Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    4.966
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Ме интересираше по протокол како е. Инаку знам дека може да ме држат повеќе. Ме интересираше колку е минимум.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.550
    Допаѓања:
    113.161
    Пол:
    Женски
    4 дена е минимум од породување, така ми кажаа мене кога се породив, бебе да фати цицка, да отидеш во вц да видат дека работат цревата и ехо да направат да видат дали е се во ред. Толку бев и јас.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    2.647
    Пол:
    Женски
    Сега ја најдов сликава од доручекот во државна. Не ми се верува. Ни дадоа вакво лепче и шоља чај.Исто беше и наредните денови, тогаш ми носеа од дома..
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1337.png
      IMG_1337.png
      Големина на фајлот:
      1,2 MB
      Прегледи:
      113
  4. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Да. Исто беше и пред скоро 4 години ништо не јадев може и затоа ми се слоши мене не ни ми носеа јадење не дозволуваа само кроасани и сокови
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.550
    Допаѓања:
    113.161
    Пол:
    Женски
    Ова и не е така лошо, да знаеш каква глупост јас имав за вечера на 31ви декември додека они парадираа со кифли, руска и ордевери во тањири. Мртва гладна бев.
    20221231_174021.jpg
     
    На Mumoftwo30 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  6. ORNEL

    ORNEL Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2025
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Мене ми е прво, 35та недела дтасав па планирам на ГАК.
    Сакав да прашам што носите во торбата за породување?
     
  7. hannybanny

    hannybanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Имаат закачено лист на врата мислам пишуваше папучи, тоалетна хартија, улошки памук и памперс.
    Јас ставив пешкир за бањање и лице, влажни обични, влажни антибактериски, папучи пластични за бањање и собни, четка за заби, паста, чешел, тоалетна, лабело и за бебето памперс и влажни уште не знам дали треба и нешто за мачкање. Друго не планирам да ставам ако нешто треба ќе ми донесат, на секои 2 саати качуваат горе што ќе ти донесат од дома. И за храна ми рекоа може да ми донесат.
     
  8. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    уште да не може за храна :D ќе умреме од глад таму :rofl:
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ORNEL

    ORNEL Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2025
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас сум 35та недела, матичниот ми кажа сега веќе дека треба да се договорам со докторот со кој планирам да ме породува. Според ситуација засега спонтано има шанси.
    За тие што планирате спонтано породување на ГАК, се договарате со доктор или кој ќе се најде на смена?
     
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    2.647
    Пол:
    Женски
    Кој ќе ти се падне тој ќе те пораѓа. Ептен ако не фаќаш врски и ако не се знаеш со некој доктор па ептен да дојде за тебе ако не е на смена.
     
    На Anie93 и ORNEL им се допаѓа ова.
  11. ORNEL

    ORNEL Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2025
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Kako si ti? Se porodi li?
     
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    2.647
    Пол:
    Женски
    супер,еве 2 ипол месеци е бебка :D:l:
     
    На ORNEL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Delnata

    Delnata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Здраво друштво, сакам да ве прашам, во која недела закажавте царски(за тие во чаир што се породиле). Дали доаѓаат да го земат бебето ако сте уморни или не ви е добро. Дали може да се избере помеѓу апартман со 1 или 2 кревети и која е актуалната цена за апартман од вечер, и колку се става во плик за докторот што те оперирал? Одприлика?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.550
    Допаѓања:
    113.161
    Пол:
    Женски
    Прво за закажување не знам, тоа не сум закажувала. Второ бебињата првите денови ги зимаат, мене само последната вечер ми го оставија. Трето апартман мислам беше во Чаир со 1 кревет, не беше со 2, имаше соби со 2 кревети кои беа претежно царски, одма до апартманот и беа малце поубаво средени од обичните соби, јас се паднав во таква случајно. Цена некој рече поскапени се 100е. И на крај за плик, кој ви кажал дека плик треба? Ништо нит дадов нит почастив, една бомбоњера и ајт на здравје. Какви пликови какви бакрачи? Свесни ли сте дека и докторот ама и вие може да одговарате за мито. Мене јасно ми е дека тоа е практика кај нас, не сум од марс падната, ама ланецот некаде мора да прекине. Престанете да давате пликови веќе. Почасти го, купи му подарок некој ако сакаш од благодарност, јас на девојката во банка што ми заврши работа и купив кафе и чоколадо, а не па за дете, редовно им купувам и на матичните благичко и ситници, ама како благодарност, а не пари. Имам 38 години, 2 деца родено царски, неколку интервенции и амбулантски лекувања, досега немам дадено ништо повеќе од 200 грама кафе и благичко за благодарност и тоа таму кога ќе отидам веќе на контрола.
     
    На Cherry333 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  15. Pisoi23

    Pisoi23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво,имам читано постари коментари, но ме интересира некоја што се породила скоро на ГАК, како оди процедурата за апартмани?
    И дали навистина дозволуваат посети само ако си платиш апартман? Колку време во денот е со тебе бебето? Дали има некој што ти помага за доење и слично....
     
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    За апартмани незнам. Знам дека ако имаш врска и во обична соба , ќе ти дојде посета.

    А за бебето. Цел ден е со тебе. Мене ми ја донесоа ептен брзо откако ме донесоа во соба. И до кај 22ч е со тебе бебе. И сабајле рано рано ги носат пак.
     
    На Pisoi23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    7.872
    Пол:
    Женски
    Имам пишано јас, породена пред месец и нешто. 50 еур за да делиш соба, 100 за сама во апартман од ноќ. Да, може посета цел ден да ти седи во апартман ако сакаш. Во обична соба, јас имам блиски што работат во клиника, вистина е дека успеваа да влезат да ме видат, ама на кратко само, далеку е тоа од посета. Имаше во апартмани кога бев јас, сопругот цело време дремеше во соба кај родилка, за со царски ако си реално си треба помош првиот ден, ама не е дека нема да преживееш без апартман. Бебето со тебе е од црни мугри 6ч до вечер до 11. Царски те штедат додека станеш, 24ч не е со тебе бебето, после кој те врти. За доење никаква помош двата пати, вториов пат имав камења од гради а млеко не излага, ме гледаа дека ќе фатам маститис ако продолжам така и ги заболе искрено. Ако се најде некоја сестра среќа да имаш да ти помогне, инаку очекувај само коментари мајка мора да доиш и толку. А мајки што имаат мака со доењето, пошто не е толку едноставно за некои, да го слушаат тоа, е последното што им треба. И така, акушерија е општ хаос, имам многу причи од таму. Само моли бога да биде све во ред и порано да си одиш од таму.
     
    На mama11 и Peperutce6 им се допаѓа ова.