Сестрата ми рече да го земам што ме качуваше горе она и ме сликаше на пораѓајот со детето. После додека седев на бокс со саати си седев на телефон зошто ме оставија сама нормално.
На скоро сите што беа со мене, не им се дозволи телефон, не знам како тебе сама ти рекла сестрата, ама не е ни важно, треба баш да се одмориш тогаш, седиш горе да видат до каде е процесот, дали си добро, да не ме ти океј, не може цело време да има некој тука. Не е ни битно во секој случај, тогаш името со го заборавив а не па да куцкам на моб.
Мојот телефон цело време беше во родилна сала и сестрата ме изнасликаа со бебето. Кога завршија со шиењето, ми го дадоа мене. Си зборев со сопругот, со моите, со другарките, слики им праќав. Не гледам ништо заморно во тоа, баш убаво ми беше.
Исто. Дури замолив за натопена газа со вода, бидејќи бев прежедна. Они ми рекоа вода ќе ти дадеме, ама по мали голтки земи само. Два саати на бокс после пораѓај, ќе збеснев од досада, ако немав телефон. Си ја гледав на сликите, со мм, моите се слушнав.
и мене откако се породив и земав здив и дојдов при себе на една сестра и реков може од ташната да ми го дадеш телефонот да се јавам, и жената отвори и ми го подаде телефонот, не направи никаков проблем
Кога ве примаат во родилна сала одите со торбата, ве легнуваат на кревет и ве враќаат на истиот назад после породување што викате дека торбата е до вас? Мене ми се ближи денот па имам милион прашања.
Ме примија доле на цтг прво и торбата со мене беше. Дојде специјализантка беше мислам, ме зема горе и ми ја носеше торбицата. Додека лежев на цтг горе, торбата до мене си беше. За на бокс кога отидов, исто ја земаа торбицата и си беше со мене цело време. На Гак секој бокс е како засебна соба да ја кажам. После кога ме носеа накај соба, исто торбицата со мене. Ми ја сместија во шкаф, извадија полначот ми го наместија. Што те интересира слободно да си прашаш.
Немам лош збор за ниту една од тие што работат во родилна и предродилна, баш како човек те третираат, се ти помагаат.. Ама за тие од патолошка и после во собите страшна работа...
Ако те примат прво на патолошка, ти останува таму торбата, зошто ако си, да речеме 4цм отворена, не примаат во пред родилна, торбата останува на патолошка, па ти ја носат откако ќе се породиш после. Мене одма ми ја донесоа штом се породив, жива ненаспана бев и преморена, лежев на бокс и ме преместија во предродилна, ми го стискаа стомакот, нешо ми правеа не знам ни јас што, ама докторот не сакаше да ме пушти одма горе да одам во соба, па околу 2 часа бев во пред родилна откако се породив, ми ставија газа на уста и вода со цефка ми даваа, мн. задоволна сум од докторите, и сестрите (освен тие на патолошка), сите се однесуваа човечки и коректно, ме покрија и со ќебе во пред родилна, зошто се тресев и мн. ми беше ладно, не да гледам телефон... ни докторот пред мене не го гледав, сакав само да спијам и одморам!
Со приемен ден на договорен плус 4 ноки, ама ако е се во ред и за 3 ноки пуштаат, како што може и да те задржат плус. Што се однесува до телефон, не ти треба ако си саат два во родилна, ама ако си како мене 13 саати итекако ти треба. Пукнав од досада. Немав постојано болки, ама не ме пуштаа на патолошка зошто бев со одлепена плацента веќе и пукнат водењак, со прв царски и не се отварав никако. Пукнав од досада. Кога ќе ме фатеа болките веќе друго беше, ништо не ми требаше, ама тоа беше еднаш во саат ме фаќаа на 4-5мин едно 3-4 во интервал и после малку раат.
Патолошка незнам. А во собите имаше само една неебана изгледа беше. Ама и со неа најдов начин да комуницирам и фина беше после тоа. Два дена беа во прашање, па многу очекувања немав искрено. Во глобала, супер поминав.
Не знам дали збориш за ГАК или за Чаир... Мене сестрата кога ме качуваше на Гак од патолошка во предродилна она ми ја носеше торбата и како што кажаа и другите членки и во родилна сала беше со мене торбата кај и да идев ја влечеа торбата по мене. На крај кога ме пренесуваа во собите на креветот како лежев така ми ја ставија торбата кај нозете и ме сместија
И мене ми ја носеа исто, ама на Патолошка ме примија и таму си остана кога ме качија во пред родилна. После ми ја донесоа кога ме сместија во соба, секако се си беше на свое место, никој ништо не чепка.
Мене на патолошка и добри ми се погодија ама тие после катастрофа... и викенд ме фати и летни одмори, персонал немаше доволно. Исто и кај бебињата тие беа дрски
Да. Ама не даваат на секоја. Зависи како ќе дојдеш. Ако дојдеш отворена доволно спремна за на бокс не даваат. Иначе да, почнати се.
Златна се зависи од ситуацијата. Со мене што се породи жената ист ден и природно излезе заедно со мене, значи лежеше 5 ноќи сосе првата во предродилна, а природно ги пуштаа и за 24 саата, значи зависи каква ќе ти биде ситуацијата, кај нејзе бебето имаше инфекција на очи. Имаше царски што беше веќе 10ти ден со мене во соба, на 10тиот ден ја пуштија, бебињата не напредуваа убаво. Цимерката царски што дојде дента, ја породија и тоа и беше нели прв ден, ја пуштиле на четвртиот, значи 3 ноќи.