Без анестезија, кај мене се многу брзо се заврши. Здравје ќе пишам во породилни приказни. Стабилна е беба
Не се плаши имај со тебе кафе чоколади и дај им на сестрите доле кај бебињата каде што ќе лежиш ќе те гледаат маж ми коа со породив пред три години им даваше така па ме гледаа а претпоследниот ден не дадовме ништо никој не влезе во собата недела беше баш си викав овие се незрави ако ми се слоши жив човек нема сама немав ни цимерка си замина
Мислам дека се менуваат цело време, зависи од ситуација. Единствено точно да знаеш дека одреден доктор ќе биде таму е директно со него да комуницираш.
За таму не знам, ама се мислам нема. После ковидот никако, и што е сосема ок. Врати отворени, жени со дигнати спаваќи и голи газови...
https://prv.mk/svet/od-oktomvri-rev...tno-i-bezbolno-poroduvanje-za-site-idni-majki Ако воведат епидурал за сите, приватните болници ќе го преполоват профитот.
Баш ме занима како ќе го изведат ова со повеќе родилки во исто време...анестезиологот ќе трча од една на друга? Јас треба да се пораѓам на ГАК за неколку недели, па ајде баш ќе видиме искуство.
Здраво да прашам тие што се пораѓавте во Чаир, дали бебето ви го оставаат преку ден со вас, како функционира тоа, дали ви го носат најадено дали помагаат за доење и дали смее да ви се носи храна и каква и вода сок нешто
Го оставаат и те учат да доиш, ти го местат, те гледаат дали ти надоаѓа млеко. Ако плаче и сеуште немаш како во мојот случај, ми го носеа нахрането и бањато и само спиеше. Ќе те излажам ако ти кажам дека не беше болно кога ме стискаа по брадавиците и коа ме местеа за доење..јас додуше бев со премногу запушени канали, дури после 3 дена дома се отпушив со пумпа инаку бев пред мастит. Кога ќе ги повикав, ако сакав да спијам или ако имав болки/примав терапија веднаш го земаа. Ми рекоа ледени чаеви бистри сокови да ми донесат многу, а од храна да нема месо и сосови за да не дојде до труење. Ми носеа ѓевреци, кроасани, бејк ролс, солени стапчиња и благо.
Јас мислам дека е маркетинг. Кај стига анестезиолог таму за царски, а не па епидурал за секоја родилка. Ќе биде како до сега, со врски, а тие добиваа епидурал и претходно..
Јас пред три години се породив во државна имав врски требаше да ме боцнат за епидурал 7 прсти бев немаше анестезиолог беше во сала за царски дојде коа веќе раѓав така да маркетинг голем е ова или ако вработат повеќе да напоменам ја се пораѓав попладне еден беше на смена во тоа време така да незнам
Одлучив за Чаир. Ме интересира што треба да си носам ? Имам список: -спаваќа -влошки (веза неам какви, порано беа Вир, а сеа што треба?) -полнач -четка и паста за заби -влечки -стегач за коса -чорапи -високи гаќи памучни (не смееше,порано не даваа, ама после визита си ставав) -бараа водоотпорни подлоги за под мене, се мислам да земам едно пакување. за бебето: -пелени -влажни марамици -крема за пеленска регија -цуцла лажливка Е сеа околу многу други работи не паметам... Дали треба сапун за бањање ? Дали се носи адаптирано млеко ако не планирам да дојам ? Дали таму ги повиваат некако или треба и облека да носам за бебе ? Секако нешто имам заборавено, некоја што била скоро нека додаде. Многу ми е битно ова за адаптираното млеко заради тоа што за првото дете ме тераа да купувам, а не знам дали ќе има кој да ми донесе, сакам спремна да одам.
За тебе влошки,лична хигиена, полнач, можеш и мрежести гаќи, друго ништо не ти треба се имаат таму и ти даваат. За бебе памперс,помада, влажни. Сапун не треба, адаптирано они им даваат ако има потреба, облека не треба они го повиваат.
Полнач и телефон, влажни, брисач, јас носев свој пешкир и мало едно за лице, течен сапун, носев и шампон и купка, мали земав од ДМ, четка и паста, чешел и стегачиња, ако си зимурлива чорапи и џемпер, алишта за искачање. Гаќи тоа не ти треба реално, влошки да, тие како Вир, подметачи за под тебе обавезно, многу се практични. За бебе пелени и крема, ако немаш земено не правеа проблем, јас имав, кремата не ја ни искористив, воопшто, алиштата за искачање на бебето. Земи си и храна, сува, сокчиња и водички, занимација, книга нешто такво.
Фала многу. Ќе земам се од ова. Mommy brain, тотално заборавив на пешкири . Јас ќе треба поголема торба да спремам ова вака звучи како многу ствари. Ај пелените најмало пакување ќе бидат, облеката не фаќа место, ама другово ќе го сместам којзнае каде.
Другаркава ми кажа облека за тебе за излегување и за бебе исто, ќе ти донесат кога ќе дојдат по вас. Таму ти требаат пелени, она околу 15 носела, не цело пакување, марамици да. Адаптирано им даваат нивно, Хип мислам рече, крема не ти треба. Спавачи не, даваат од таму, влечки носи си и сѐ за лична хигиена.