Majki, dali prifakjaat dogovoren carski vo cair? Vtoro mi e, prvoto e prirodno ama potezok i kompliiciran poragaj. Dlabo se otvarav i pritisok kaciv malata zaglavi vo cervix sto se ne se sluci.
За апартман не би знаела да ти одговарам, за инкубатори зависи која недела ќе се роди бебчето. Мене ми кажаа ако се пред 34та да одам директно на ГАК, затоа што они немаат инкубатори за толку мали бебиња.
Кога и како се резервира апартман во ГАК? На денот на породување или претходно најавуваш негде? Исто така на кој начин се стапува во контакт со докторот кој сакаш да те пораѓа? Дали матичниот гинеколог ти дава упат со термин кај него или пак бараш луѓе кој може да посредуваат за договор со конкретен доктор? Или може директно да одиш кај тој што сакаш да те пораѓа и се договараш? Благодарам
Дали знаете конкретно за др. Илиевски дали до крај на година ќе работи во Чаир, слушнав ќе се преместува во Систина?
А се мислам дали Илиевски или Кировски, и за двајцата имам слушано позитивни работи и како најстручни од цел Чаир
Мене двајцата ми беа дента на пораѓај, двајцата беа дежурни. Кировски ме прегледа, Илиевски ме породи царски. Кировски не зборува многу ама е престручен. Илиевски одличен и комуникативен
Јас на визита и двајцата ги видов, не ми оставија некој посебен впечаток, не знам, онака. Докториве што никој не ги знае многу поголем впечаток ми оставија искрено.
Нема везе, и јас улетав ко џокер. Ама Кировски особено, никаков однос, дојде во Шок соба да види рана на родилка која крвареше обилно и ставаа дрен, значи крвничко стискање и тегнење, влечеше ко мртва да е. Мене на визита ми вика Па што седиш тука, што не си одиш дома, супер си види... Викам од ќеиф и се смеам, викам ваљда вие треба да дадете предлог да си одам, не знам. Ајде утре вика, иначе според мене си за одење. Бебето никаде не го спомна, демек ја за одење а бебево кој го шиша. Следниот ден докторка исто непозната ме прегледа и си рече, ако е се во ред, ако педијатарката даде дозвола јас би те испишала денес. Многу сум задоволна од Кевсер искрено, прекрасен однос. А ултра не задоволна од Ана Марија, дрска и безобразна.
Мене не ми ни прозборе само извештај напиша и ми рече мирувај, тука сме не се секирај Ана Марија не ја запознав, а Кевсер ич не ми текнува која беше иако 100 пати го слушнав името..
Кировски е мн стручен доктор, нема да згрешиш. Слабо збори. Мм му направи муабет, ама ми ја виде состојбата дека крварев го виде одма хематомот и терапија ми препиша клексани без да му речам виде мутации и толку. Тој беше прв после почнав кај Јани. Ми рече иди на трансфузиологија следно нека следат они ние сме гиниколози. Плодот е супер.Маричниот несакаше клексани да почнам, кога виде он ми пишал одма ми рече почни.
Не му ја дала тарифата затоа таков односот му бил. Стручен да ама си има шема развиено со матичниве гинеколози да си ја зема тарифата
Не знам, ја доктори за работа што им е работа не плаќам, има кој сака да си ја работи работата. Малку е што одиме на приватно па уште и доктори во државна да плаќам, мало морген. Нит доктори да плаќам, нит поклони да давам, крај. Искрено отидов кај таа Ана Марија преку внук нејзин и чекав 4 часа, со болки, смрдла една, следен пат отидов рандом и на пораѓај рандом отидов и супер поминав.