Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Kako da gi izdavaat?
    Mislam imam citano deka postojat apartmani ama ne znam kakos e dobivaat
     
    На Lejlaah му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.743
    Допаѓања:
    145.179
    Ако е слободно ќе те сместат во апартман.
    Се доплаќа нешто.
     
    На Lejlaah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Секако се со пари и врски

    Мислам на тоа дали даваат дали имаа такво нешто а и да има . Сепак сигурно се е преко врски и пари
     
    Последна измена од модератор: 22 јануари 2018
    На wannaBeMomma и duffi им се допаѓа ова.
  4. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.207
    Пол:
    Женски
    Ima apartmani i vo Gak i Cair i se plakja 50 evra od den
     
    На Lejlaah му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    ^Во ГАК се последните две соби исто како апартман само што не си сама туку со уште една родилка плус , до сега два пати имав среќа во тие соби да бидам , еднаш во последната и еднаш во пред последната , во другите соби има по 4-5 родилки и wc не знам дали има во нивните соби за овие двете знам дека има и е многу по тивко за разлика од другите соби .
     
    На Lejlaah му/ѝ се допаѓа ова.
  6. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Исто како апартман само дека се на крај на ходник жив човек не доаѓа :) И јас имав "среќа" таму да бидам и затоа ја немам пишано мојата породилна приказна. Ама породување во државна болница навистина зависи од среќа па не мора да значи дека сите поминуваат лошо. Бар се надевам :?:
     
    На Meckicja, ❤️Sneze❤️ и fina erika им се допаѓа ова.
  7. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Мене ми одговараше дека не сакав никој да ми доаѓа , ама пак доаѓаа на 2-3 саати "досаѓаа" педијатар , сестри и чистачки :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Ха ха ха на 2-3 саати, да не било скриена камера. Се држев по ѕидот, буквално со нокти гребев за да стигнам до другиот крај на ходникот да замолам сестра или било кој да дојде, да се појави, зошто ако викнеш исто ко да не викаш. И кога дојдоа на визита (пошто мораат нели) имав веш на мене и не сакаа да почекаат 2,5 секунди да се соблечам. Ми рекоа спреми си се ти ќе поминеме ние пак... и никогаш повеќе не ги видов...
    Се ежам од самата помисла на породувањето. Нема подобра контрацепција од породување на Гак.
    #Тажно ама вистинито
    Второ дете да ама второ породување :x
     
  9. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Јас во ЧАир поминав супер пред 5 години, и здравје за второ сакам пак таму иако Јегени е во Санте Плус. СО царски, после операција по 3 саати дојде сестра и ми помогна да станам, да се исправам на нозе до чешма да се замијам (искрено и да не дојдеше, не можев да се трпам, сама ќе станев да се замијам), од таму после ме симнаа во соба и пак ми помогна хигиеничарката да станам до тоалет. На секои 2-3 саати поминуваа сестри, хигиеничарки или педијатри да ни ги прегледаат бебињата. Јас побарав моето да е до мене за веднаш да го дојам и ми го оставија.
    Женичката до мојот кревет имаше проблем со вовлечена града и сестрата дојде со шприц и ја извлече и веднаш помогна. Спремни и професионални во секој поглед. Сега не знам како е, ама ми се чини дека се подоби од ГАК.
     
    На Kitten и kikin им се допаѓа ова.
  10. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Искрено доаѓаа на 2-3 саати се различни , дури досадни ми станаа те температура да ни мерат , те дете дали е пресоблечено и најадено , исто имаше со мене и првиот и вториот пат мајки што дечињата им беа во инкубатор па стално доаѓаше некој доктор .
    Како што напиша и ти погоре , секој со својата среќа , ете мене ми се посреќи тие два пати без врски , подплатувања или дарови да пројдам , сега за третото здравје само Господ нека ме чува и мене и сите од лошо .
     
    На *Лорена* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Така е, за жал од среќа ни зависат судбините во болнициве.
    Ти ја посакувам сета ТРЕТА среќа на светот. Имај лесено породување а јас со нетрпение ќе чекам позитивна породилна приказна од државна.
    Со лесно мајка!
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :* :)
     
  13. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Vo apartmanive vo Cair ima eden krevet ili dva?:) I kako sto razbrav ima apartmani i vo noviot i stariot del?
     

    Прикачени фајлови:

  14. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Јас видов со еден. Исти се ко обичните соби, плус тв. И сам си.
     
    На pile30 и queen007 им се допаѓа ова.
  15. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Epa super i poseta imas neli? od 9 do 21:00?
     
  16. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На queen007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    Такви апартмани има два во Чаир и има еден кревет и се на крај на ходникот блиску до пултот на сестрите и некако дува мн таму нас после апартманот не гледаа на ехо пред постање од болница и беше многу ладно таму....искрено не приметив дали има некоја врата...но апартманот го видов...има тв,креветче на Памперс ко во приватните болници ( не се железни ко другите креветчиња) и еден кревет е со тоалет...
    Јас дека со царски и две бевме во соба со тоалет...а природно што се се со 5 кревети и тоалет...оно и со царски ставаат жени во петокреветна соба зш немаше место...јас имав среќа да сум со една...
    Ние премрзнавме 4 дена и во шок соба и на одделение нешто имаа проблем со централното но и парната само навечер ги пуштаа да замлачи а преку ден камен беа :( ние двајца после 2 недели со мрсулчиња си бевме и јас и бебе:envy:
    Со лесно
     
    На queen007, kukla21 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.297
    Допаѓања:
    76.393
    Пол:
    Женски
    Незнам дали така ги делат царски и природно породените. Еве @Kitten беше во двокреветна, а природно породена. Јас бев со 3 цимерки, ама не беше лошо.. ми се погодија, па со две до ден денес се дружиме. Има значи 2креветни, 4креветни и 5 креветни. Баш бев до кај една до соба и она беше со 4 цимерки.
     
    На pile30 и Kitten им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Да, две бевме, јас природно, цимерката царски, собата беше бр. 30 до пултот на сестрите прва лево.
    Апартманите појма немам каде се.
     
    На pile30 и mariz им се допаѓа ова.
  20. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    А за парното, да. Чудно го регулираат. Јас бев во 4 креветна, до прозор. Се смрзнував кога ќе се затемни. Парно во 23 ч некаде пуштаа. Е тогаш се потев. Ми беше страв за бебе, навечер ми го оставаа, те ладно, те топло. Незнаев кај да го ставам, дали со мене (кога нема парно мене ми смрзнуваа раменава), кога е жешко, во креветчето, подалеку од парно. Ок поминавме се на се.
     
    На pile30, Kitten и mariz им се допаѓа ова.