И не знам што сите сте се запнале за тие 2000е у старт, само дезинформации ширите. 2000е стандард пораѓај не е нигде.
Од систина вракаат ако е критични. Го имам пишано ова. Моја блиска не ја ни примија, со пукнат водењак во 26 недела. Нивни пациент. Кај нив инвитро правено. Докторот не сакаше ни прием да направи. И ако му викаше мажот не ме интересира колку пари. Ај тоа ни кола не понудија. Значи жена со пукнат водењак на улица ја оставија.
A zosto ne bi ja primile so puknat vodenjak? Pa non stop gledam za predvreme rodeni i uspesno preziveani. Samo treba dlaboook dzeb. Cudno mi e sevo ova
Затоа што не се спремни, ама систина се. И со персонал и со апаратура. Затоа ми е чудно. Плус како што кажав објавуваат такви случаеви
Колкава им е шансата да преживеат близнаци во 26 недела. Затоа што ми рече нон стоп гледаме предвремено родени и успешно преживеани. Па колкава им е шансата да преживеат во 26 недела. Скоро никаква и тоа се знаеше. Извини не комплетно се изразив. Како и да е, по етика, по хипократова, по човечност не се остава жена со пукнат водењак, не се остава човек во опасност така.
Уште многу треба да одиме за ди ги достигнеме нив. Без разлика дали е Систина или друга клиника во прашање.
Имаше она пишувано некој процент на преживеани над 24гн чинам. И беше доста висок. За жал кај нас многу малко се преживеани над 24 недела. Едно од 1000 нека е. Жално е и штета, ама немаме ни соодветен кадар уште, ни апаратура.
Е како не примале систина толку рано. Па најрано родено и преживеано бебе во МК е родено во систина. 25 недела. Спремни се, ама дур излезеш цел стан треба да оставиш таму.
А Што е толку тешко да се прифати дека не е приватно мед и млеко? Гледајќи вака и на државно има по некое преживено родено пред 30та гн, ама колку се? Многу малку. Само не се рекламираат да прочитаме.
Огнените ѕверови на Дамјана-незнам дали ја следиш на фб.Пред месец дена имаше реферат напишано за Систина.Чекале 8 часа за да примат серум мислам дека беша за детето.Не ги прорецкале ни два посто дента.Абе ги тераше буквално во п.м јавно.Не ја сватив дали тужела или не ама спомнуваше дека после менаџерот ја побрала на тел .Де извинувања,де состанок некој ке имале поради ова бла бла.Под нејзиниот коментар имаше лавина на коментари од незадоволни клиенти на Систина ,се изнадешавало све и свашта. еден човек вика 10000 евра дадов за мајка ми а резултатот беше мртва мајка на крај.Сакам да кажам дека сосем нормално е да се прават пропусти кај нив исто така.Ама ко што кажа @PUPICA имаат и јак пи ар и добар маркетинг па негативностите помалце се провлекуваат низ јавноста
Мене ме иритира начинот кој се провлекува низ темите сјајно на приватно-наспроти хорор на државно. И таму има куп убави истории,ама никаде не се напишани. Се ,,рекламира,, само лошото, за жал. Сите знаеме дека на приватно е за некоја скалило подобро, уствари тоа се нормални услови кои треба да ги усполнува секоја установа овде, а не да бидат луксуз. Впрочем докторите низ приватните почнале од државното здравство. На државно има прекрасни доктори, работата е што условите се тие, немаат овозможено се за нормална работа. Кај нас има двајца гинеколози, со искуство дупло од прочуените. Ама секаде неможат да постигнат. Не може двајца доктори да застапуват цело одделение. И јас ако останам тука за пород, ќе ги бркам нив. Парите здравјето нема да ми го купат, за жал. Ни мене ни бебето. Само се да мине во добар ред, небитно каде.
Кај мене во болница смртност на бебиња родени во 24 недела, без обзир дали се близнаци, тројка итн е помала од 30 %, во 26 недела е помала од 15 % после тие недели скоро и да нема смрност на бебиња.
@duffi дојди си кај мене на поседок, таман ќе те пуштам со батково мој да повежбаш неспиење. Дека препраќаат од приватните на државно, тоа е факт. Знам случај на родилка која заради висок притисок морше да ја пораѓаат порано и во ремедика не ја примија. Жално е што се случува во државното здравство, а уште пожално што и во приватните каде што плаќаме не секогаш добиваме подобар третман. Скоро секогаш сум чекала по повеќе од еден час на закажан термин.