A ако не е она дежурна на породување можеш да си ја викнеш? Шпанско село сум цела, све ќе прашам и таму све заборавам.
Договори се со докторката мислам дека не доаѓаат да те породат освен ако не е на смена и ако не е договорен царски,сепак се во договор со неа
Незнам мила,мене ми се погоди доле во ординација да ме прегледа кога ме фатија болки и после уште еднаш после породување на контрола отидов она беше дежурна и ми остави многу убав впечаток. Ќе разговараш со неа ќе видиш што ќе ти каже,бидејќи колку што знам и она има мало дете скоро беше на породилно
Нема врска што има мало дете работа е работа можеби нема само да дежура ноќе сега ќе ја прашам маре па ќе ви кажам
има врска до 3 годишна возраст на детето се ослободени од дежурства.Така бар беше јас кога останував на породилно
ок тоа е веќе друго.Бидејки викаш немало веза детето работа е работа.Нејзе ја следува истото што и секоја друга мајка безразлика што е лекар
Исмаили, ако успееш кај него да се пикнеш. Кировски уште одамна не ми остави добар впечаток. Мене ме породи Илиески и беше ептен фин. Баш како по телевизиите, се со убаво со зезање смеење на бокс.
И Исмаили е баш таков, тера све со зезање, позитивен човек Јас природно се породив но од муабет од вработена докторот важи за еден од најдобрите за изведување царски рез.
Во државна од кој доктор најмногу сте задоволни? Дали некоја од вас ја породила др. Јадранка Георгиевска ме интересира лично искуство со неа.
Ako mozes kaj ismaili samo so vrski Kirovski eBroj Eden Spored mene I Georgiev Dimitar Cair I personalot e super
Јас имав вонматерично пред 1.5година и сите различна дијагноза ми кажуваа, но чекаа и мислење од Јадранка(тогаш таа беше началничка). Јас сум мн задоволна од неа и од Ана Данева Маркова. Се породив март годинава на ГАК и сум задоволна речиси од се(малку оф топик отидов)