2015 со целосна, 2017 со спинална. Си побарав пак целосна, рекоа не ја практикувале веке, вака е подобро.
Kako si zadovolna I koj doktor ti pravese carski I dali moze da se dogovori carski a da ne te teraat prirodno
Првиот пат Јегени, вториот Горгиев. Од докторите и операциите презадоволна. Од остснатиот персонал првиот пат задоволна, вториот не. Имам пишувано низ темава, можеш да прочиташ. Не знам дали може како што бараш. Кај мене се одеше царски ради други здравствени проблеми, ради кои не можеше природно.
carskiot sekogas odi so indikacija I jas Bev carski zatoa sto taka morase so celosna opivka Carskiot go pravese Mladen Risteski personalot katastrofa
Здраво на сите, ги читам коментариве за темава и веќе сменив 300 мислења. Во 36 недела сум и на матичниот му реков да ми даде упат за во Чаир кај др. Георгиев тој да ме води до породување (што не значи и дека ќе ме породи)по препорака од пријателки и позитивни коментари за него на форумов. Ме интересира дали некоја од вас скоро ја има тој породено и каков е персоналот(сестрите)? Коментариве за персоналот се и позитивни и негативни, но би сакала да знаам информации од скоро. Бидејќи терминот ми е околу Нова година баш тогаш не се знае кој јаде кој пие , па ме фаќа малку паника што од самиот чин ,што од негата во болница. Поздрав
Горгиев ме оперираше, за него се најдобро. Останатиот персонал во 2015 одлично позитивно искуство, во 2017 катастрофа.
Па за докторот немам баш убаво мислење а за персоналот и така и така,со оглед на тоа што снаами работи таму мене ме породи Младен ама и тој е тапа спрема Кировски.
На ГАК никогаш повеќе, НИКОГАШ, се породив таму ама кога ќе имам време ќе пишам во породилни приказни моето лошо искуство.
Преглед со термин, ради реда нели дека ептен мора.. супер се, ама како спремен глумец беше, со што се докажа и дека е тоа наредниот пат кога отидов кај него. Многу антипатичен чоек, кој на трудница со болки (а сабајлето пред контрола со висок притисок бев и тоа му го кажав) и отвори врата да си оди, како да не ме сослуша ни што му кажав. Дури ми рече: Сега после 12 јас работам со блиски (мислеше на врски и подплатени најверојатно), а со нормални пациенти сабајле, така да дојди сабајле! Безобразно многу, се изнаплакав во ходничето зашто сама чекав мн време и за цтг и за да влезам кај него, за на крај ни цтгто да не ми го ѕирне. И иронично ми рече: дојди во 2, може ке сум тука да те видам.. да бе јас цел ден во Чаир за една контрола од 5мин да дремам, дури може и ке ја немав.
Мамички се ближи терминот за пораѓај а јас сеуште не сум одлучила дали ГАК или Чаир. Сакам да ве прашам која е постапката за избор на болница? На пример, ете се одлучувам за Чаир, дали претхоходно треба да одам на некој преглед таму да закажам или само торбица и директно одам таму?
Обично од 36 недела со упат од матичен се оди на преглед се прави цтг и контрола кај доктор кој што е тој ден во амбуланта,односно докторот што ти сакаш да го одбереш е сега после тоа се договараш со доктор дали сака он да те породи или кој ти се падне на смена.Ова за Чаир ти кажувам за на ГАК незнам
Баш ми е жал @mariz тоа што ти се случило, само кој те презеде после тоа? Јас бев со упат од матичен кај него и не мозам да казам дека имам замерки, но кога го прашав кога да дојдам повторно тој ми рече па ако доаѓаш кај мене ќе нема место.Рече кој и да биде во амбуланта колегите ке те примат. Не даде зелено светло дека тој ќе ме води. Дали некој знае кој ден е во амбуланта,пошто не сакаше да каже? И искуство ако има некој со помладиве доктори од Чаир, слушам сите земаат пари. Поздрав!
Здраво Димитар Георгиев е во четврток во амбуланта А зошто те интересираат баш помладите доктори постарите се поискусни Лазар Кировски е на пример добар Младен Ристески не ти го препорачувам лошо искуство
Исто и јас. Никогаш таму. Како ме третираа на одделение плус, ко да не сум човек. Никој не дојде да ми покаже како да дојам или барем некој совет да добиев. Ништо.
@fina erika Не дека ме интересираат младите доктори туку дека ги има доста во Чаир, а пријателкиве што се пораѓале таму немаат искуство со нив (освен со Младен...позитивно искусво). Па затоа прашувам.