Уште тоа фали хахаахх, мене страв ме фаќа патувањето. Добиваш болки или пука водењакот и нормално се тушираш спремаш и одиш прво кај матичниот па за Скопје па тоа за мене значи 3,5 саати. Во ГАК ми треба здравствена, мајчина книшка и крвна група, нешто друго?
Тоа на филм така викаа докторите на предавање. Докторите на предавањата кажаа дека кај прворотка околу 15ч трае отворање. Секако, бај д бук, ако нема други индикации.
Како на филм Ама не иде тоа така брзо кај прворотки, но после пукање водењак дефинитивно мора да тргнете веднаш. Незнам за Гак, во Чаир не бараат мајчина, но ако во твојата се води евиденција што те кошта да ја понесеш.
Па пишува докторот во мајчината книшка цело време. Мислите да не одам до кај него да ме ѕирне право да тргнувам за Ск? Јас пак викам одење до него да каже што како оти ми е страв далеку сме од Ск, а кога би знаела ќе идам порано ама 1-2 дена а онака кој да го реметиш и малтретираш. И брзото раѓање нека си остане за на филм. Нешто друго неопходно што да носам со мене?
Јас не сум од Скопје и се породив на Гак. Водењакот ми пука во 7.00 часот сабајле и јас се спремив и тргнавме накај Скопје. Болки по пат никакви немав, а се плашевме да не почнаат контаркции и слично ххахах да почнам да викам и сл. ( како на филмовите) . Не беше така, по возење час ипол , може и повеќе , стигнав на Гак, болки немав. Следувше преглед и цтг и тогаш почнав по малку болки да имам. Мајчината книшка ќе си за земеш како и здрвствената, a и упат си имав јас пред тоа од матичен. Ми кажаа дека споро ќе се отварам, така и беше. Се породив во скоро 23 часот вечерта. Немаш потреба кај матичен да одиш ако ти пукне водењакот, се знае каде е првецот. Со лесно... Ако отиде на Гак земете најубаво спаваќа плус зошто на Гак ќе ви дадат едни спаваќи пола искинти и никакви. Мене ми дадоа на првиот преглед спаваќа што беше кратка и цела провлечен, среќа си имав своја и одма ја облеков кога отидов во соба. Кога ќе одите да се породите повторно старата спаваќа што ви ја дале мора да ја облечете.
Уф јас само од обратните. Еден сантим пред водењак. Ми пукна водењак, додека се вратив во болница(значи 30минути, додека додје мм по мене и ме однесе до болница), веќе 5,5цм отворена. Да можев природно за еден саат ќе ме породеа
Претпоставувам оти не е така брзо. Ама викам да не му текне по пат да излегува. Да не му се брза. Си правам филмови де. Или ќе треба да ангажираме друг да вози. Оти маж ми кој паничар е .. јас него треба да го смирувам. Ќе седам малку кај @kukla21 , па кај @Ano , да не станам досадна.
Кај мене од прием до потполно отварање минаа неполни два часа, али добро бев јас со провокација и немав ни цервикс веке така да и тоа игра улога претпоставувам. Во однос дека не порагале порано по приватниве не е точно , одбивам да верувам дека ако мене ми се десеше да се породам порано ке ме вратеа, немаше шанси тоа да ми го направи докторот, а и на никој не го прават, се секавам на редовна контрола на синко го чекавме прилично долго педијатарот , па кога дојде кажа дека имале итен порагај во 27 недела, па интубирање на бебето и дека било критично, така да.. @duffi доколлу си во можност можеш да изнајмиш станче во Скопје ,ако не ке барате некој друг да ве вози инаку и јас имав такви филмови ке ми пукне водењак, ке ме фатат болки, нема да стигнам на време, па ништо од тоа не се деси
Ама јас од 1до 5,5 стигнав за нешто повеќе од еден саат Да не ми се исплаши @duffi кој знае колку време сум била со еден прст отворена. Плус изгледа ме испровоцира докторот со прегледот. Дополнително што живеам на 15мим од болницата, па затоа ме пуштија дома.
А мене која ќе ме прими да и досаѓам хаахахах. Жени се слушнав со "врската" од ГАК ама некако не ми е стабилна и ми вика да идам петок да ме прегледаат. Она има став кој за мене е чуден па кажете што мислите. Ми вика ќе дојдеш кога сум дежурна, ќе ти стават провокации (ама како не ми е јасно без претходни индикации нормално ли е тоа?), ќе видиме вика како оди и ако не бидне ќе продужиме со царски. Мене тоа ми е чудно и несватливо . Плус ми е страв од анестезии па се молам на господ да одиме со природен пораѓај и да биде се во ред. Ако бебе не почнало да дава знаци не е ли опасно да се стави провокација?