Знам , имаше една мајка бараше лажица и кажаа немаат Така да совет до тие што планираат да се породат на ГАК да си носат прибор за јадење
Пред 5 години кога се пораѓав, и во Чаир немаа прибор, ама јас си носев пластичен прибор Спремна за храна кај и да е сум била, немале прибор, аха...
6 дена бев и доручекот беше кифла , ручекот беше или пире или ориз со супа , вечерата беше или блага кифла или макарони со сирење. За односот од сестри и доктори немам никаква замерка. Доручекот знаеа и во 10 часот сабајле да го донесат , а вечерата во 17 часот . Баш без врска е , плус ако нема кој да ни донесе од надвор храна
Со две 50 евра , сама 100 евра . Реално мое искуство искочив во Вторникот и немаш потреба за апартман . Две во соба бевме , јас после пораѓај три дена бев од кој ден ипол сама бев. Бебињата ги носат во 6 сабајле ги зимаат во 10 вечер . Ако е се во ред ќе си одите за два дена максимум третиот . Исто може да се погоди другата жена да нема платено за апартман па малку е без врска . Разликата е само во тоа плаќаш за да имаш посета . Имаше жени кој беа ставени во интензивна и чекаа да се ослободи апартман.
А пуштаа посета у соба кога беше ? Не во апартман? Јас со првото се пораѓав во време на корона и тогаш бевме две во соба ама не даваа посета
Не знам многу ми е страв како се наближувам до пораѓај ми е повеќе страв...Од првото искуство... Како ме оставија сама на себе и сеа си викав поубаво може у апартман па ќе дојде некој од моите ќе ми помага ама па 100 евра од ден и пак не си сигурен не знам што да кажам
Доага болничар ти помага , нема страв . Мене на интензивна ме станаа, потоа доле сама одма станав . Ми се вртеше паметот ама се стабилизирав за брзо .