Sto se cudis, zar ne zivees vo mk? Toa e normalno za nasava zemja, ne samo zdravstvoto se funkcionira so mito.
Да да нема разлика дали зачнувањето е по природен пат или ивф и дека играат улога многу фактори јасно ми е но тогаш прашував ради други причини
Ве читам и ви се чудам па ни Чаир ни ГАК нема никогаш да го достигнат нивото на приватните клиники Каде што сопругот и те како може без проблем да присуствува не му треба никаква дозвола ниту предходно да се најавува кај доктор ниту трт ниту мрт сега Чаир со новиов директор сакаат да воведат некој новитети Кога за еден обичен царски не дозволуваа да ми го направат а имаше индикации и после чекаа да ме примат на патолошко па да помине термин па да паднат тонови па да се испаничат па после ајде ајде спремај сала епа сега касно е.Ај те ве молам не ми продавајте тука демагогии никогаш не биле и нема да бидат да го достигнат нивото на ни една клиника.
Нема демагогија ако некој е задоволен од Чаир или ГАК. Прочитавме многу жени кои се и те како задоволни. И со врски,ама и без. Во врска со "врските" за во болниците. Јас и за во Систина фаќав врски. Сакав да идам кај конкретен Др на преглед ама сестрата ми закажа термин тек за 3 недели ( сите термини биле фатени). Е со врска ме "бутнаа" следниот ден, и тоа прва. Факт е дека во приватниве лошите приказни се поретки,ама па таму и нема толку пораѓање,нема толку итни случаеви... Не ги бранам ништо државните,нити ги величам, многу работи им фалат за да го стигнат рејтингот на приватниве,но не можам да кажам дека се катастрофа. Јас ако сум презадоволна и од ГАК и од Чаир не треба да се стекне слика дека таму се е идеално,исто како што и некоја ако за жал поминала погубно и стравотно,не треба да се створи слика дека таму е кланица. Лично јас кога би се пораѓала би одела у приватна, само ради подобар комодитет и затоа што за среќа финансиите ми дозволуваат.Но,не секој,за жал може да си дозволи во приватна. Камо да не беше толку скапо,па секоја да имаше опција да си бира каде и како. Господ да е со секоја родилка и секоја да ја чува е најбитно
Неможам поише да се сложам со @Bubce38 @fina erika па нормално дека никогаш државниве нема да достигнат ниво на приватна клиника, но доволно е да има добар и стручен персонал, и условите да се нормални и стерилни, како што треба да е во секоја болница. И не сфаќам зошто е лошо да се воведуваат новитети, зарем не е убаво да се стремат кон подобро? Не секој има финансии да си дозволи приватна клиника, а да не се лажеме цените се плафон, и според тебе останатите треба дома да се пораѓаме зашто државниве се "кланици"? Не разбирам зошто ги споредуваш.
Незнам дали ми го свати постот Докторкава рекламира дека може и сопругот да присуствува на самиот чин породување Тогаш зошто да не може докторот да одлучи дали треба или не треба царски ТУКУ ЧЕКА ДА СЕ ПОЈАВИ НЕКОЈА ИНДИКАЦИЈА НЕЛИ Е ИНДИКАЦИЈА КАРЛИЧНО БЕБЕ, НЕЛИ Е ИНДИКАЦИЈА ПОСТАРА РОДИЛКА,НЕЛИ Е ИНДИКАЦИЈА ЧЕКАШ БЕБЕ 9 ГОДИНИ,НЕЛИ Е ИНДИКАЦИЈА ОСТАНАТА СИ БРЕМЕНА СО ИНСЕМИНАЦИЈА ПОСЛЕ 9 ГОДИНИ НЕЛИ Е ИНДИКАЦИЈА ЛЕЖЕЊЕ НА ПАТОЛОШКА ТРИ ПАТИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА ПОРАДИ ПОВРАЌАЊЕ,КРВАРЕЊЕ И ВИСОКО ПОСТАВЕНО БЕБЕ И ЌЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМ ДА МЕ ФАТАТ БОЛКИ ДА СЕ ПОРОДАМ ПРИРОДНО ПА ДАЈ ТЕ МОЛАМ Кога и во приватна клиника се договараш за царски а немора да има ИНДИКАЦИЈА
на приватната кешираш 100000 за царски,нормално дека ке прифати така да те породи ако така сакаш. инаку крварење у бременост и повраќање не е индикација за царски.Па дури ни годините ако жената е здрава и фит .
Моето искуство е дека не само Македонија, и странство, се инсистира на природен пораѓај до крај. Сеедно приватно/државно. Не дека во Македонија за инат ги мачат родилките, таква е праксата. Нечовечкиот однос е веќе друго.
Не, не ти беше на тоа насочен постот @fina erika . Многу е жално тоа што ти се случило, но навистина си една од ретките бидејќи како што спомна некој погоре, процентот на жени кои се пораѓаат на државно е драстично поголем а со тоа и процентот на несреќни случаеви.
Неколку пати ти имам пишано дека стварно многу ми е жал за тоа низ што си поминала. Но ,душо тоа е ,се десило, мораш да се помириш. Насочи си ја енергијата кон успевање во нова бременост, надеж дека наскоро и ти ќе станеш мајка. Твојот случај е навистина болен , но такви грешки има навистина ретко. За жал судбината тебе те одбрала. Зошто ти си силна, и мораш да придолжиш да се бориш,се дур не успееш. Те чекам со убав пост . Остави го веќе минатото , не се враќа ништо
Ве молам да се исклучи опцијата капс лок. Дава сосема друг тон на дискусијата и е непрегледно за оние кои ја следат истата.
Во неколку постови се спомна дека во државните бројот на несреќни случаи е поголем. Дали знаете дека на приватните ако се искомплицира нешто при пораѓај, родилката ја праќаат на клиника? Не мислите дека тоа може да е причина?
Никаде не е совршено немојте да мислите Во Ремедика точно пред 9 месеци на подалечна снаа вадејки го бебето го сецнале бајаги доста по лицето .. Среќа овие се мирни луѓе да беа некои други ќе ги одраа од тужби .. А летоска пак исто мој близок бил сведок кога во Санте Плус се заглавил лифтот со 3 бебиња внатре И сеа шо праиме?
И чаир веке лом паланка станато. Само да знаете вие што се спремате за таму, да не се изненадите. Можеби гужвата, можеби смената на директорот, нешто е, но е хаос. Се породив пред две и пол год, и се породив овој јуни, неспоредливо. Истиот персонал, истите ликови, односот сменет. И да со врски бев, од др сум презадоволна, а евра не ми побараа.
Тоа само на барање на родителите затоа што трошоците се многу високи по ден за грижа на бебето. Само ден во инкубатор, без ништо друго е 250 еур.
Поголем е бројот дека повеќе родилки раѓаат... Додека бројката во Чаир во месец Септ е 2800, тука некаде на пријателка беше, а на Гак верувам уште поголема е), во Ремедика еве на 1.11 породена 520 бев, во Систина има повеќе но не пак колку на Гак.
Живеам во Македонија, ама ако сакам да плаќам ќе ги дадам на приватно за да знам зошто сум платила. А државно зошто да им давам предвреме пари и тоа евра не ми е јасно? За што плаќам здравствено? И да му дадам пари за да ме тинтари? Е нема . Јас имав некоја си врска на ГАК, ама евра не дадов во никој случај. Тоа е мито и се казнува.
За бебето не знам, може да е на барање на родителите. Но јас кажав за родилките. Ако е комплициран случај ја носат на клиника да се пораѓа. Иначе и во чаир, ако бебето е во ризик по пораѓај го носат на клиника. Пред еден месец ми се породи другарка во Чаир и бебето одма го однесоа на клиника со брза помош. Само бебето. Мајката си остана во породилно Чаир. Не ја примија да лежи со бебето, затоа што не се породила на клиника..