Влошките ги заборавив, требаат да, а спаваќи и шпихозни не, спаваќи има и тоа многу убави, а шпихозни не требаат зошто ги повиткуваат.
После царски на Гак, дали бевте цели 24 саати одвоени од бебето? Го видовте еднаш при породување и наредно тек после 24? Негде така ко да прочитав
Мислам дека ми го донесоа да го видам вечерта кога ме сместија во соба. Ако сакаш побарај, сигурно ќе ти го донесат да го видиш само сестрите. Ама ти ќе лежиш секако. Утредента ќе ти го донесат и не го земаат до вечер ако е се ок со бебето, не се секирај
Додека не извадат катетер не ги носеа, јас април се породив, моето беше на интензивна ама од цимерката и го донесоа кога извадија катетер, значи 24ч од царски. А и не си функционален, болки, замор, без храна. Така да мислам ќе гледаш само да се наспиеш. И на цимерката и го носеа од 6 сабајлето до 11 вечерта. Таа неможеше да стане тоа плаче.
Во систина одма ги носат чим те префрлат од интензивна во апартман и си бараш да го земат, да го донесат, они го пресоблакаат и се останато, на тебе е да се галите и доите, ама друг е пристапот на Гак очигледно
На Гак нема сестра да дојде во соба, да викаш цел ден, да не те фати викенд или продолжен уште полошо. Така да тоа е. На првата цимерка и беа тврди градите и не и носеа млеко за бебето,да почнело да цица, тоа плаче она неможеше да го намести и не фаќаше никако. Хаос жив. Вика, вика нема сестра да дојде да му даде млеко еден шприц.
Мене ми доаѓаат со затнати канали ми ги гледаат градите камења, прават фаца демек тешко тебе и толку. Мајка да доиш само. И ми викаат масажа со топла вода, таму топла вода ни за лек. Среќа што таму не фатив маститис, ќе полудев последниот ден од што не можев да си ги испразнам градите, ни со пумпа не искачаше ништо
Исто на девојкава со мене, и ајде јас од едната сестра кога дојде на смена што ја знаев ја замоливме и загреа вода во шише и донесе да се масира, јас имав термофорчиња и џабе.И пумпа имаше и таа ништо. Гревови бебето се откорна.
А јас им викав да го хранат цело време, не го оставив така. На тие гради и да сакаа да ми помогнат да го наместам немаше шанса да фати. Ама за тоа се катастрофа акушерија, секаде исполепени кампањи за доење, а никаква реална поддршка.
Zenski za brzo ke se operiram od miom..moze li da mi kazete osven potrebnite ispituvanjs denta sto treba da nosam...pizami..spavahkja ili se e obezbedeno..fala
Крвна група од трансфузиологија, обично не даваат на интензивна да носиш свои алишта или чаршав тоа, после во соба јас носев своја спаваќа, ради раната од царски не ми беше сошиена добро па ради инфекции, ми носеа од дома секој ден нова спаваќа. Земи си од тие за пресоблекување подлоги што се. На креветите има како кожни едни парчиња на чаршафот ставени баш кај карлицата тука и над него парче чаршав, за кога крвари да не се прави душек и голем чаршав. И непријатно е тоа мрда не е фиксирано, чаршавот мал се собира. Јас од мн лежење на Пин, кога се породив тоа го тргав кожното под душек и такви си ставав подлоги за еднократна употреба под мене и ги менував.
Во Чаир не беше парче чаршав, баш нормално беше, цел душек покриен. Ниеднаш не ми се тргна. Како и за секое болничко лекување, лична хигиена, пешкир, влажни, вода, бистри сокови и сува храна. Плус се разбира полнач, книга, таблет, слушалки... што користите за пополнување на време.
Koga si so elektiven carski rez vo cahir dali dozvoluvaat suprugot da ti bide prisuten ? Koga se poragjav vo stranstvo mi dozvolija sega sum preplashena deka sama nema da mozam da izdrzam vo sala
Не знам каков е тој елективен, ама не, нема присуство на сопруг освен ако не имаш некој во болницата, познавам жена чив сопруг му беше дозволено ама не сакаше да оди.
Да, дозволено е. Јас кај Органџиски се породив, уште чистачката што не го праша мм дали ќе присуствува. Без врски.
Штотуку гледав сториња од познаничка по повод прв роденден на детето и споделрно имаше стори од маж и дека присуствувал на пораѓајот, па стори кога излагале од болница и баш се сликани на ГАК (во позадина се гледа и шалтер и натписите од оддели), така да, веројатно кој има ептен дебели врски, може и маж да си донесе во родилна сала на државниве клиники, очигледно.