@Aneta92 може ли нешто повеќе да пишеш за Др.Исмаили.Бевте претходно договорени за тој да те пораѓа така? Кажи ми искрено вистина ли е дека бараат пари за да ти дојде да те породи? И дали ако немам индикации за царски би имала шанси да бирам? Секако со препорака ќе идам кај него но чисто ме интересира како си задоволна од него.
Извини дури сега гледам. Мене ме пораѓаше Зоран Илиевски и презадоволна сум. Кај др. Исмаили имаше една жена со мене во патолошка она беше договорена за кај него, а имаше една друга жена што ја донесоа покасно , нејзиниот др не бил на смена и случајно на преглед кај него и он ја задржа и наредниот ден ја направи царски (си имаше индикација) . Инаку неможеш да бираш одат прво на природно доколку нема никаква индикација (јас 3 дена бев со провокации) на крај ме направија царски пошто ми пукна водењакот а јас не се отварав воопшто. Инаку имаше доста задоволни од Исмаили ама мислам дека повеќето беа со врски . За пари искрено незнам мене никој ништо не ми побара. Мм зама за докторот симболично пијалак и тоа беше.
Доктор Исмаили е директор на болницата и кај него само со врски никако другачие. Ја породи една моја колешка и тоа дебели врски фати и нормално си плати 500 евра. Во Чаир има и други добри доктори на пример Кировски ,Димитар Георгиев.
Да да знам со врски само кај него ги имам.Рано ми е за пораѓај но да знам како одат работите.Колешка на сестра ми се породи кај него пред 10 дена и не плати ништо само виски благо и толку но исто имаше врска и плус царски се породи на договорено.И Кировски си бара апла парички ја породи комшиками пред 1 недела...15.000 ден Но маж ми е доктор и кога слуша дека пари бараат страшно се лути но очигледно така си функционираат сите во Чаир и се расправаме а и на гак е сигурно иста песна...Дека сум со ивф и затоа сакам да се договорам со Др.да ми дојде што го сакам...нп здравје има време.Фала ти многу Фала многу на одговорот Јас дека сум со ивф и тоа што читам дека обично ги породуваат со царски па може заради ивф да ме направи царски.Да кај Исмаили се е со врски...Колешка на сестра ми со ивф ја породи тој пред 10 дена... Здравје имам време но да знам како што идат работите
Јас сум 31г.н и веќе мора да решам каде ќе се пораѓам бидејќи имам проблем со бубрегот може да дојде и до предвремено раѓање.Толку сум збунета што уште незнам гак или чаир.Со првите се породив на гак но ова што го читам деновиве е страшно.Морам да најдам др.што ќе ме следи и породи.Многу би ми помогнале ако ми препорачате добар др.и ваше искуство.
Мешиња уште од почеток ги следам сите теми за бременост и дури сега имам прашање може ли некој да ми каже искуство со др. Димитар Георгиев од Чаир за пораѓање. Сакам доктор кој знае како да те опушти, особено нас прв пат родилки и како е во Чаир, во однос на хигиена, љубезност (човечност), дали и колку се грижат за бебињата и слично.
Кировски го гледав само кога доаѓаше на визита. Добар доктор , имаше задоволни пациентки од него. Сестрите беа супер и на патолошка и после во пост родилна , кога и да ги викневме доаѓаа. Чистачката чисти цело време . Додека бевме на патолошка доаѓаше и по неколку пати во текот на ноќта , чистеше и додека спиевме.Вецињата исто се чисти . Додека бев таму го средуваа делот на патолошка за туширање. Сега за бебињата , како викаат никој неможе да го гледа подобро од мајка , а они таму немаат време сите бебиња така да ги гледаат, ги хранат набрзина исто така ги соблекуваат кога гледав ми идеше сила да им удрам по една . Ама и они не се криви малку се , а има околу 50 бебиња сигурно и сега ги сфаќам. се надевам ти помогнав.
Фала ти многу @Aneta92 ми помогна некои дилеми да ми се расчистат, ама сепак ме интересира и за др. Георгиев некој да ми каже искуство, бидејќи имам упат за кај него, а не го знам човеков... одам на "слепо"
@Eat Drink Smile многу човечен и смирен доктор, не ме породи но беше на смена во амбулантата кога дојдов да раѓам. Сите во амбуланта како муви без глави растрчани, саат време чекав во чекална некој да ме прими. Случајно во ходник маж ми го застана да му каже дека со болки чекам и ни секунда повеќе не чекав, ме прими. Прегледот беше фин и веднаш ми напиша "ливче" за прием. Откако се породив еднаш дојде во соба да праша како сум. Ти имаш упат за цтг и преглед така? Отиди прво направи цтг па влези кај него во ординација. Јас верувам ќе бидеш задоволна.
@Kitten кога се оди прв пат кај доктор од Чаир (небитно кој)? Треба ли накај 7-8 месец да го "запознаеш", да му кажеш планирам тука да раѓам.... или дирекно на цтг во 9-ти месец? И матичниот ли ти дава упат? Се чека ли многу?
Дитектно кога ќе си при крај, 36+ недела. Матичниот ти издава упат за преглед и цтг и цел месец со тој упат одиш на редовни цтг прегледи. Нормално можеш да си избереш кај кој доктор сакаш на преглед, но ако немаш врски неможеш да се договориш со конкретен доктор да те породи. Јас немав врски, незнаев кој ќе ми се погоди.
Две родив во ГАК како кралица пројдов, без врски, ама така сакал Господ лесно да мине се, исто и со третото здравје Боже ГАК ќе биде исто.
Сега сум 39та недела и исто кај Георгиев имав закажана ама имало некоја комплицирана операција и не беше тука да ме прегледа.Тогаш ме прими Младен и ептем беше ок докторот и ми рече дојди за 2 недели сакаш кај мене сакаш кај Георгиев. После 2 недели отидов и нормално еден куп гужва кај него. Поубав преглед и од матичната ми напрај. 45 мин траеше прегледот, ми објаснуваше се, ми покажуваше на монитор. Значи да знаеш не си згрешила што си побарала упат за Георгиев, ич да не му ја мислиш супер ќе поминеш. И со лесно
@didush и @Kitten фала ви најмногу на свет ептен ме опуштивте. Дури сега кога осетив колку ми олесна сфатив колку сум била напната. Фала уште еднаш и имајте убав ден.
Бев минатата недела прв пат во Чаир на прво цтг и преглед. Д-р ми рече за две недели на контрола. Кога излегов на шалтер ги прашав сестрите кога да дојдам, кое време треба ли да закажам преку мој термин пак, со истиот ли упат(да напоменам имав приоритетен) и само ми рекоа- ништо не треба ни упат ни закажување, во денот кога е д-р од 8 до 13h за да не чекаш. Хм видов како е колку чекаа и тие со термини и тие без, и сега не ми е јасно навистина кога да одам? Како да отидам и да се појавам на пример во 10h а си има трудници со мој термин тогаш си чекаат.. кога ќе влезам? Или ако отидам уште во 8 а да завршам на крај последна? Да ми каже некоја што знае дали треба пак да закажам, или кога отидам, што да кажам?
Не треба да закажуваш повторно со истиот упат ти важи цел месец си одиш кај докторот,јас обично одев накај 12 часот како и де ќе си почекаш вака или така гужва има ијас сум чекала па ме примал се додека има пациенти не си оди дома
И јас сум исто како тебе 31 г.н и се мислам помеѓу Чаир и Државна меѓутоа со првото лошо искуство имав во државна и искрено многу ми естрав таму да се враќампак.Чаир ептен го фалат и гледам повеќето таму одат сега.Нареден пат кога ќе одам кај матичната рече ќе ми даде упут за цтг за во Чаир ако се одлучам и ќе ми одбере доктор.Многу ги фалат Кировски,Младен и Горѓиев па сега ќе видиме.
Топло ти ги препорачувам Горгиев и Кировски Младен не е толку искусен како нив.Од искуство кажувам Со лесно
Јас се одлучив за државна веќе се договорив и со докторката.Одам кај др. Адела па сега со Господ напред и со лесно на сите
Јас вчера бев на цтг и кај Ана Марија докторката, вака ми остави ок впечаток. Си напраивме муабет ко да не сум на преглед. Ќе видиме до крај како ќе биде.