Јас се породив на ГАК пред година ипол , долго бев доле патолошка бременост.. Ми пуштаа посети , си имав мои пижами, спавачи не правеа проблем . Кога се породив одма штом се разбудив го побарав моб да му кажам на мм дека сум ок да не ме мисли зошто беше критично , а наеднаш ме однесоа во операциона. Ми дозволија да зборам , после остана кај мене , ми ги качија и работите . Чисто е за разлика од др. болници , немав проблем со персоналот , а ме породи Самарџиски
Ти благодарам многу што сподели. Ми требаше нечие вакво искуство во вакви моменти. Ти благодарам многу. Едвај чекам да посака да излезе моево.
Море какви сили ке ти дојдат тогаш. 8 дена чекав со душа да му текне да искочи, тие 8 дена не ни спиев ноќе... тој ден станата бев од 7 сабајле, на нозе цел ден.. вечерта во 21ч почнаа болките, а се породив во 06:00 сабајле, цела ноќ будна.. тоа ти е скоро 24ч будна, нејадена од 4 поручекта, со два, три напона се породив Знам дека те фаќа нервоза, ме фати имене чекајки 8 дена, Фемина ја полудев веќе.. сите мешиња ме претркаа хахаха и само викав ама што чека моево бебче еве @Jagoda123 второто, девојче мислам го надноси 10 дена, не се грижи... не се знае кога точно се зачнало бебето, кога точно биле плодните денови, еве мене ради таа причина овој пат од старт ми ставаат +7дена, да не се нервирам на крај
@mariz се мислев и да поставам прашање дали ако сум многу гладна и ме фатат наеднаш болки на 5-10 минути прво да јадам или директно во болница Многу е за никаде да се надмине термин, толку се чувствував спремна, а сега, ама ете викаат кога најмалку очекуваш, јас веќе секаква надеж изгубив, а само трет ден надминат термин, до дестина дена има време и време, мислам цела бременост ми траеше пократко од ова надносување. И многу ми е досадно утре мм слободен сакам да шетаме па се прашувам дали ако ми пукне водењакот сред улица случајно ќе приметат сите? Дома може само да збудалам. И цело време се воздржувам да не пишам нешто на фемина да не претерувам, од утре во тетратка ќе си ја олеснувам душата за да не бидам досадна...
Пиши ми мене, олесни се.. остај молив или пенкало рака ке те боли Што си се засекирала за водењакот, па и да пукне пред луѓе што има врска, правец во кола и во Чаир Јас работев во еден кафич порано, сама скроз на смена и шанкер и келнер и на една женичка и пукна во веце... си отидоа со брзина на светлината, мажот ми ги плати пијачките кои ги спремив за нив и рече почасти си се ти (топло чоколадо и некој сок памтам) Викам што бидна со луѓево... кога одам накај веце стапалки... во веце пред шоља лигава вода Пиши ми кога и да ти е тешко, ти викам без грижи како и да е веќе наредна недела ке си со бебенце, замисли го тоа само
Читајки ја сега @gjoker4e исто ко да ја читам @mariz пред две години Се секаваш мариз? Исто беше,абе ајде што чека моево бебе, леле нервоза ме фака,на психа ми мава. А јас чекав да ми дојде време и си викав леле вака ли ке биде . Иначе јас до последен ден одев на работа,и тоа со автобус секој ден. Во 40 недела горе се качував,за дан не ме буткаат пензионерите доле. Ме зезаа што ке правам ако ми пукне водењакот пред народ. Викам па ке се качам во такси и право во чаир. Аха ми викаа ке те качи таксист колата да му ја упропастиш. и еден таксист го прашав, тој вика ја би те качил, па нема да те оставам. И сега исто планирам да работам до крај. Инаку би се швркнала дома.
Точно знам како ти е. Јас 10 дена по термин ја родив ќерка ми. Тие денови нервно многу попуштив. Плачев, дури и црни мисли ми се мотаа во глава. Ужас! Отидов во болница, имав закажан индуциран пораѓај, но веќе сум тргнала природно да раѓам. 4 прсти отворена ме задржаа. Болки немав никакви, значи никакви. Се додека да се отворам 8 прсти јас ништо не чувствував. Потоа ми го пукнаа водењакот, настапија болките и си се породив. Многу брзо и многу лесно. Водењак не знам како изгледа сам од себе да пукне. Во двете бремености за време на породувањето ми го пукнаа. Вториот пат неколку дена претходно по малку протекуваше, јас забележував мокри гаќички, но очекував локва па не оддавав значење. Во болница ме прашаа дали имав приметено мокри гаќички, бидејќи веќе плодовата вода беше намалена, па укопчав дека всушност тоа мокро што го приметував била плодовата вода. Инаку мрзата моја го дочека дедо и во стомак кај мама (татко ми живее во странство) во стомак и го испрати назад. Човекот дојде тука за моето породување, а јас се породив тој ден кога си замина. Си смени хороскопски знак. Беше очекувана вага, се роди скорпија. И кога договоривме индуциран пораѓај, реши најприродно да си излезе. Мајтап си се изнаигра! Обиди се колку можеш да си посмирена. Мисли позитивно и нека ти е со лесно. Ти посакувам пораѓај брз и лесен како мојот. Со среќа! Кога се ќе заврши, на ова исчекување со смеење ќе се потсетуваш.
Леле @irena.1 многу досаѓав тогаш, дури една членка од кога се породив ми го плеснa тоа дека сум била досадна ама што да правам, тоа е посилно од мене... башка испратив и пред мене и после на пораѓај членки, може едно 6,7 инаку и мојов мајтап си играше или мене од паника ме фатија болки. Мене ме задржаа во 18ч во Чаир на патолошка да лежам за нареден ден, сабајле да пробаат со провокации да раѓам арно ама синко ги зафркна сите и во 21ч по 3 саати лежење на патолошка јас добив дирекно болки на 4мин. И јас незнам што е пукање на водењак, ми го пукнаа случајно при проверка со рака дали сум отворена а сега за наредно ке гледам да доседам дома и да чекам болки не се давам така лесно, башка некако поактивна сум, нема ваљда пак 30 кила да качам па се надевам и полесно да поминам. Само здрави и живи да сме, болките се забораваат!
Мешиња , решив да се пораѓам во Чаир , матичната моја ми го препорача д-р Зоран Илиевски . Некоја искуство со истиот?
Супер е . Нема да се покеаш ако го избереш. Не сум се породувала кај него, но ме правеше операција. Подобар доктор немам сретнато. Дај боже да дојдам еден ден до пораѓање, не би го сменила ни за десет доктори од приватниве.
Имав можност да го запознаам докторов и можам да ти кажам дека е супер еве јас бев таму кај друг доктор и не бев задоволна еве тука на сајтот на болницата можес да го видиш докторот и да прочиташ за него. Поздрав и со лесно gynobs-cair.org.mk/gyn/mk/персонал/
Мамички што сте се породиле во Чаир , може ли да ми кажете колку комплети за бебе треба , додека сме таму?
Облека за бебето не ти треба, ги повиваат бебињата во тетра пелена, летните ги облакаат во шпихозни ама во нивни. Комплет ти треба тек кога ке ве испуштаат, маж ти ке донесе за да го облечете за одење за домче
Ејј не сум знаела , мислев во сите државни болници е исто како во онаа што е во мојот град. Во мојот град во болницата ти си носиш алишта за бебе. Ти благодарам.
Не не, не треба ни за бебе, ни за тебе. Тек за излагање облека за тебе и за бебето ке ти донесе некој Пелени, влажни и павловичева ти треба за бебчето само.
Јас одев кај него на прегледи пред пораѓај и можам да кажам само пофални зборови. Млад доктор е, може нема толку искуство, ама е многу внимателен и посветен. Кога отидов да се пораѓам тој беше таму, ме прими, ме прегледа, но смената му завршуваше и мораше да си оди. Ме остави на Младен Ристевски кој исто читам дека многу го фалат, но јас дали дека не бев негова пациентка не ми обрати многу внимание. Ме остави 2 часа да лежам на бокс без да намине да ме погледне. Како и да е супер штом си се одлучила за Чаир, јас од таму имам ептен позитивно искуство
без разлика дали си негов пациент или не тој со сите етаков јас кај него бев со врски па ме упропасти на крајот
Извини, жал ми е што ти се случило ама не мора во секоја тема да ги плашиш жените во врска со докторот или клиниката сеедно. Еве некоја може оди кај тој доктор од кој ти имаш лошо искуство, но не значи дека на секоја тоа ќе и се случи. Извини но така е. Не треба да се плаши жената пред пораѓај особено.
Не ја знам приказната, но жал ми е што си имала негативно искуство. Имам прочитано многу позитивни мислења за него, претпоставувам дека се од негови пациенти, многу го фалат, така да не би рекла дека е лош доктор, само ете дека не ми обрати многу внимание. Зоран додека бев уште во предродилна на секои 15 мин доаѓаше да ме види, Младен 2 саата откако ме качија на бокс не се појави. Сепак пак ќе кажам, не би го нарекла лош доктор и не гледам причина за некоја жена да не се пораѓа кај него.