Здраво на сите, дали има некој искуство со др.Методи Трајчевски во Чаир? Размислувам таму да се пораѓам и би била со царски, па секое искуство е добредојдено. И по претходните коментари, бебето не е со тебе навечер за спиење, така?
Бегај од Чаир. Докторот не го знам. А бебето денски со мене, јас со инфузија во рака, не можам да мрднам, тоа се корне плаче. 5 саати со мене гладен, немав млеко, викав по неонатолошките сестри, младо девојче една ми вика нахранети се сите. После пак ќе ги хранеле. Па не даваат никакви информации. На албански меѓу нив си кажуваат нешто за бебето, за мене. Прашувам, ми викаат ќе следеле само. Цимерката албанка потоа ми преведуваше, ама не е во ред. Некогаш и навечер ги носат. Мене се молев да не ми го оставаат. Џабе, во 5 пак кај мене.
Здраво би сакала да прашам дали знаете кои доктори прегледуваат во Чаир, во среда и четврток И дали може воопшто да ме прегледа друг доктор, но претходно ме има прегледано друг и сум со извештај на кој пишува контрола за 7 дена, а моментално докторката што ме прегледуваше не е во мкд
Може било кој доктор да те прегледа, не може да чекаш ти од одмор да се врати твојот др, може 3 месеци нема да е тука.
Мене ми го носеа и навечер, само што мене не ми сметаше тоа баш напротив. Имаат шема по која ги хранат мислам на 3 4 саати им е, и ако сакаш да го доиш ти го носат претходно. Ако сакаш да поспиеш или одмориш им кажуваш и го земаат цело време мене за ништо не ми направија проблем имам само позитивно искуство од чаир еве и второто здравје планирам таму да го родам.
Можеш кај било кој, јас намерно одев секој преглед кај различен затоа што не бев договорена со никој за пораѓај па целта ми беше да ги запознаам повеќето барем на еден преглед колку толку
Дали на ГАК сите соби за родилките се двокреветни или има и повеќекреветни? Дали ако сама сакаш царски да се породиш прават проблем и инсистираат тоа да биде природно?
Јас два пати во двокреветна бев, мислам дека само такви се. Прават проблем нормално, ако сакаш царски подобро доктор да си најдеш, инаку нема по избор.
Не се плашете од природен пораѓај, ако немате некоја индикација за царски тогаш верувајте не ви треба тоа...се издржува, има и епидурална која го прсви процесот скоро безболен, а опоравувањето е неспоредливо полесно. само кај нас така може по избор, во др држави не...
Првото го родив царски, после дооолго мачење за природно, па едвај ми дадоа епидурална за после тоа да заспијам на бокс и да завршам на царски. Затоа од сета таа траума сакам второво директ царски, но има поминато 5 години од првиот пораѓај па затоа прашувам дали ќе инсистираат за природно. Иначе јас премногу лесно опоравување имав, дома ми се чудеа дека царски сум породена, бидејќи од прв ден дома функционирав најнормално, а не како сечена пред 4 дена
Втор викаат полесен е. Јас за второво бев царски, за првото природно без епидурал и со голема епизиотомија. Иако имав лесно опоравување од царскиот, природно не се вика така џабе. Затоа и инсистираат толку на ГАК. Под нож не е шала.. Ама сепак консултирај се со доктор и кажи му ја ситуацијата, па он нека те води, верувај му и ќе биде ок.