Абе мариз, јас сум иста марка, ама после тешка операција верувај не си во состојба, во раце си им. Ти треба чаршав, цел крвав ти е. И викам на една она вика јас не сум за тоа, викам викни ја која е, добро и ја снемува, на друга викам, она вика јас сум од кај бебињата, ок викам, викни ја која е, оди и ја снемува. Јас со раната едвај до веце одев, за ходник втор ден по операција шанси немав. Доага визита и ми вика види чаршавот каков ти е, бебето на него го легнуваш. Викам па на сто жени кажав ни една не била за тоа. Ај донесоа. Минатата недела имаа толку гужва што жените од шок соба ги вадеа за 8 саати и ги носеа на оделение. Можеш да замислиш 8 саати после операција сам на себе оставен во соба,уште не си способен на нозе да стоиш не да се караш. Мене па кога ме оперираа тој ден оделението беше полно чекаа некој да испишат за да направат место.и останав во шок подолго време,за срека. Инаку во таа состојба тешко дека сама на оделение ке можев да функционирам. И џабе ти е што се караш, ти вика полно е. Инаку овој пат не важеше не смее од дома, дури ме караа зошто од дома не сум си понела папучи, викам па пред две години носев не ми дозволивте морало со ваши.
Mислам дека се со тебе повремено го земаат да го прегледаат и пак го враќаат ти одговорив бидејќи гледам никој не ти пишал поздрав и имај лесен пораѓај
Бев првпат на цтг во ГАК вчера. Кога отидов таму, мислиш сум отишла бидејќи сум направила злосторство некое, а не да се спремам за породување Разочарана сум од односот од прва. Таа некоја што ме прегледуваше, не знам што е, дали е докторка што се вика зашто не ми се ни претстави, ни ништо. Само ме ѕирна на ехо, на едно старо и ништо не ми кажа. Ааа, да, ми кажа дека имам инфекција и ми даде канестен, а притоа не ми објасни каква е, туку таа сестрата една дрска ми ја фрли книшката со рецептата. Како може инфекција кога брисевите негативни. Имам да кажам дека џабе е нова клиника кога односот им е за никаде. Ама бидејќи се одлучивме во последен момент дека државно ќе се пораѓам, ќе се издржи. Ама кога ме легнаа на цтг на згужвана хартија што не ја смениле, ми се згрози
Правеше цтг одма доле на приземје,во просторијата од самиот влез лево? Да не беше една повозрасна жена која ти го правеше цтг-то? Таа секогаш е дрска и безобразна ...добро ќе поминеш кај неа само ако и кажеш дека правиш цтг по препорака од некој доктор...ама нема везе направи си ти преглед и воопшто не се замарај. За инфекција немаш сигурно зашто и на мене и на останати жени пред да се породиме истото ни го кажаа..а сите тестови негативни и они се чудат. После јас си се распрашав и ми кажаа зголемениот исцедок во последните недели претставува инфекција ама не е сташно воопшто не се секирај. Јас не се мачкав со канестен иако и мене ми го кажаа тоа,па ете пак се е во ред и со мене и бебето...само глупости на сите бремени жени им кажуваат. Ајде ако си при крај само со лесно и што поскоро да се гушкаш со бебчето!
Ако си добро и можеш да стануваш да го гледаш ти ке ти го оставаат повеќе... јас првиот ден до 9 вечер не станав зашто бев заникаде со вртоглавици и слаба крв... и дури вечерта ми го донесоа, а тек другиот ден беше повеќе со мене... вака беше пред две години бар...
А штo oчекувaше ти бе милa oд гaк не знaм зaштo се премисли знaм целo време викaше систинa ке oдиш. Немoј дa ти е кривo зa пaрите дaдени вo систинa верувaј декa преубaвo и прелеснo ке си минеш, тие денoви требa дa ти се вo убaвo секaвaње a не трaуми. Јaс сo нaсмевкa се присетувaм нa дентa кoгa се рoди синкo и пaк и пaк истoтo сaкaм дa гo дoживеaм
Јас сепак мислам дека кај и да се пораѓаме само Господ да е со нас и да не чува. Еве јас здравје планирам на ГАК и не размислувам за тоа како ќе се однесуваат спрема мене сестри итн. Нема да биде како приватно тоа е многу нормално ама знам дека ако размислувам само повеќе стресови ќе си направам. Сепак и од Гак сум чула многу позитивни коментари.
може има позиѕивни коментари не викам не, ете јас не сум чула до сега ниту сум прочитала во породилни приказни читам само за трауми кои им остануваат на жените..сепак кој е во можност нека се порага приватно да не штеди на ваква работа ми е муабетот..кој не е во можност тоа е веке друго
Абе и јас така мислев пред да влезам во деветти месец. Т. Е. кај мене беше опцијата приватно ама се смени. Верувај дека е важен и односот на сестрите во тие моменти. А не да ти се дере некој. А за чаир искрено слушам дека се позадоволни од сите таму.
Се слагам дека и на сестрите е важен односот кон пациентите и мене ми е преку глава од нешто па не им се дерам на странките кој бараат помош од мене така и сестрите барем не во тие моменти,една така во Чир си даде за право да се издерава јас онака никаква тазе царски оперирана ама ја дочека флашата со вода која ми беше во близина ај нека ме тужи ако може
јас кога одам на гак на преглед сама си ги менувам хартиите.хахахахаха ова најсериозно ви го казувам.докторот само вика оди и спреми се а сестра ни за лек,па ја фино лепо се ново си ставам па тек тогаш легнувам.
Гледам погоре лошо сте пишувале за Чаир. Немам време да тагнувам сега. Мене пак постородилната нега ми беше најдобра. цело време некој имаше во соба. де чистачка да чисти сто пати идеше, де доктори, сестри, акуперки. бевме две во соба. кога и да побаравме спаваќа ни носеа. неколку пати ми падна телефонот не можев да се наведнам да го земам па се некој од песоналот ми го даваше без да се буни туку насмеани и спремни да помогнат. што и да побаравме го имавме. без врски бев. отидов за природно завршив царски. царскиот помина супер. презадоволна сум. претходно се жалев дека предродилно ми фалело психо-физичка подршка ама за жал тоа ретко го има државно зависи од смената, а за приватно не знам. 10 деца да раѓам ќе ги раѓам во чаир. еден ден ми беше лошо два саати па сестрата му кажала на георгиев и неколку пати влезе во соба да ме праша како сум дали си добро. ко да ми е роден татко. ептен го сакам и цело време го фалам по форумов, но тогаш ете уште повеќе ме изненади.
Тоа изгледа зависи на која нога се станати сабајлетоако се на лева тешко на пациентите, а ако се на десна уф добро е и кај мене влагаше во соба да ме праша како сум.Како сум пис таму бре ако некој поминал добро не значи дека и другиот ќе помине исто секој нека си го пише искуството онака како си го доживеал
Незнам мене само еден ден не ми се погоди и тоа беше првиот ден недела беше (прв ден на велигден), не дека лошо се однесуваа, туку многу малку сестри и чистачки имаше дека празник и не постигнуваа Другите два дена, дека три ноќи бев.. беше супер се. Бев анемична и неможев да одам, ми носеа без проблем јадење во соба, сестра доаѓаше со мене за рака во веце, ми помагаше за бањање (ме соблекуваше и облекуваше)... доаѓаа нонстоп менуваа спавачи и постелнина ако е потребно, ѓубре немаше ич.. на секое тресеа канти. За доење до мене си седна и убаво ми покажа што како и бебето пред мене секој ден го бањаа, ако многу плачеа бебињата проверуваа дали е се во ред. Незнам дали е стварно како ти се погоди... или толку промена има за две години. Пријателкиве презадоволни од се, исто вака супер поминале.. ке видиме во октомври и ја не би раѓала на др место, многу сум задоволна од Чаир...
Патолошка сеа ја реновирале многу е средено супер е персоналот одличен, голем број од сестрите ме памтеа и болничарките,тоа предпородилната не ја коментирам зошто ми е хорор ))) а на одделение кај бебињата...сеа ги соглдав реално бидејќи овој пат не бев со врски (првото нејкеше да цица па пријателка сврте еден телефон висеа смена по смена и сестри и педијатри врз глава) овој пат немав потреба и искрено повеќе ќе ме нервираа да ми висат околу мене ама други мајки прворотки имаа сварно потреба и од објаснување и бебето правилно да се намести....и се скарав со една сестра ми се испонаша зашто сум ја викнала да смени памперс на бебето(прошли пат друга ми се изнавика дека не смеам ја да менувам памперс) па така фино лепо си затворив врата од соба и му сменив па трета ме фати и со неа па карање и кажав дека нема да ги чекам пола саат да ми седи детето какано....сестрите забебиња сто пати ги викаш не доаѓаат срамота (ги викав за цимерката) трчаат по ходници а првенствено треба да им биде да помоѓнат на мајките за бебињата...и првиот и вториот доктор поминаа (георгиев и ристески) на одделение да ме видат да ме прашат како сум презадовола сум од нивниот однос исто и од сестрите и персоналот во шок соба и анестезиологот многу смешки ми праеше да ме опушти сите комплет за време на операцијата ми збореа да ме опуштат
Георгијевски секоја чест дружеРистескиАх зошто кога ке му го прочитам презиме то ми се исправа косата
Јас сум презадоволна од Чаир. Бев во апартман , се осеќав како во приватна болница приближно. Цело време идеше чистачка , сестрата доаѓаше да не ми треба нешто , дали можам да бидам со бебе , ми објаснуваа како да го ставам да цица. Пошто бев со царски доаѓаше сестра ми помагаше да се одмијам , спаваќа секој ден чиста ми носеа. Е сеа храната не беше којзнае што ама јас тие денови никаква желба немав за јадење. Се што ќе прашав ми објаснуваа од доктори до педијатри. Здравје за второ дете не се размислувам , директно чаир идам.