Meне во Чаир со слабо крварење, едвај кафено малце ме задржаа. Рекоа почнала да се одлепува плацентата и тоа е тоа. Се породив за 12 часа.
Дали може некоја тазе породена мајка да пише што навистина е потребно за на ГАК? Имав долг список а ми стигна слика од другарка што имаат залепено.. памперс од дома нели треба да имаме? И павловичева? Исто така дали треба инфективниот скрининг и резултати од подледни микробрисеви?
Јас се породив пред два ипол месеца. Ми бараа крвна група и усно ме прашаа за папа и брисеви. Слушав дека им кажуваа од дома да си донесат чепче за прочистување. Тоалетна хартија , влошки , папучи , прибор за јадење ( знаат да немаат) . Пешкири и лична хигиена, вода. Памперс ќе ти донесат и се друго што ти треба нормално доколку имаш потреба.
Има некоја инфо за Чаир? Пред три ипол години носев и спавачи и купки и мрежести и пумпа и такви пелени за еднократна за на кревет итн ништо не ми вратија
Си носиш мрежести гаќи и влошки, пуњач, прибор за лична хигиена, јас си носев пешкири и навлака иако тој за коса не го употребив, немаше баш топла вода, за тело ќе пројде, коса не мијам со таква. Спавачи даваат они, носи си влечки и сега дека е поладно ако сакаш нешто за над спавача да си облечеш, мене не ми беше потребно, собите беа топли, ни ќебето не го користев. Се породив почеток на Октомври. Подлоги си носев ама немаше потреба. За бебе носиш само пелени, ништо друго.
Значи секој различно прави, мене ми бараа и влажни и пелени за пресоблекување со првото, исто во Чаир, сега ќе видиме како ќе биде.
2 пати породена во Чаир, вториот пат во август, топла вода нема Јас имав: - влошки, Вир беа одлични, ама вториов пат не можев да најдам - Средства за лична хигиена - полнач - мрежести гаќи - тоалетна хартија - крема за брадавици (првиот пат кога доев на почетокот ми се разранија, вториот пат не) - грицки можеш, а може и откако ќе се породиш да ти пратат твоите - пешкири. Пумпа не носи, имаат таму. Ако ти земаат нешто, побарај си го пред да одиш. За бебе: - Пелени (не мора цело пакување) - влажни (во соба некогаш кога ги преслекуваат) - крема за пеленска регија (понекогаш бараа) Облека за бебе и за тебе, ќе ти донесе сопругот на денот на излегување.
Првиот пораѓај ги премолев за пумпа и на крај ми дадоа една и ми рекоа да знаеш оваа не е баш стерилна, а и јас Јули раѓав и немаше баш топла вода- ХАОС така да сега сигурно нема без неа да одам
Уфф, дека на една пациентка и рекоа зошто си носела, имаме ние. Епа земај си тогаш, ама сепак и твојата ќе треба да се стерилизира таму.
Јас лично не, ама гледав како се однесува со цимерката што се породи со царски и имаше болки, толку и се посветуваше, доаѓаше често да ја праша како се чувствува, и објаснуваше, културен, алал да му е. Ете некоја членка ако имала искуство ќе ти каже.
Ќе си ја стерилизирам од дома и ќе си ја спакувам во фолија, таму ако треба да молам за тоа налет. Иако морам да признаам изненадена сум од тоа колку се љубезни моментално кога одам на прегледи