И јас би сакала да знам, кај неа сум 33 недела, па би сакала да слушнам мислења кој како поминал кај неа ама од скоро ако има некоја.
Не знам за природен како се изведува со нејзе ако не ти се погоди на работа, за царски знам дека ги тинтра нејзините, знам од кога лежев на патолошка. Мене ми се погоди со првото дежурна за раѓање, таква е малце нетрпелива, се издерава на нас родилките што не знаеме што праиме и викаме . Не бев договорена нели, не знам како е ако си. А слушам пари барала. Јас со второво сега а влезам во клиника нејзе ја гледам, а не би сакала пак да ми биде на пораѓај некако, што знам. Вака како доктор успеа да ме натера природно да се породам, зошто тешко одеше, зборот и се слуша искусна е, само односот малце...
Јас отидов кај неа уште пред неколку недели дека сум со серклаж и малку поризична бременост, а дали царски или природно ште не знам, следна недела сум кај неа пак, треба да ми каже тогаш. Само знам дека она единствено ме праша колкав ми е диоптерот за да направи проценка дали можам воопшто природно, друг ниту еден не ме прашам ниту па обрнал внимание на овој детал
Не знам, ако си преку луѓе прашај си убаво. Не верувам дека ќе ти каже нешто она директно, ама да ти посветува внимание е чудно за нејзе, едноставно не е таква. Еве кај Ели што ја спомнуваат сум била на прв скрининг и ја видов кога лежев на патолошка со првото, жената е фина и комуникативна. А Адела не сум ја видела да прегледува вака како другите, само знае да се извлечка со некој нејзин и е супер пријателски настроена, а обичните смртници не ги ни погледнува..
Јас знам дека треба да и платиш ако она те пораѓа со првото кога се пораѓав слушав еден дечко дојде дс праша за жена му и она му кажува дека се е супер и дечково вика може ли букетов на жена ми да и го однесете она му вика јас мислев за мене на женати не и треба и си викна обезбедување да и го однесат у канцеларија нешо така беше
Се породив 2003 год Од провинција у ск ме пратија дека предвреме На смена се погоди Адела Ме прегледа 2 3 пати ок беше утте на визита сабајлето им рече да не ме малтертираат да ме остават у соба кај шо се мајки без бебиња Јас сум задоволна од нејзината човечност у тој момент Шо знам може тогаш била ок сеа е извитоперена
Мене пред 3 год ме породи природно и ми водеше ризична бременост од 22ра недела. Јас бев многу задоволна.