Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    Така ми имаше објаснето сестра Невена но во гужвата ги ставале кој каде ќе има место јас искрено поима немав не ми беше ич битно колку ќе сме :)но со ладното ужас е ...јас и чорапи носев бебе со ќебе покриено и пак со мрсулки си дојдовме дома:(
     
  2. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам тие што се имаат породено во Чаир.. дали бебето ти го оставаат постојано со тебе или ти го носат само за доење? :worried:
     
  3. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Од кога ќе се породиш со тебе е во соба,дури и педијатарот мислам во соба доаѓа да го прегледа.Ако си со царски од кога ќе те пренесат во соба на оделение.
     
    На Delgadina и Rose-tulip им се допаѓа ова.
  4. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.207
    Пол:
    Женски
    jas sum sega vo cair i ne e postojano kaj mene, mi go donea vo 6 sabajle za doenje i vo 9 posle po moj zahtev :)
     
    На Rose-tulip, Delgadina и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  5. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски

    Јас се породив царски во 12ч.на пладне и во 18ч.ми го донесоа само да го видам на 30мин.и го земаа.Утредента во 9 во соба ме префрлија и во 11 ми го донесоа...тој ден ми го зимаа за бањање и пресоблекување и спиеше таму до 02ч.по полноќ пак ми го донесоа.Е третиот ден беше со мене и во соба го бањаа и соблекуваа и да цица...тојден имав страшни болки и вртоглавици и педијатар помина и замолив да го земат на пола саат и лом ме направи како сум бегала од бебето каква мајка сум била;(
    Кога и кажав дека 5то инвитро ми е ова бебе,5 год.го чекав како може да ме набедувате на нешто што не е така...и падна криво и си замина...бебе не го земаа...се тегнев по креветот да станам кога плачеше...а млеко немав а тоа гладно;(
     
    На Rose-tulip, Meckicja и fina erika им се допаѓа ова.
  6. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Te прочитав неколку пати многу ми е криво за тебе, за нивниот однос :envy::@и јас бев со царски и знам колку е тешко и станување и се а бебето плаче ужас,ужас никаква етика и морал.
     
    На pile30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Па кој е тој однос навистина? :@ вака како што читам искуства така се повеќе ми се гади од нашево здравство, па на што личи тоа? Тукушто породена, царски, и таков третман да добиеш? немам зборови, стварно ми е жал ;(
     
    На pile30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Вaкoв персoнaлoт не е oд сегa. Oдaмнa е хoрoр и не, не е дo министерoт или директoрoт, Петкo или Јaнкo. Луѓетo се рaсипaни, трули и бездушни. Без никaквa емпaтијa кaкo чoвечкo суштествo a не пa кaкo медицинскo лице.
    Кoгa сме веќе кaј "умесниве" кoментaри мене ми дoјде дoктoр вo предрoдилнa сo шилo и ми рече дa се кaчaм нa бoкс. Стaнaв и вo тoј мoмент дoбив мнoгу силнa кoнтрaкцијa. При сетa бoлкa му рекoв: Се извинувaм, сaмo секундa дa пoмине кoнтрaкцијaвa, не мoжaм дa се пoместaм", нa штo дoбив: "Ај не се лигaви мa, тебе ли дa те чекaм!"
    Ах пoрoдувaње..., би плaтилa дa мoже дa ми гo избришaт oд мемoријa.
     
    На fina erika и pile30 им се допаѓа ова.
  9. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    9.448
    Пол:
    Женски
    Пред да се породам многу се распрашував како што 4 другарки и кумата беа породени пред мене пред една год.и задоволни презадоволни а јас па воопшто не сум маанџика...но тоа што го видов таму тие 4 дена нема да го заборавам...сеуште имам топче (пинкпонг големина) што ми ставаа антибиотик ;(
    Ова не го кажувам да предомислам некоја едноставно само го споделувам моето искуство таму...реално има многу родилки што се многу задоволни...незнам што да кажам...на секоја визита само ми викаа добра си ти добро е бебето јас прашував како му е крвна слика,за жолтица дали има и ред други раб.па на пазарче ќе сврзиме повеќе муабет...па затоа е таа визита...
    Кога дојде ред во ШОК СОБА хигиеничарката на сестрата и вика оди ти пиј кафе јас една по една ќе ги станувам а сестрата и вика само пази да не ти падне некоја и башка што не стануваа нагло ;( и 4ч чекавме да ни стават инекција за болки зошто? Па сестрата си зема крстозбор и кафето и ја снема...ова го кажувам зошто креветот ми беше одма до собчето каде седеа...а таа дежурна што беше стави инекции на сите ко стадо овчички и ни вика ај не туку викајте глас да не чујам знам дека ве боли...си зема перница и прекривка и легна во собчето;(;(

    Извинете на долгиов пост но ова е дел мал од моето искуство во Чаир(facepalm)
     
    На fina erika и Meckicja им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.505
    Мене болничарката во ГАК неколку саата по пораѓај ми дојде и ај да станам да ми помогне и плус до тоалет да одам и таа ми вика, леле пази плочките со крв ќе ми ги направиш. И ми пука филм и и реков :јас тоа не можам да го контролирам или ај да ставам затка, па да не ми тече крв. Мислам сешто и идиотка тешка.
     
    На fina erika, Meckicja и pile30 им се допаѓа ова.
  11. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    И после ќе викаат кај и да одиш болките се тие, нигде нема да раѓа друг за тебе.
     
    На kukla21, pile30, *Лорена* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано во темава. Се пораѓав во чаир , се породив во 15ч , во шок соба во 21 ме станаа прв пат. Најболно беше се согласувам , но затоа јас веќе другиот ден станав и можев да одам до вц , се разбира полека.
    Имам обратен случај во друга болница братучетка моја ја станаа прв пат по 24ч од пораѓај еднаш. Другиот ден пак еднаш , болки имаше страшни од постојаното лежење два дена . Мене во Чаир третиот ден ме пуштија и мене мм ми се смееше ми викаше ти стварно дете роди?
    Знам дека е тешко и знам дека боли ама верувајте во која и болница да сме истото ќе биде , а може и полошо.
    За Чаир за педијатрите и јас имам замерка за нивното однесување ама битно помина.
     
    На pile30 и Delgadina им се допаѓа ова.
  13. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Е тоа ме мачи: "Битно помина". Секако дека ќе помине, ама зошто да се памети како траума, да се мисли на следната бременост со страв, повеќе да се плашиш од луѓето таму отколку од самиот чин.
    Верувам дека да не ме оставеа буквално сама 4 часа и да се породам малте не сама секако ќе имав поубаво искуство иако се болките тие. После 3,5 часа огромни болки со провакации не е исто дали си препуштена на себе сама во соба, дали ќе има некој физички присутен да ти каже издржи уште малку или ќе ти каже не се дери ма, не си ни прва ни последна. Болките се тие ама ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ИСТО.
    Многу жално што живееме во последната дупка на светот па за "нормално" породување и човечки однос треба да земаме кредити и да се пораѓаме приватно.
     
    На pile30, Rebecca_R, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Дур беше Јегени директор да така беше. Првиот пат он ме породи. Сега веке не. 2017 со второто пак таму се породив, општ хаос беше, сестрите не те фермаат може да се одереш од викање, чаршав не ти менуваат, однос кретенски.
     
    На pile30 и fina erika им се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    На ГАК се породив, поминав добро. Во соба бев со уште една девојка, купарило во собата имаше, јадењето солидно ( да не се лажеме болничко јадење си е болничко јадење). Со царски бев нареден ден ме станаа, ме истушира болничарката, ми даде чиста спаваќа. После сама си станував. Собите топли, беба не ми ја носеа оти имаше жолтица и повраќаше па ја држеа кај нив на опсервација. Се породив на 3 ме пуштија на 8. Секое поминување прашуваа дали сакаш за болки нешто. И мене ми се погодија мн фини сестри. Дали моја среќа било или што не знам ама јас без врски супер поминав. Е сега посета не ми пуштија, ама излегував пред оделение и си поседував со мајка ми и мм а тоа беа 5 чекори. Ништо страшно. Мене ми пречеше тоа што по ходник се шетаа разни мажи а ти со разголени гради, без гаќи, непријатно.
     
    На Martka, pile30, ❤️Sneze❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Eeeeeeeeee!!!!!!!!беше тоа некогаш во Чаир КОГА ЈЕГЕНИ БИЛ ДИРЕКТОР.
    Е да знаете сестрите како се понашаа со сите таму.Мене ми го донесоа мобилниот во шок соба за да го известам сопругот за направената ситуација и една докторка грда Марина се викаше после дознав Анестезиолог била,ама не е во ред да се јавуваш и тука има други мајки кои се породени.Да има и викам а кај им се нивните бебиња кажи ми ти мене,и се замолчи. Моја нога никогаш нема да стапне во Чаир,ама никогаш ни на ГАК нема да идам.Поарно дома сама да се породам.
     
    На Olgica.bu, pile30, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    И јас бев со болки од провокација скоро 10 часа и ми рекоа дури другиот ден царски , да напоменам со пукнат водењак.
    Незнам тебе како ти се погодило ама мене никој не ми се дереше .
    Докторот доаѓаше на секој 2 часа да ме провери дали има напредок или нема. Пишав и погоре знам дека боли ама мора да поминат тие болки , сега ти имаш лошо искуство од причина што ти фали некој да ти даде подршка во тие моменти. Фали се согласувам со тоа ама на патолошка каде што. бев бевме едно 15 жени со болки .
    Која ги пцуе сестрите , која плаче , која вика и неможат сите да не смират нормално.
    Има и жени што претеруваат еве и пример, лежам на патолошка и носат жена една , ја примиле пошо 42 недела веќе и женава нема болки и кажуваат од утре почнуваме со провокации.
    Она почна како никој не дошол да ја види , и сестрата и вика докторката не е излезена од сала операции има , сестрата и вика имаш ли болки и она и вика шо ти е тебе гајле дали имам донеси ми ја докторката да ја прашам нешто , кога сестрата ја одби таа почна да и се заканува како ќе свртела она еден број и сестрава ќе летала од работа .
    Сакам да кажам има безобразни сестри , ама некогаш и ние претеруваме.
     
    На babydust, joy1 и Kitten им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    И што се случи со жената потоа дозна дали се породи или не.
     
  19. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    На жената другото сабајле и ставија провокација и немаше болки додека бев јас во соба , потоа ме однесоа во сала и незнам што се случи.
     
  20. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Во предродилна бев САМА. Баш од таа причина пошто една ко ниедна се спикаа по некои сопчиња со ѓезвето и ме заборавија 4 часа. Кога се појавија беа отечени од спиење. Јас повраќав од болка повеќе пати (и при тоа се извинив зошто сум повратила во сад за таа намена) а немаше кој да ме види.
    На породување отидов сосема свесна за тоа што следи и дека мора да боли. Бев спремана и психички и физички. Фала богу домашно воспитување имам па и во најголемите болки јас не заборавив на ИЗВИНЕТЕ и ВЕ МОЛАМ. Глас не пуштив 11 часа освен последните 30 секунди на бокс кога имав само еден крик. Си ги издишував болките и не очекував никаков посебен третман од никого. Ама очекував дека во болница работат ЛУЃЕ со основни манири и општа култура.
    Не сметам дека сум претерала со очекувањата во ниеден поглед, и ова е само делот за предродилна сала.
    Не сакам ни да почнам за доле на патолошка или после во соба. И многу е тажно што може "да ти се погоди или не" некој што се дере и ти се обраќа како што не доликува ни на животно.
    За мене нема оправдување за вакво однесување на персоналот макар имало 30сет жени што се пораѓаат во исто време. НЕМА.
     
    На pile30, kukla21, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.