Како прво не ни сакам да навлегувам што се случи и зошто е примена во 42 недела , јас бев 41+5 кога се породив. А за тоа жално е да дали ќе се погоди или не , ама неможат на сите да ни удоволат и сите да бидат задоволни. Во оваа тема има поделени мислења задоволни / незадоволни . И во темата за приватните болници е исто мислењата се поделени. Тоа е здравството во Македонија , само Господ да не чува. Да редактирам се породив на 16 јуни 2017.
Епа тебе ти се погодиле ете. Искрено жално е навистина да одиме на пораѓање и да се молиме дали ќе имаме или ќе немаме среќа и дали ќе ни се погодат фини или лоши. А за приватно е друга приказна. Имаме одено и таму. Таму нема дерење. А пораѓајот си е тој точно, ама имаш човечки однос и нема да те остават сама сигурно во предродилна или на бокс ко што бев јас на ГАК.
ЕПА ТОКМУ ТОА ГО РЕКОВ,не те третираат како да си стока што имало милион случаеви.Па малку ли плата зимаат докторите на државните клиники па им е преку глава од се.Од што им е преку глава се прашувам. Од Д....ди или од мито.
Платата, работното место... А богами огромни плати зимаат без разлика овие другиве колкаво мито примаат. Епа јас кога би била медицинско лице повеќе би сакала да зимам плата на приватно @fina erika работното место во приватна болница им налага како да се однесуваат со пациенти. Не дека сите се пуни етика и морал, и дека во приватен живот од уста им тече само мед и млеко. Ако работникот не сака да научи (буквално на некои им е научено) да се однесуваш кон пациентите како кон пријател, и баш како што кажуваше низ темите членката Битерсвит- да ги држиш за раче и да ги бодриш "пуш, пуш", има и други кандидати кои би го работеле тоа. Никој не е незаменлив. Сигурно докторите и сите стручни по приватните болници не ги бирале по "фино понашање".
Многу пациентки се на еден доктор, дневно во државно којзнае тој доктор по колку жени трча и колку пораѓа. А приватно една на два дена ке породи... Мислам не е толку до парите колку што е што тие доктори државно душа немаат од работа. А приватно на тој доктор да му е мерак на работа да отиде, па затоа и ке те погали, денот убав му бил.. не хаотичен од многу работа
Ај да не пукнеш ме изнасмеа Како се погоди во приватниве се високоетични и морални доктори, а во државниве ѓубриња Залажувајте се ако сакате, ама јас не сакам да ме гледаат како банкомат. Толку од нивната етичност.
Aбе ви се чудам еве јас богата сум и ќе отворам приватна болница,и ќе вработам доктори и сестри. И ќе имаат садисвакција за работа и лепо понашање затоа реков,никој не те тера бе да се пораѓаш приватно,они ти нудат можност а ти како сакаш.Па земаат плата таму луѓето,не земаат мито. Додека им тутнувате по 300 евра на докторите во рака е така ќе биде За докторот 300 евра За сестрата 100 евра Па за незнам која трт прт за га те гледаат подобро. Приватната болница не те гледа тебе како банкомат,ако сакаш оди таму ако не сакаш немора. Не искочија докториве од приватниве по улица,па ај ќе не влечат за раце,аман заман породете се во Систина или Ре медика.
Е не, добротворна организација се. Работат ЗА ПАРИ и ПРОФИТ. Етиката и моралноста им се на најдолното скалило на приоритети.
Абе девојче реков ако не сакаш не оди и матичниот гинеколог не треба да ти земе пари за ехо и за брисеви,и за колпоскопија и за други работи па пак му плаќаш.
Абе што споредувате приватно со државно. Државно нелегално земаат пари, а приватно легално, нели?. Т.е. државно мито, а приватно си плаќаш, ти даваат и сметка и готово. И да, ѓубриња се државно. Јас имам искуство и таму и таму. Систина и правев операција претходно, па после тоа и таму ја следев цела бременост и супер се беше, а на ГАК катастрофа си поминав.
Па приватно докторот си зима само плата. А оној државно со мито, поголема плата од тој доктор на приватно ке земе.
Ај што зима мито,па каков однос имаат како да си говедо а не човек.Да ги прашам дали така се однесуваат со нивните сопруги и блиски
Да не генерализираме,не се сите такви во државно.Докторите во приватните болници се дојдени од државно или јавно здравство . Платата и условите не треба да го прават докторот човечен,ниту пак во приватните се сите задоволни од добиената услуга,напротив и таму има многу незадоволни и со лекарски грешки и смртни последици.
Баш така. Во последниот случај па и уште се оградуваа дека жива била родилката кога ја однеле во државна . Срамота. Не треба да се оди подалеку отворете ја темата за приватни болници на форумов и ќе ви стане јасно. Не викам дека во државните клиники , зборувам за Чаир сите се цвеќе за мирисање ама стварно има стручни , спремни и човечни доктори и без пари да им дадеш.