ние... И они биле исти на времето-сигурно! Ама сега кога веќе поминал зортот јаки се! Тера си по свое кај мислиш ти таму оди,каде и да одиш Господ е со нас,како е пишано дали природно,царски,да се мачиме или не само тој знае
Труднички муабети една работа не ми е јасна...зашто секаде бараат мито...еве ако сум сакала доктор у чаир да ме породи треба паринки да си фрлам па нели они зимаат плата за тоа?
Труднички муабети Е срцка така функционира нашата држава , што вели една моја роднина од странство овде нема закон оставено е се на бога , има мн вистина во тоа , и кој знае уште колку време ке треба ова да се искорени,кој има пари ке има и врски а останатите ке се молат на бога
Труднички муабети Имам среќа што свекрва ми е врзана со здравство и имам врски (се надевам без да треба да фрлам нешто), а и да немав ке се пораѓав пак во државна болница. Искрено не ми е страв затоа што и со врски и без ако треба да се искомплицира нешто (скраја да е) нема бегање. Да имав да му фрлам парички на некого за да си ја врши работата тогаш ќе отидам приватно. Другарка што се породи во Струмица ми раскажа како се наредиле пред свекор и сите од чистачка до доктори за да им дал по 500 мкд. Се собрале 10тина души. По просјачка работа од ова немам слушнато!
Труднички муабети еххе е земаат плата ама ако не си дадеш парички , никој не те гледа, верувај... и јас бев против тоа, ама кога видов дека ми зависи и мојот и животот на бебето и те како го молев мажот ми да им даде пари, и секако му пикнал во џебот на докторот некоја илјадарка , и поинаку ме гледа, а и после пораѓајот пак им даде на докторот, на сестрата на бабицата ама кај нас се така функционира за жал затоа јас сега сите ги светувам поарно од напред да си платиш па да не се мачиш на пораѓај и да те гледаат како човек, отколку отпосле да дадеш, затоа што како и да е парите ке ги дајш
Труднички муабети Ова со зимање пари го има само во Мк треба да се пријават за земање мито Нив тоа им е работа , а не кој е со врски ке има убав третман кој не ќе биде оставен така Ке му се дере некоја хигиеничарка не е убаво и не оправдувам Јас се породив во странство немав ни врски , ни ништо ... не платив ни денар а имав супер третмам од цел персонал ,доктори , бабица , сестри итн итн Ситуацијава во Мк болници е ужаш наместо да се помисли какви се условите , да се промени нешто тие први за молење за пари
Труднички муабети Лелелее лелее не ми се верува сто читам!!! па кај ќе им оди дусата на тие лекари!!! нивната работа треба да е благородна, да им се помага на лугето а не со лугето да се богатат!!! ја зивеам во странство, и ако верувате една другарка моја тука кога се породи му однесе на докторот фласа некое пиење и бомбони и и ...докторот не сакасе да ги земе, замислете! а кај нас у мкд сто се прави залосно, срамно и јаднооо! треба под итно да се превземе несто, да се пријават, и да им се дадат белезани пари како сто имасе случаи и сите така да ги испофаќааат, будали едни! се надевам не се сите такви и нема да бидат!поздрав девојки
факт е дека нема ништо да смениме тоа си било и ќе си биде... него што да правам ако немам пари да им бутнам? јас лично не можам да си дозволам... а и со тие пари на детето ке му купам нешто.Aј како дедо боже никој не е ...
Ве читам и Ви верувам, знам дека секаде има мито, ама јас и со двете деца се породив без никого да поткупам. Со првото се породив во Чаир пред скоро 7 год. Да, признавам имав врска/и неколку и д-р, и сестра и болничарки...нормално дека се распрашавме кој може да ми се најде ама пари не сме дале. Сум дала неколку кафиња, по некое бонбоњерче, сокче...тоа. Со втрово се породив на ГАК, и таму си имав мои луѓе...се породив пак без пара да дадеме. Овој пат дури ниту една сестра ни болничарка не сакаше ни 100 гр. да земе, туткав и подавав, ама никој ништо не ми зема....забрането ни е-така ми кажуваа. Единствено кога се породив д-рката отишла да му каже на мм дека има син, дека сме добри итн. итн.итн. и тој и дал бонбоњера, кафе и сок, толку. Што знам може нас баш ни се погодиле луѓе меѓу д-рите.
Каде имаш врски-таму. Ако немаш нигде врски, според сите искуства и читани тука, а и слушани од луѓе, некако гледам подобро било Чаир.