Sekoj so razlicno iskustvo I tamu I tamu ima dobri doktori.Jas sum zadovolna od Gak dva pati so carski sum.A doctor prepeoracuvam Kocovski,Kaev,Vesna I mnogu drugi ima stvarno dosta.Poz I so lesno
Здраво, кој ви ја води бременостана ГАК? Мене ми кажаа дека не може да се води таму можело само испитувањата да ги правиш таму…
Здраво на сите. Некоја што скоро се пораѓала на ГАК да сподели искуство, што се е потребно кога те примаат во болница да имаш со себе и за бебето како и дали по породувањето сега е дозволено посета само од таткото пример во одреден период во денот дал во соба или сеедно каков е протоколот? Благодарам.
Нема посети, не се дозволени. Полњач, папучки, влошки, вода, тоалетна, пелени за бебето, пешкир земи си за од кога ќе се измиеш, се останато можат да ти донесат твоите.
Не е многу скоро ама ми фалеше некој да ми каже да ставам нешто за јадење. Изгладнев. Кроасан немам поим нешто затворено ама обавезно стави си. Се породив во 13 дури во скоро 18ч ме ставија во соба ми дадоа нивна ,,вечера" кифла од два залака со виршла мислам беше. И вода или пластична чаша за од чешма да се напиеш. Јас мојата во кола си ја заборавив абе и гладна и жедна па кога ми се слоши Среќа една сестра 1.5 л вода ми остави ,ама за жал не ја најдов да и се заблагодарам.
Јас се породив пред две недели. За себе понеси си влечки, влошки, марамици, тоалет, полнач, евентуално некоја тенка блуза ако ти биде ладно врз соаваќата да облечеш, чорапи За јадење како што ти пишаа понеси си нешто бидејќи таму јадењето е за никаде и малку, вода или сок, пластични чаши... Посети нема а може да ти донесат твоите, качуваат горе..
Кога е дозволено сопругот да го види бебето на ГАК? Читав негде дека дозволуваат во некои случаи да влезе дали е со врски или не не знам
Маж ми ја виде 20 мин после пораѓај. Другарка се породи скоро, наредниот ден ( она беше и во апартман). Друга исто маж и влезе. На друга цела фамилија и дојде еден по еден. На роднина на мм и мажот беше присутен на пораѓај. Некои од овие погоре и немаа врски никакви. На колешка ќерка и скоро се породи и отидоа со зетов и обезбедувањето им рекло ќе ве пуштат, ама подобро не влагајте, баш сега има премногу вируси( ова пред точно 2 месеца беше).
Никако не е, јас кога бев не беше и уште не е, но @BellaBibi има поинакво искуство, значи ете и со врски можело.
Да кажам дека мм не влезе, туку ја извадија пред делот каде што се боксовите, во ходникот на врата само за да ја види. А другиве и слики имаат со татково внатре.
Стварно не ми е јасно како за некој е опасно, а за тие со врски не е опасно по бебето... За пуштањето внатре ми е.
Јас кога бев, влезе една, претпоставувам мајка на женава што беше породена, со огрооооомен букет, балони. Кога и се стрча една сестра, кога почна да се дере. Одма ја извади и знам дека за цвеќето и искоментира, дека кај штотуку родено бебе , полен не се внесува. За мене ти што бркаат врски и се упорни да влезе таткото внатре, да си чукнат главата дека може да пренесе нешто на бебето, па проблем од ништо да направат. Мислиш 3 години се внатре, а не три денА. Ни толку не бев природно.
Не е дозволено никако. Можеби еве со врски или ептен ако некоја од сестрите дозволи незнам... Како и да е два до три дена си таму, јас сум задоволна од доктор Иво Ќаев и акушерките што ме породуваа на ГАК, ми го дадоа бебето одма пред да ја исечат папочната врвца за разлика од Чаир каде одма го зедоа, сестрата одма ми го даде телефонот да се јавам дома и додека лежев на бокс ми го даде бебето да го покажам на ќерка ми дома, ми помогнаа за станување од кревет и туширање, ми отвори за јадење, доаѓаа да проверат дали сум добро, дали имам болки....
Девојки здраво. Бев на прв ЦТГ во Чаир со упат кај Мујовиќ ама не беше докторот тука па ме прегледа Јасмина. Ме препраќа кај доктори од фетален скрининг. Дали некоја од вас знае кој доктор е таму? Од ваши искуства барав да сум кај Илиевски или Мујовиќ. Совет ве молам