Ако имаш врски со одреден доктор ако се нафати да те породи тоа е друга работа. Се е во консултација со докторот напрај си муабет со докторот договори се.
Те пораѓа докторот што ќе е на смена. Секаде е така и по државните и по приватните. Освен ако не се договориш со докторот кај кој ќе одиш на прегледи да дојде од дома да те породи.
Само упат за мој термин од матичен гинеколог за избраниот доктор во болницата. Јас одев од 32 недела,а по правило треба од 36 недела за ЦТГ
Апартманите се топ што да ти кажам како во приватна болница. Дозволено е посета некаде до 20 часот преку сила 22 часот со лесно нека ти е. Ова ти го кажувам за Чаир
Само во Чаир што се мислам дури 2 апартмани и сигурно цело време резервирани... со природен пораѓај тешко да се начекаат
Апартманот во Чаир е супер и чист и се има со телевизор со све. Мм цел ден го преседе кај мене ништо никој не рече. Инаку 50 евра е од ден ама како што кажа членката погоре имаш чувство како во приватна болница да си. Јас сум презадоволна.
Ама ти беше резервиран? Со царски беше така? Еве јас на пример природно ке раѓам.. незнам кога ке му текне на бебе да искача, па може во момент да се зафатени... а баш би сакала да си земам вториов пат и дали знаеш точно колку апартмани има...?
Абе врски, неврски... како би знаела кога точно ке раѓаш? Од 37+ недели веќе кога било може да му текне на бебето да искача се до 42нед, во Чаир чекаат 40нед + 10дена... а ако се два апартмани само тие постојано се зафатени 100%, а сигурно не си само ти со врски нели... незнам искрено како оди таа работа, мислам среќа треба да се има па на природен пораѓај да се погоди празен (доколку се малку).
Два се апартмани и мене исто ми рекоа дека ако нема слободен неможат ништо да направат. Среќа имаше слободен. Ама во чаир ги држат кратко многу породените така да голема е веројатноста да има
Јас сум решена да се пораѓам на ГАК и морам да се породам царски. Сум пишала и по други теми лани правев миомектомија со класичен рез како за царски на ГАК плус и имам многу висока диоптрија на очите и не смеам ни да помислам на природно а толку би сакала. Не дека немам пари за во Систина ама кога ќе помислам дека за тие 100000 и кусур ќе и направам на големава ќерка детска соба искрено не ми се даваат. Сум издржала секакви тортури по болници и оваа ќе ја поминам, и после ова ГАК да не ја видам веќе
Јас првиот пат се породив на ГАК царски и фала му на Бога поминав добро иако имав прилично тежок и ризичен пораѓај но и многу врски.Сега многу се мислам каде да одам.Најверојатно и сега ќе биде царски.Слушам пофални зборови за Чаир ,но уште неможам да пресечам каде да одам.