Тебе те породи Јадранка или Ана? Мене ми е за пораѓај дали да фаќам врски за кај нејзе (оти имам можност) и нели сите се трудиме да си фатиме врски, или да одам во Чаир без врски
Ана ме породи, а имав искуство со Јадранка и сум задоволна мн од неа. Има мн добри доктори на ГАК. Ноќта пред да се породам пред мене сигурно породија 10 или повеќе жени, а плус и царски(и јас сум со царски)
Може не е за тука ова преместете го слободно... Дали може да ми пише порака мајка некоја што беше со ивф а се породила во Чаир? Ви Благодарам однапред
На една работилница каде бев беше кажано дека мажот може да просуатвува на пораѓајот на ГАК/Чаир, ама истото треба да се најави (имале еден интимен бокс) и задолжително претходно да направи инфективни брисеви. Сакав да споделам информација
Јас кога се пораѓав во Чаир, во 2014 година, ме пораѓаше тогашниот директор Јеегени и го имав прашано за ова ми рече дека не постои такв можност. Сега е сменет директорот па може да има некој новитет, но искрено не ми се верува..
Нема разлика во породувањето дали е природно зачнување, инсеминација или ивф. Други параметри играат улога како ќе се одвива породувањето. Јас бев со ивф и до крај терав без да знам како ќе се пораѓам. На крај одлуката беше донесена врз основа на поставеност на бебето во текот на пороѓајот заради отсртанување на септум претходно.
Ова во петокот беше кажано на една работилница каде беше присутна докторка од Чаир. Тврдеше дека може, само мажот да има направнео брисеви и претходно да биде најавено на докторот. Од лично искуство или на некој свој не знам, ама така кажа докторкава, па мислев да пренесам. Во истата дискусија се вклучи и едно девојче кое кажа дека на предавањата за пораѓање кои се одржуваат на ГАК им било кажано истово т.е. дека доколку сопругот направи брисеви и најават дека сакаат присуство ќе им биде овозможено. Ако лажеле, лажам и јас. Така кажа докторкава од Чаир баш. Демек еден бокс бил и требало да се најави и за да сопругот направи брисеви. Докторката се вика Ана Марија (презиме и заборавив, ама две беа).
Ана Марија Шпишиќ ова е нешто ново вероватно бидејќи таму пиле не смее да прелета. JАС ИМАМ НЕУБАВО ИСКУСТВО СО НЕА И СО ДРУГ ДОКТОР ТРЕБАШЕ ДА ВИДИ НЕШТО А НЕ ГО ВИДОА И ДВАЈЦАТА. Кировски таму би ти го препорачала и Зоран илиевски Каде беше работилницата чисто ме интересира
Наводно можело „од секогаш“.. И мене чудно ми падна, ама едно девојче ептен ја запрашува и оваа ептен ја убедуваше. Штознам, убедлива беше. Организирано од асатра и општина центар беше ова - во центар за млади на о.Центар.
Еве ви сега информација од прва рака на доктор вработен во болницата вика Во болницава сум 5 години има посебен бокс да точно но во принцип не функционира да во моето работно искуство влегле до сега 3 мажи кои се доктори или медицински лица но не и надворешни лица како на пример во приватните клиники кога може слибодно без предрасуди да влезе сопругот на родилката.
Може дека не знаеле или немале брисеви правено. Оваа Ана Марија кажа имала такви случаи. Битно било само да е слободен боксот кога ќе дојде моментот.
Лаже те нешто тој доктор дека освен медицински лица, други лица (сопрузи) не влегле во последните 5 год.
Moжеби лаже или не е доволно информиран или не го интересира таков податок како и да е јас таму повеќе нема да стапнам без разлика што снаа ми е медицински лице и неа ја прашав се чуди вероватно е ова нешто ново