1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    форко јас знаеш дека типувам за чаир од мене еден глас за таму :)
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    :) 99% идам таму...некако помирна ми е душичката за таму ако одам :)
     
    На anicka1anicka и Vetruska им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    форко душичке уште ли си во дилема. Абе злато и таму и таму ти ќе го раѓаш ајде одлучи се те чекам во ГАК ;) (мислам да не те предомислувам)
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Карак ти како се одлучи за ГАК? Имаш некого?
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    јас да ти кажам може сега некој ке каже не е нормална али ниту имам некој ниту сум размислувала кој ќе ме пораѓа. Некако сум мртва ладна. Па некако ГАК ми е ГАК од искуството и некое мое лично уверување дека технички се по подготвени и со по стручен кадар( што немора да е точно) но ете така сум си го зацртала тоа кога ќе дојде денот Д торбулето во рака и со лесно. Па на крај кај и да сум и гак и чаир и систина јас ќе го раѓам, нема ниту пријателите ниту врските, а не сум тип на човек кој бара посебен третман па си викам секој со своја среќа :$
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Абе јас ќе го раѓам, ама ми требаат врски за анестезија, пошто на „суво“ мислам дека ќе умрам или во најмала рака ќе останам истрауматизирана и со едно дете од страв за второ. :tmi: Инаку и јас ќе се спремам за ГАК.
     
  7. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    И јас нели се спремав за на ГАк ама ме предомислија баш ради тој стручен кадар дека пострични омало во Чаир.Немам врски ни ваму ни таму ама ваму барем знам дека доктори ќе ме пораѓаат а не некои што стажираат и ќе ми се понашаат.
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Forko,мила .Ај ајас да те предомислам малку од искуствво не ради друго :)
    Јас со малата бев решена за Чаир и одев на цтг таму (ова се слушуваше пред точно 3 год) и таман кога решив дека таму ќе раѓам испадна дека мм имал некој пријател во државна ама не бил сигурен дали сеуште пораѓа,сплет на околности да не должам го најдовме стапивме во контакт (инаку вревен и познат по тешките операции на Гак да не го рекламирам кој е) прифати да ме пораѓа со дозвола од директорот (ова со дозвола зошто беше партиски тогаш).Средивме се и кога на преглед ден пред пораѓај ме гледа и ми вика па тебе цела плодова ти истекла како не те виделе во Чаир? И ја ваква :o :tmi: Инаку керка ми ја надносив па со провокација и царски се породи на Гак. Да не должам многу,ако си фатиш врска било каде и да одиш исто ти е.Јас по природа сум коркач па затоа одев на варијанта врски, и тоа не врски ами кабли :) и среќа се добро се заврши.Сега за второво уште не сме почнале да работиме на случајот за фаќање врски ама недалава и тоа ќе биде.Камо среќа да прифати пак истиов доктор.Те поздравуам мила :*
     
  9. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    јас мила немам никој :worried: ама ете полесно ми е барем некој да најдам во Чаир па затоа одам на таа варијанта а и поради тоа што некако сите повеќе се фалат од таму. :*
     
  10. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    јас форко искрено мислам дека треба да почнеш да ја избегнуваш оваа тема и да не ја читаш повеќе, а после ќе ни пишеш искуства каде и да си решила да одиш како си поминала ;). Сега ќе пишам уште еден коментар за чаир. Рекордери се во трошење на средства за дезинфекција. Јас кога бев пред 3 год. 2 пати на ден насабајле и навечер жена чистеше темелно од креветче на бебето до наткасните и прозорите дрвенаријата, а сега башка е реновирана. Сестрите беа најљубезни на цел свет ми дозволуваа да гледам како ми ја бањаат принцезата, доаѓаа кога и да ми требаше помош дури и ако сум заспала ми ја зимаа и ми викаа ајде мајка одмори малку. Стварно бев со дебели врски ама сите исто не третираа. Ми помагаа за туширање надзор од педијатри нон стоп и што и да прашаш никој попреку не те гледаше. се надевам дека исто е останато знаејќи кој ја води болницата. А и да мислам дека на оваа тема барем за скорешниве мамички да се воздржиме од мн. негативни коментари и да ги споделуваме само убавите искуства зошто не им треба дополнителна траума и онака ја имаат одвишок. Кој каде и да се одлучи со лесно да си помине. ајде идни мамички само храбро
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Ти ако не ми дадеш кураж што би се рекло НИКОЈ :)
    Ќе си одам таму и да не ми се најдат докторите што ми ги ветија на старосватицата мајка и е хигиеничарка па како што викаат повеќе они ќе ти помиогнат него некоја напувана докторка или доктор.Треба само да се распрашам што треба да си земам и да сум спремна :) Сакав само да прашам...само зимам упѕт од матичен и толку така? Не може да ме вратат?
     
  12. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    само упут, а се останато на маж ти ќе му дадеш од тебе. дури и накит ако носиш, ќе те соблечат пиштол гола хахха и ќе ти облечат спаваќа од таму. дури и гаќичките ќе си одат дома :) и ако е време одма ќе те спремат зависи колку ќе си отворена ако не те ставаат на патолошка додека да дојде време те спремаат со клизма седиш нон стоп на ЦТГ и чекаш. Од време на време ќе те прегледуваат како напредуваш, ако има потреба од провокации ќе ти стават ако не ќе те чекаат природно. Јас кога бев условите беа малку поинакви сега како што слушам сето тоа е сменето. Во една соба седев на ЦТГ, па те носат во др на бокс, па назад и така имаше малку шетање што е мачно во тој момент но како и да е ама баш на ништо во тој момент нема да те интересира освен да е се во ред со бебето. И после во соба ако си со повеќе жени кои мене и те како ми се најдоа за да станеш до тоалет, за да го зиркаат бебушко ќе си раскажувате секој својата мака и детаљи не кажувам хахахахах. стравот е само голем зошто незнаеме што не чека. јас иако ми е второ ми прпа и тоа како ама знам која епроцедурата само тоа е различно се останато како прв пат да ми е . А и кога ме исекоа прво се зачудив што се случува зошто ни на крај памет не ми беше никој не ми кажа дека ќе сече баш тогаш, после дојде анестезиолог ме успа целосно, ме покрија со топол чаршав и тоа како добро ми дојде таа дремка. Се разбудив со гласови леле што направи оваа се утепа од спиење. хахаха. ме соши најубавиот дечко што сум го видела (хахаха на цела мака тој ме држеше за рака) и така се ќе биде ок.
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Ова со децково со заби да не го скина кончето? ако е така одам одма :lol: Јас само се мислам дали ако не ми се исчисти уреоплазмата ќе мора царски? и се мислам дали да правам д димери иако ми викаат нема потреба :?: Иначе си одам во Чаир се решив веќе :lol: Фала ти срцко :*
     
    На pepita82, Vetruska и anicka1anicka им се допаѓа ова.
  14. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Карак значи не сум сама :) вака што размислива ,значи истиот случај бев и јас на првиот пат отидов на Гак не ни знаев каде е гинекологија точно без врски и како очекував поминав супер ,сега пак ме прашуваат уз муабет нели каде ке се пораѓаш јас сум пак за Гак , и за тоа си во право каде и да раѓаш ти раѓаш твоја е болката и маката која верувајте брзо се заборава а докторот сестрата или врската тука се само за инструкции ,со лесно нека ни е на сите :)
     
    На Vetruska, karak и Forko им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.786
    Пол:
    Женски
    Јас породив на ГАК. Сакав да се пораѓам во Чаир, ама кога отидов таму немаше место. Се породив во стариот дел на ГАК. Задоволна сум од хигиената (освен од тоалетите) и од услугата на медицинскиот персонал. За второ пак ќе одам таму, само што тогаш ќе се пораѓам во новиот дел.
     
  16. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Никогаш не би одела во Чаир.Сега бев на киретажа оти ептен бев со препорака таму,си мислиш дека си животно,сестрите што ти земаат историја безобразни и некултурни,јас се тресев од страв а околу мене имаше еден куп сестри,не сакав да легнам ми се развикаа ајде легнувај нема тебе да те чекаме,ме наместија на сила,цела се тресев,притисокот ми се качи,тахикардија,никој не му е гајле :fubar: немаше место па ме легнаа во сестринска соба и само чекаа да истече инфузијата да станам.Условите никакви,колку е само нечисто,вецето беше само и така и така.
    Од Чаир јас имам траума и кошмари :sweat:
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Некој па од ГАК се жали вака кога ќе видиш немаме саглам здравство :@
     
  18. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Да Форко во право си за тоа.
    Еве имаше избори а НИТУ ЕДЕН не вети подобрување на условите ,никој изгледа не мисли на ова а суштинско е нели.Срамота! Јас сум била во новата ГАК и гледам не е лошо,а Чаир искрено е катастрофа,али кога ќе дојде тој миг само Господ да не чува другото не е битно.
    Да не ви ги кажувам условите во Штип,али пак си имаат здрави прави дечиња,во тие мигови се издржува,се за најмилото.
    Јас кога би имала пари би се породила во приватна да се осетиш како човек.
    Може би земала и кредит дотогаш којзнае
     
    На pepita82 и Forko им се допаѓа ова.
  19. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    да земеш кредит за да се породиш????дали воопшто знаете каков бизнис тераат приватните клиники и колку воопшто не им е гајле за пациентите. моја пријателка закачи грип пред да се породи несакаа да чујат да ја примат не именувам каде зошто немале оделение за изолација ???? цела бременост ја води таму се утепа пари давајќи и на крај гитла оди си во дрзавна не преземаме одговорност за можни компликации рејтингот да не ни паѓа. извини не сакам да те навредам но се додека вака размислуваме и мислиме дека таму незнам што е они ќе се богатат на туѓа мака а ти ќе бидеш со празни џебови. јас пред да забременам со првото неможев да остана подолго време и као подобро на приватно одам на консултации и добив одговор на еден ДР. ова време од 30мин. што ми го губиш те кошта 900 ден. ако сакаш преглед 1600, а ако дојдеш пак и решиш сега ништо да не правиш ќе платиш 2800 :@ . ај погоди што направив. етика лекарска однос револтирана сум што влеваат на мајките дека таму има незнам што. ТВ тоалет мустела пакет и бла бла глупости, ќе се заглавиш ќе ти чади главата од долгови а пак ќе те боли исто ко во државните каде што е хорор и од каде ќе си одиш и ќе бидеш само среќна што си спасила жива глава и бебушот е до тебе. а делух комодитет??? хахах воопшто ни на крај памет нема дати е кога со нозе раширени цела во крв не визита ќе те гледаат 20 души и меѓусебе ќе се договараат дали си добро зашиена или не. иронично нели .......
     
    На SimonaTino и pepita82 им се допаѓа ова.
  20. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Женски еве јас со најтазе искуство од Државна можам слободно да кажам дека условите се далеку подобри за разлика од претходно, персоналот што се погоди на смена јас кога се пораѓав беа многу добра екипа морам да го пофалам др Тантуровски со сите родилки имаше коректен однос , исто беше и кога се префрлив во соба ,редовно поминуваа и педијатри и сестри , на сите ни дадо инекции за болки , апче ако им побараш или сл, хигиената е на задоволително ниво , двокреветни соби во секоја има тоалет ,и знаете како е за тие пари толку музика :) битно здрави прави со бебушка си дојдовме дома се другото се заборава ;)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.