И јас се чудам за потплаќање на државно. Веќе ако плаќам ќе идам приватно ама па 300 евра и 2000 не е исто, па ваљда ради тоа така одлучуваат жените. Другарка моја баш Кировски си го плати да и дојде на пораѓај за со двете деца.
Да, ама не смее да има месо или нешто лесно расипливо..конкретно може кроасани, ѓеврек, сусамки, сок, чај. Мене барем така ми кажаа
Здраво на сите. Дали во Чаир пред породување бараат да им однесеш резултати од Инфективен Скрининг (хепатит Б,Ц и ХИВ)? Ова било као доказ дека си здрава трудница и начин на кој здраствените работници во болницата ќе се заштитат доколку си носител на некои од овие инфекции. Во приватните болници ги правеле на лице место кога идеш да се пораѓаш.. Има ли некој да се пораѓал во Чаир во скоро време па да ви барале ваков документ? Фала ви многу ..
Дали е точно тоа дека во Чаир не ставаат епидурална? Зошто гледам на нивната страна дека сега имаат 3 анестезиолози
Ставаат ако начекаш слободен анестезиолог. Ако има пример 2 закажани царски, третиот анестезиолог нема да дојде да става епидурални зошто треба да е достапен за итни ситуации.
Може ли некоја скоро породена во Чаир да ми објасни се од почеток како се одвива породување со закажан царски рез ? -колку време пред закажаниот термин треба да одам ? -колку дена се лежи во болница ? Комплет значи колку ноќи и дена. -дали замараат за доење ? -дали бебињата ги оставаат дење и ноќе со мајките ? -во однос на нега како е ? Дали има персонал, дали даваат лекови за болка и понашањето какво е ? Дали се дрски и безобразни како порано ? -хигиена ? Како е ?
Не сум којзнае колку скоро ама пак е во поново време. - не бев на закажан царски ама после мене 2 колешки беа и двете ноќта пред царскиот отидоа, следниот ден прво и двете беа. -Царски сите 3 лежевме 4 дена после породување, 3 ноќи значи, јас не бев договорен ама се деси да добијам болки од вечерта и таа е плус ноќ -не знам што ти значи Замараат за доење, ако нејќеше да доиш ќе си кажеш да ти дадат инекција или апчиња, што има не знам, само кажи си со време -Првиот ден нема да ти го остават, ама таму последниот сигурно, ама ако го викнеш да го земат бебето сигурно ќе го земат -Во однос на нега јас сум задоволна, ок е, даваат лекови за болка, не се дрски и безобразни ако не си и ти, јас немав никаков проблем, ама таа што беше со мене во пред родилна се искара со сите и неа ако ја прашаш ќе ти рече дека била во пеколот -Хигиена беше на одлично ниво. Најважно, не очекувај хотел со 5 ѕвезди, нема да добиеш, храната е оскудна и не баш вкусна, не доаѓаат на прво оф, може ќе почекаш, биди спремна дека може нема да ти биде најудобно на свет, ама не е дека одиш на искачање, идеш да раѓаш, хормони, анкс, ќе ти биде крив цел свет ако така се намонтираш од дома, јас одлучив да не го памтам така тој период од животот и топ ми беше.
Договорен царски, еден ден пред операција дојдов. Лежев 3 4 дена, сестрите беа префини, зависи од твоето понашање и соработка. Не замараа за доење, мене ме прашаа дали сакам. Во соба бевме 3 сите царски и моето беше константно со мене ми го оставаа и преку ноќ што на два пати им го враќав да поспијам малце. За болки ставаат цело време и да им речеш ќе ти дадат. Ни помогна сестрата да се избањаме на сите три. Во сала им кажав да ми кажуваат што ќе ми прават да знам и стварно за се ме информираа. Храната не ја ни погледнав, освен супата, ми носеа од дома цело време. Се на се 10/10, јас имав стварно преубаво искуство од се. Многу убав спомен ми остана, без никакви трауми.
Може, јас добив без врски. Дојде докторката на смена и ме праша дали сакам епидурална дека слободен е анестезиолог во моментот. Јас ништо немав спомнато. Треба само да се погоди моментот.
Благодарам. Не очекувам хотел со 5 ѕвезди. Само да е пристојно. Да не ми се дерат, да не ме утепаат психички. За храна не се секирам, може и ништо да не јадам неколку дена. Ако се лежи 3 ноќи ќе издржам, ама некако ми е останато во сеќавање дека 5 се лежеше порано. а значи може ако им речам (ако замолам де) да го земаат ноќе бебето. Секако не знам што би му правела кога нема да дојам. А они ваљда ќе даваат дохрана ? Дека за првото немав млеко, па ми велеа биди упорна и ме обвинуваа дека немам млеко зашто сум била многу напната. Па на крај се измолив некако да му даваат млекце, ама на излегување од болница бараа маж ми да остави цела кутија и тоа Хип да биде. Прашувам унапред, да знам ако треба да си однесам уште на одење.