Кај нас изборот беше приватно, ама се смени и само поради инаетот на маж ми дека е скапо ако мора да одам на царски на крај, а за природно не ни е проблем. И сега сум исплашена зашто да бидеме реални се знае како е по државниве.
Више кога би се одлучила да давам 900 евра за природен, би дала и 1300 за царски. Никогаш не се знае што би било, па доколку некој се одлучи за приватно мора да има и плус пари за недај боже. Па дури треба и плус да се рачуна од цената на царски секогаш. Што ако му рекоа на мм во Ремедика 36 илјади операција, кога 10 плус плати на крај поради дополнителни трошоци кои изглегоа накнадно (не зборам за скриени, ете од тие недај боже компликации кои се појавија).
Абе ќе дадам, ама еве 70.000 е природно, а 100 илјади царски и плус што викаш ако ме остават уште ден-два за нешто, за инфекција или плус испитување нешто пример. Значи 40 илјади плус отприлика не е малку.
Точно не се малку пари и не викам дека и таму не се случиле убави работи и таму некогаш има пропусти ама ке се сложите на државно се почесто се случува а зошто е тоа така еден Бог знае .Затоа реков неможе секој приватно
Ќе прашам па ќе ти пишам. Вака ми кажаа. 50еур е од ден. Ако сакаш сама 100еур. Кога ќе одиш во болница си кажуваш дека сакаш во апартман. Ама ако нема место одма отпосле те префрлаат. Мене ова малку чудно ми е, ама така ми кажаа. Еве ако има и некој друг искуство нека каже.
Мислам дека нема многу апартмани, а неможеш да знаеш колку жени се породиле и побарале апартман... па кога ке дојде време да се раѓа може сите ке се зафатени, никогаш не се знае бебче кога ке изненади па затоа резервација не е можна ваљда (освен со царски, ама и тој да е закажан, не итен..)
То си во право. Имаат само неколку апартмани и кој превари тој товари. Ако имаш среќа ќе седиш во нив.
Незнам на гак колку има, ама во Чаир мислам два беа само треба ептен среќа да се има за да се погоди празно Јас не би земала, сакам друштво да си имам зашто тогаш не се знае кога е ден, кога е ноќ.. па друштво во секое време си имав и до ден денес си се дружам со две што се запознавме
Јас не дека сакам да сум сама ама па реално не сакам да ми се погоди некоја жена што ќе зборува на друг јазик. Се разбираме на што мислам. Еднаш кога лежев во болница ми се погоди Албанка и уста не отвори со мене. Се си збореше на телефон и ако не збори на тел, само ќутеше. Џабе имав некој со мене во соба.
Е во Чаир по 4 во соба се, мислам и уште поголеми соби има со по 5 кревети. Со мене се погоди ромка, три македонки.. од кои две од Скопје, една од Ресен. А имаш право ама тоа па ептен баксуз треба да си како другарка една сите албанки се погодиле и ни една не и правела мубает, меѓу себе само зборувале... а јас на патолошка бев со 4 албанки и сите муабет ми правеа, баш беа фини ,насмеани.. се шалевме, ме смееја во тие моменти со болки
Мене највеќе ми е за посетите. Таму барем ќе дозволат маж ми да дојде да ме посети. А не би сама во соба барем две да сме, од причина ако ми затреба нешто а нема сестра да си се најдеме една на друга. @Ano блиску сме со термините може ќе се погодиме ако одип и ти таму јас ќе одам со закажан царски нејкам ама морам
Во чаир се два апартмана и таму посети има. Се плака по 50 евра од ден. Прашање е дали ке биде слободен или колку врски имаш. Тие што беа со царски се по две во соба со купатило. Еве ви инфо од прва рака, ни чаир не е тоа што беше т.е крш е. Огромна разлика од пред две години и сега. Докторите се сите ок, бар јас добро поминав. Ама средниот персонал т.е сестри, болничари и чистачи катастрофа. Не ажурни, си поминува по ходник не се врти на повик,чаршав бараш чистачката ти вика нема, утре ке ти донесам, спавача пет дена истата, бебињата со не сменети пелени по пола ден, син ми со рана на газето ми го дадоа ми викаат дома ке си го средиш, за испис не спуштија во 11:30 а бебињата во 13 (наводно тогаш ги вакцинирале) пукнавме доле тазе оперирани на дрвени клупи, на патолошка реновираат и нокеска до еден лупаа, и во тоа време ни влегоа мајстори во соба ролетни да ставаат. Нема врска дали си Македонка или Албанка, односот им е тој . А инаку има повеке персонал од пред две години,ама нов директор тоа ти е.
јас сакав тоа да го кажам од Јегени до Овој Башким магаре и музика затоа и си замина Јегени неможеше веќе да гледа неправдини а ти породена ли си, ако си породена да ти честитам ако не сум ти честитала и ако си со царски побрзо опоравувањеhug:
Оф леле.. јас имам па искуство од две другарки тазе породени и ептен задоволни од се... Мене од 3 ноќи, само еден ден не се погоди.. не што не се однесуваа убаво туку живо пиле немаше, а другите денови се супер... Јас па не ќутам, нема спаваќа утре ке ми дале? Ке видиме таа работа ако не ми даваат ке си земам од дома и кој ги врти ако викаат ке им речам па сакам нова чиста, како што они се однесуваат така и јас
Искрено, Чаир не би одела. Знам за случај (на мм близок е таткото) што се породила жената и бебето го завиткале во ќебе и му го дале на таткото да го носи на ГАК итно. Па на што личи тоа? Тој избезумен целиот бил
И моја блиска се породи пред некоја недела во Чаир. Имала лесен порагај за срека ама многу лошо поминала сепак со постпородилната нега. Потполно поинаку отколку пред 4 ипол години кога се порагаше со првото дете.