[ Удрена скроз вика станувајте двете да средам кревет и јас неможам да станам раната отворена... во 5 дена не смени ни чаршав ни ништо а со отворена рана бев и јас додека се свртам да пробам да станам ај седи вика неможам да те чекам арен ти е креветот .. и ќе ми го здипли ќебето доле во нозе, неможам да го земам да се покријам а ми студеше гола со крената спаваќа ради раната . Ја пцуев кога ќе дојдеше наутро а што викаш визита во 9. Немаше сестра, живо пиле да прелета, па ме фати продолжен викенд. Ги молев да ме однесат со количка до неонатологија кај бебето а на ист спрат преку една врата и ќе ми речат ако најдам количка. И во 5 попладне после неколку пати потсетување доаѓаа со една количка никаква без гуми, ниска нозете немаше кај да ги подигнеш. Катастрофа... да не се потсетувам. Си потпишав си заминав на своја рака. Да знаев и побрзо тоа ќе направев чим заврши антибиотикот на трет ден. Душа беше таа Данче храна што носеше плавата, женичка кафе ми правеше, таа ги викаше сестрите да ме однесат на неонатологија. Ме научи на Пин дека лежев долго. Таа ми се наоѓаше многу.
Ke moze li nekoja mamicka sto se ima porodeno na GAK pozitivna na GBS da spodeli iskustvo, blagodaram .
Мене таа ми се падна да ме стане. Можеш да замислиш колку сигурно се осеќав. Боже прости ми кога ја погледнав во очи ми се сврте ќе се онесвестев. После пак проба да ме стане со муабетот ајде морам да те станам доста чекање и пак не можев . После дојде понормална особа и станав. Има и меѓу нив фини, ама имаше мајки што чекаа за на интензивна додека бев таму, само ги мафтаа, не сега не после, како да е ништо мајкава што не си го видела бебето 3 дена
ГАК 50 евра да делиш со друга 100 евра да бидеш сама. Може посета цел ден да ти помага од 10 сабајле мислам беше до 8 вечер.
Посети не беа дозволени. Доле се оставаше на влезот кај обезбедување торба или ќеса и тој качуваше со име презиме, број на соба. Ние бевме у двособна ама немаше посети.
Епа не си била во апартман ваљда. И јас исто така бев двата пати, во двокреветна соба, бесплатно исто. Собите за "апартман" се истите, само посета што е дозволена е разликата за која плаќаш.
Ахам не сум знаела дека е така. Никој не ми ни кажал, секако не би сакала да сум со некого во апартман и нејзиниот партнер или блиски да се тука цел ден, ти ја нарушува приватноста (сепак шеташ по спаваќици, крвариш итн). Треба да си напраат само за по 1 во апартман и така е разбирливо.
Aко си била царски си била во собите со по 2 што се, јас бев во таква, не е апартман туку е само за со 2 соба и е каде каде поудобно од собите со по 6-7 што беа од карши. Таму не се плаќа ништо.
За на Гак збори членката. Таму сите соби се по две. Разлика со апартман е што е дозволена посета и имаат фрижидер плус мислам.
Здраво женски ,терминот ми е наскоро а торбата сеуште не ми е спремна.Здравје ,ќе се пораѓам во Чаир . Сакам да ве прашам што спакувавте вие кога се пораѓавте ?
Наназад читам неколку членки спомнуваат за вежби за пораѓај. Може да ми кажете каде се тие вежби? Приватно или во државна?
Пешкири, влажни и за тебе и за бебе, за бебе плус уште пелени и крема за газе. Полнач, книга ако читаш да не ти е досадно, слушалки, воглавно тоа ти треба за да не ти е досадно особено ако си царски 4 дена ќе седиш. Лична хигиена, што си користиш ќе си земеш, четка, паста, креми, гелови за миење и не заборавај чешел, од лично искуство ти кажувам. Земи си нешто за грицкање, соленки, плазма, бејкролс, некои чоколатца ама не со полнење или со јатки, обична млечна или темна чоколада. Земи си води, сокови бистри и ладни чаеви. Со лесно.