Благодарам. Адаптирано не ме интересира какво, само да даваат. Пред 5 год ништо не даваа, форсираа доење а бебето се корнеше од плачење, па на крај ме тераа да донесам хип. е сеа сигурно списоков варира за природно/царски. Јас најверојатно царски ќе бидам, па шампон нема да ми треба, мрежести гаќи и не знам што се. Сеа ми текнува ваљда и таблети за болки не е лошо да си носам.
Нема за што, таман работа. Јас и ти сме тука со недели, памтам те читав на почеток ама јас сигурно пред тебе ќе бидам, царски исто. Една познаничка пред помалку од месец се породи, а другаркава пред неколку дена, двете се царски така да баш најнови информации, сменето е од пред неколку години ко што гледам. Ставале цело време нешто против болки, без грижи за тоа ама ако сакаш носи си. Инаку мрежести гаќи и влошки ќе ти требаат, спремај си. Од Зегин земав јас.
Кога ти е термин ? Јас сум 35 недела. Може па цимерки ќе сме. Кажи ми какви влошки ? Сигурно не од овие ко за менструација, тогаш кажуваа Вир, ама сеа не ги гледам по аптекиве. Да не лутам да знам што барам.
8ми Ноември мене ми е краен, 34та сум ама близначка бременост е кај мене, нареден месец ќе биде, затоа и се спремам и собирам информации. Само да се качам на спрат и одма ти сликам, ќе додадам во мислењево ако не е касно за редактирање, ако не ќе пишам во ново.
Поминало време за да едитирам, ќе морам едно по друго мислење, нека сменат модератори. @DarkStormm еве јас какви земав.
Девојки да прашам за Чаир уште нешто, облеката за бебето за излез од болница треба да ја имам со мене или сопругот ја носи
Таблети за болка даваат ако побараш. Па може сопругот да ја донесе пред да си одиш. Јас и за мене и за бебе имав спремено облека и сопругот ми ја донесе сабајлето пред да си одиме од болница. Сега исто ќе направам, здравје кога ќе дојде време.
Да не одговарам на двете по ред. Благодарам за сликите, ќе побарам во Зегин. Веројатно ќе си пред мене, штом близначка бременост, па ќе те гњавам и ќе те прашувам што и како.
Нема за што, таман работа. Земи си повеќе пакетчиња. Какво гњавење, уживај, ќе си разменуваме искуства секако
Фала ти не знаев дали мора да носам со мене, јас ќе му ги спремам дома ама не сакам да ми бидат стуткани во торба затоа, чекам секој ден да биде па правам финални подготовки
Облеките спакувај ги посебно и нека ти ги донесат на ден на искачање или нешто потоа. Јас спакував во торбица мала и ќеса од ДМ за храната. Таблети за болки не ти треба, ако си царски ќе те боцкаат. Јас се бањав таму и носев и шампон и маска. Ми помогнаа.
Здраво девојки, како се условите во денешно време за породување на Гак? Дали можеш да си резервираш апартман? Дали можеш да си побараш да те боцнат против болки по потреба? Дали дозволуваат храна од надвор бидејќи читам храната била лоша. Дали ве подучуваат за бањање, доење, дали се инсистира на доење? Облека, козметика, пешкири и сл тоа сами си носиме или таму обезбедуваат? Посета во соба дозволено ли е? Многу прашања ми надојдоа
Пред три години таму се породив храната е ужасна но може да ти носат храна сокови вода тогаш посети не беа доволени епидурал не ставаа само со врски јас имав и пак не добив бидејќи имаше еден анестезиолог неможе да стигне веќе се пораѓав јас коа дојде акушерките беа ок ми помагаа една само кога побарав вода на бокс од кога се породив ми рече не си носиш од дома. На паталошка ужасни сестрите безчовечни исто и на цтг чекаш како луд нечисто легнува на исти кревет не менуваа ништо горе кај бебињата помагаат да се избањаш поминуваа да те прашаат за болка да не сакаш нешто јас им дадов кафе и чоколадо па се вртеа тука а во неделата бев сама во соба немав ништо да дадам никој не влезе да ме види дали сум жива у глобала ок чисто е горе у собите нови се ок мојата соба беше со два кревети и тоа 6/10 според мене мислам да не беше кафето и чоколадите никој немаше да влезе
Еве најтазе искуство: родилна сала и постоперативна нега (бев со царски) сум задоволна. Е сега! Кога ќе отидеш во акушерија е лошото. Боцкаат за болки по барање, ако ги најдеш (нели дополнително од стандардна терапија што ја добиваш еднаш - два пати во ден). Едноставно нема персонал никаде на мапа, ни болничар ни сестра, да ти подаде нешто што се вика. Има апартман, 100 еур од вечер е мислам за сам, 50 со друга ако има опција, дозволена е посета само таму. Совет НЕ очекувај за ништо после, тоа ми е искуство од двата пати. Вториов пат па, градиве камен, млеко не тече, бебе не фаќа, тие ме гледаат и ми викаат мора да доиш, мене каналите запушени. Нема баш топла вода за асален туш, а за се што треба да направиш натаму за да не фатиш маститис нема услови, среќа ме пуштија дома (иако ова бебе не фаќа града за жива глава), ама малце се потсредив. Се на се, делот што им е дел од стандардни постапки е ок, ама се надвор од тоа, мораш да се снаоѓаш за да најдеш некој да ти помогне. И бебето после станување ти го тупкаат, зимање само ако прима терапија. А некои мајки одма после станување (24ч по операција) не се способни фул да се грижат за бебето, да не речам не знам која е спремна, може ја има. Ги носат во 6, ги земаат во 11 вечер за спиење, веќе не ги оставаат преку ноќ. Нешто ако те интересира плус, слободно прашај. А да, и ставаат заедно во соба жени породени со царски во размак од 1 ден, ете ако е поинаку барем цимерката да ти помогне за нешто ситно. Мене лично ме оставија без цимерка кога ме станаа дента до вечер, а болките тогаш се најголеми и станувањето е најтешко. Не дека не преживеав, ама во моментот е зезнато.
Само во приватен дозволуваат посета? Баш е зезнато така да ти го тупнат бебето после 24 часа, кај болки, кај не смееш да креваш, бар да имаш некој свој да ти помага во посета.. Дозволуваат храна од надвор? Не дека 3-4 дена ќе ни биде нешто од болничка храна, но негде читав дека кифли за доручек и вечера е стандард а тоа не оди во прилог со моментот кога ќе треба да одиш по бр 2 после царски
Посета само во апартман. Да, храна дозволуваат. Има на секои 3 саати болничар дели пакети од надвор, може слободно да ти носат храна и пијалоци долу. Храната е да, кифли за доручек, слично за вечера само преку еден ден макарони грди, а за ручек супа со батак и ориз/ пире преку еден ден. И врвот супа и леќа чат пат. Јас повеќе седев и на патолошка плус, храната е крш. И не е доволно, вечера даваат 5 и нешто и толку.
Абе каква посета жени, се читате ли? На врати отворени ширум, на жени со гради голи и спаваќи со млеко направени, крв, некои во болки спијат, отечени, не е слика која е за да ја види секој едноставно. Јас пример бев цело време со крената спаваќа зошто ме жежеше раната многу уште спаваќата ми требаше, и замисли со крената спаваќа да дојдеше на таа со мене некој, низ врата ќе леташе. Ние бевме 2 во соба, првата цимерка не ми беше погодена пошто македонски 2 реда не знаеше да каже и само седеше на телефон, а втората ми беше фина, македонка, прво бепче а она доста млада, 21 година, не знаеше ни како да го држи а и го дадоа во раце само што излезена од шок соба, искрено и помогнав од срце зошто жал ми беше. Во Чаир доаѓаа и многу често поминуваа и така само, и да викнеш доаѓаа брзо ем беше Нова година и беа на сите страни освен тука, ама имаше и сестри и болничарки и за бебе и за тебе.
Јас бев во соба со 4 кревета во Чаир, една беше со царски, другите 3 бевме природно, сите породени во 24 часа. Да требаше, меѓу себе можевме да си помогнеме, подадеме што и да треба, ама на таа со царски мислам дека на секои 20 мин влагаше сестра да ја провери, особено додека не беше станата уште. Немој да мислиш дека ако си царски ќе ти треба некој свој да биде до тебе за да можеш да се снајдеш. А од аспект посета, таман работа на сите 4 што бевме таму да ни влезеше по некој. Замисли 4 жени со се извадено на изволте, да пробаш да се свртиш во кревет газот ти се гледа, и за сите по 1-2 гости да имаа, па 8 луѓе да ме гледаат во најлошата физичка состојба што сум била, да ми е незгодно да се поднаместам како лежам. Си има сестри, болничари, ниедна од нас не остана неуслужена, незгрижена, ниедно бебе не остана да плаче зошто немаше кој да го земе.
Е на ГАК не е така во тие три дена што лежев со се патолошка една сестра не дојде да не види. И ќе се борам за посета ќе си платам и апартман да дојде некој да ми помогне до вц да ме стане зошто и за тоа не доаѓаа туку се смилостави една чистачка да ме дигне првиоот пат и да ме избања. Ги молев за инфузија не доаѓаа, извршив нужда на спаваќата од што толку ми беше лошо дехидрирана цимерката трчаше бараше сестри само и подадоа друга спаваќа и толку нити дојдоа да ме видат ни ништо