Хаха абе зошто толку ти е битно ова? Мислам битно е, како не е, ама па не гледај тоа да ти биде пресудно. Се зависи што човек ќе ти се погоди во моментот таму, па и на приватна да си може да се најде некоја лева и да ми се развика што сум ја разбудила или нешто слично, па никому ништо. Најбитно ти гледај каде имаш постручен кадар, подобра опременост, а за викањето ти ќе викаш, тие нека викаат и терај си бе, што има да се замараш. Бидете ти е бебушка добри, па ако сака цела сала нека вика таму. Точно дека паника ти ствараат со викање ама па подобро да ти викаат да напнеш ако треба и слично него ли да ти се смешкаат и недај боже нешто да се деси со бебушот. Баш ова последно ни го збореа на часовите за трудници, понекогаш трудниците се губеле, дали од изнемоштеност, дали од страв и кога треба да се напне тие чекаат а бебушот нема време за чекање во тој момент, пример ако се наоѓа веќе во каналот и слично, ни покажуваа ама неможам а и незнам да објаснам добро, битно во некои моменти мора бебето да се истурка така кажано да не би направило некое непредвидено движење, да испружи раче и слично па да неможе да излезе никако а недај боже да дојде до задушување. Сеа можам да замислам што ќе си помислиш, исто ваљда и ја што си мислев тогаш, види ги бе што ни зборат, кај ни е страв па уште толку, ама кога ќе видиш подобро е да ми вика некој ако нешто не правам како што треба за да се спречи некоја компликација отколку да ми пеат таму. Ја затоа сакам царски, демек подобро било природно, раната потешко зараснувала од царскиот, ама кога прашав а за бебето некакви последици може да има, одговорот беше не, за родилките е потешко на тој начин. Абе кој гледа за мене во тој момент, бебето нека е како што треба, другото во втор план. Чаир пак ќе кажам, мислам дека не ти е подобра опција од ГАК ама зависи, ако си имаш врски тогаш добро. Ма да и битно е колку таа врска ќе биде со тебе цело време и ќе ти биде гаранција дека таму нема никој да ти се продере или да ти се испонаша дрско. На другарка моја и сметало што доктор некој зборел на албански со сестра или со незнам кого таму, па се фурала дека нешто за неа зборат дека не е во ред, што уствари врска немало, којзнае за што си правеле муабет. Гледај услови каде има подобри и кадар, остави се друго на страна, и така нема ни да се сеќаваш на тоа дали ти или некој друг викал во тој момент.
I jas od drzavna sum zadovolna Na ginekologija se dobri,na intenzivna najdobri a na oddelenie solidni ne gi gledas mnogu mnogu a stom si so bebeto I ste dobri ne ni ti trebaat E sega vrski sto vrski veke za nisto ne sakam da slusnam tolku se raduvav vrska imam bas na ginekologija vo rodilna sala koga predhodniot den treta pa slobodna...hahaha I na kogo bev jas na nikogo,sama na sebe I na Gospod.... Se javuvase mojata prasuvase kako sum na sestrite kazuvase deka sum nejzina na site smeni(3 deka si lezev 24 h)i nikomu nisto si ja rabotea doktorite svojata rab...da bese ona na smena ke se sredese se pobrzo ke se odvivaa rabotite ama ne bese kakov maler sum ...
форко барем јас додека бев овие два дена никој не се дереше ,се беше под контрола некој работи министерот очигледно ги поправил , јас сум задоволна не можам да се пожалам ,мм вика така работат не дека сакаат туку се подисплашени да не се жалат пациентите можно е ...
Абе и без да им запрети некој треба да си ја работат работата од срце, па најблагородната работа на светот ја имаат, секојдневно помагаат на свет да се донесе еден нов живот и пак да се однесуваат нечовечки... Ама така е кај нас, ајде се надевам така било порано, сакам да верувам дека сега е се променето. Да си заодев од почеток таму, ГАК сигурно ќе беше мојот избор ама ете, тргнав во Ремедика, таму ми се докторите кои ме водеа до сега и чисто најмногу поради тоа ќе одам таму и за пораѓај. За второ здравје боже ГАК не ми бега
Форко а да се опуштиш и да поуживаш малку до крајот на бременоста, дека вака со паничењево ништо не постигнуваш, дали ќе отидеш во Државна или во Чаир ти ќе ги трпиш болките, ти ќе се пораѓаш тоа не ти бега, нема некој друг место тебе да раѓа, а за персоналот јас незнам што до толку се замараш кога ќе биде бебето покрај тебе никој нема да те интересира, јас имав катастрофа пораѓај и не нешто сјаен персонал во Чаир, па да ми речат пак пак ќе одам ќе рагам, затоа опушти се, не за замарај до толку, само полошо си правиш....
Абе јас сум опуштена ама ете да си прашам не се плашам толку колку што прашувам Не дека дерењето толку би ми сметало и јас имам уста да вратам него се нервирам не знам каде да одам да се породам и затоа 100 прашања имам
А јас па демек ај бе Форко не се плаши, се ќе биде во ред, а мене уште повеќе ми прпа од тебе Ќе се смееме многу за некоја недела, ќе видиш После и ние како останативе, де бе жени, што се плашите, па пораѓај е, сите поминале низ тоа, ништо страшно
јас се пораѓав во државна а бев луд,збунет,нормален хахаххах со лесно нека ви е јас се смеев на жените со викаа од болки али после и мене кога ме фатија леле али со епидурална е супер топло ви ја препорачувам
Форко ке Читам низ сите теми , полна си со прашалници ... Не му се секирај толку , ке поминеш добро и ти како и секоја друга трудница (мајка) Ајде уживај си и одмори си ја главата од толку мислење Поздрав
Леле колку се радувам што сум официјално веќе два дена во деветти месец. Дефинитивно се пораѓам во Чаир и ЕДВАЈ ЧЕКАМ да ја видам буцка. Мислам дека од нестрпливост ќе кивнам и ќе се породам Викендов сум на семејна забава и ке треба да се патува надвор од СК. Спремна сум и во некој град попатно да се породам. Најбитно ми е буцка да е жива и здрава па ако треба и некој доктор намуртен и дерач да се погоди, јас ќе ги чекам очињата мои најмили да ги видам! Само опуштено Форко, затоа што верувај дека твојата паника му ја пренесуваш и на сонценцето во стомак!
Ооо срцка, мислиш подобро е во ГАК? Еве пишав и во труднички муабети, сите полни со нервоза и его и да ти е непријатно да си прашаш обично прашање кај доктор. Све што е државно е отидено во п.м. во оваа земја. Јас демек со врски, ама подобро да не беа врските, жими две очи. На пораѓај не барам врски, што даде Господ тоа, и така самиот чин зависи од мене и од бебето, а сестрите само те насочуваат. Така да, да му се плукнам во све што сум се родила во оваа земја, каде не можеш како човек да бидеш третиран за една од најубавите работи во животот.
Знае ли некоја искусна мамичка да ме упати со информација за апартманите во ГАК? Кога и како може да се резервираат и колку пари чини дневен престој?
Zosto ti e aparman? Sobite sega se kako vo hotel,novi,so skavcinja,televizor ,edno kupatilo vo sklop na sobata,samo dve cimerki ste,ima kada ako sakas da go banjas bebeto,za presoblakanje daska,se imas Moze samo sestra da ti fali e toa mozes da si platis da ti visi nekoj nad glava Za dva dena(ako si prirodno) ni sestra ne ti e potrebna za carski ke ti e od pomos Pozdrav pa ti kako sakas
Фала ти на одговорот. Некаде читав дека биле по 8 во соба...а и сега кога бев на цтг, долу имаше полни соби родилки...можеби биле привремено ама многу непрегледно ми се виде. Но ако има убави услови нема потреба од посебен третман.
Ne be src kakvi 8 toa na stariot del Jass setav,odev kaj padijatrite da baram obleka za bebeto mu propusti pelenata pominav pokraj site sobi za da stignam tamu sekade bea po dve zeni ic ne se zamaraj,nepotrebno trosenje pari e cuvaj ke ti trebaat ponatamu Brzo ke ve "rascistat", zatoa se osloboduva mesto So carski me pustija za 4 dena i toa 4 tiot izlegov,so prirodno den-dva I se osloboduva mesto... Najbitno e so lesno da pomines,bebeto da ti e dobro a tamu koga ke ti go donesat drugo nisto nema da ti bide vazno,ke go guskad,ke se ucite,ke ti letne vremeto
Мене малку не ми е јасно тоа пуштање за 1 ден од државниве болници. Па нели треба да си таму кај нив за не дај боже инфекции, да те прегледувааѕ, да има време да зарасне малку раната. Ако те пуштат дома, може да се инфицира а ти појма да немаш додека не ти дојде после нож под грло.