Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Еве јас бидејќи имав лошо искуство со државните болници реков дека моја нога нема никогаш да стапне.
    Сте немале лошо искуство затоа така зборите.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.672
    Допаѓања:
    35.503
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто. Ама, да не се лажеме, не им се ниту приоритет.
    Ни на државниве не се цвеќиња, ама да се величаат приватниве е смешно, навистина.
    Жално е што со трката по пари ја деградираа професијата.
     
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Ama da sme jasni, na privatno parite od poragjaj ne gi zima doktorot, taka da ne znam zosto se stava vo ist kos i se pisuva trka za pari itn.
     
    На Mishela, pile30, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.672
    Допаѓања:
    35.503
    Пол:
    Женски
    Како не ги зема? Едниов легално, другиов нелегално. Приватниов за да земе плата треба клиниката да оствари профит. Оти бизнис е, не добротворна организација.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Во приватно не плаќаш само човечки однос, плаќаш и хигиена, приватност и посета кога и да посакаш.

    Парите не ги зема докторот, тој зема плата која е фиксна. Читав за царски земале повеќе пари, а и логично, операција е тоа.

    На државно докторот има плата плус мито. Висината на митото можеби е три пати поголема од платата на докторот во приватна клиника.

    По пораѓај у државно си у соба со уште три жени и нивните фамилии. Хигиена под знак прашалник. Е може ке немаш среќа, па ке си на друго одделение, јер гужва. За односот на сестрите веќе е кажано.
     
    На fina erika, pile30, wannaBeMomma и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.418
    Пол:
    Женски
    апропо Систина ,др.Угриноски од кога работи таму?
     
  7. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    И во приватните не си сам , со уште една жена си , ако сакаш сам во соба доплаќаш.
    Пријателка ми се жалеше дека само што се породила , по неколку часа на цимерката и дошле цела фамилија до трето колено и дремеле во соба едно два саата .
    Во државните нема посета не е дозволена освен во апартман каде што се доплаќа.
    Бев на државно и не наоѓам замерка на хигиената затоа што чистачката влегуваше 2 до 3 пати ноќта и метеше и во патолошка и горе на оддление.
    Чиста спаваќа ми носеа секој ден.
    Ми помагаа да се облечам.
    Ми помагаа за цицање и исто за бебето пресоблекување , бањање итн.
    Единствена замерка имам за педијатрите и го кажав тоа и погоре.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.418
    Пол:
    Женски
    фали пероснал и те како на државно.Јас бев на одд за плучни болести.Чистачката која го чистеше нашето одд чистеше и на очно,и на рентген и плус на повик беше на гинекологија.Епа кобила да е па неможе да постигне секаде да исчисти безпрекорно.Носи крпи плус за перење,униформите на перење,истите ги враќа назад ги дели која кому припаѓа,менува постелнини во ординациите,брише плочки,купатила,лавабоа.Башка што ако се скрши нешто,се истури кафе,пацинет крвари,повраќа или ред други раб ја бараат на моб да дојде и тоа да го исчисти.Јас на работа идев во 7:30 сабајле она веќе чистеше.Никогаш ја немам видено да седи.И дома да си па не постигаш за еден ден генералка на цел стан а не пак на 4 оделениа една да е.Башка сретствата за чистење не и се на дохват,туку мора главната сестра на одд да и даде.А главната касни па ти снаоѓај се како ке чистиш.
     
    На azelea, Leo_29, ❤️Sneze❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.505
    Грешиш. Во ГАК таа што беше со мене во соба со јаки врски и имаше нонстоп посета. Замисли јас разголена горе, се обидувам да дојам и упаѓаат мажот на таа со кумот. Ај во приватните има завеси меѓу родилките, а ваму ништо. По два саата дремеа. И тоа е ок? А се прават дека као забранети посети.
     
    На fina erika и *Лорена* им се допаѓа ова.
  10. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Не викам дека е ок . Во чаир видов дека нема , а за во државна мислев дека нема.
    Секој си има позитивно или негативно искуство.
    Сите сме свесни какво ни е здравството како што кажав погоре со нашево здравство само Господ да ни е на помош.
     
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Pa ne e negova bolnicata, zima plata isto ko drugiov.
     
    На fina erika, kukla21 и Black girl им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.505
    Има, мила, на ГАК. Еве и на таа исто и нонстоп сестри и доаѓаа да и покажуваат за доење, па со пумпи, силиконски брадавици, а мене никој ништо. Затоа сум многу разочарана. Јас знаев дека е хаос таму, ама не знаев дека до толку не ги сметаат родилките.
     
    На fina erika, pile30, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама ти си една од ретките кои имаат вака позитивно искуство. Од она што го имам слушнато и она што го имам прочитано тука, најчесто се незадоволни.

    Имам влезено во речиси сите згради во Клинички и хигиената е на многу ниско ниво.

    Во приватните има завеса. Инаку, мој став е дека ако одам приватно ке доплатам за да сум сама у соба. На толку пари, уште колку ке дадам, 200 евра плус за тие неколку дена?
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.056
    Допаѓања:
    40.398
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав се моташе таму уште пред 3-4 години, ама дали работи незнам.

    Во однос на муабетот иако не е темата приватни наспроти државни. За приватно ако имаш пари ќе си ја платиш услугата(нормално и ако сакаш), во спротивно ќе завршиш на државно каде за жал условите се такву какви што се. Жално е што условите се скоро мизерни, особено во најбитните клиники- гинекологија и детска клиника.
    Инаку не се лажете дека на приватните работат за плата. И те како и таму работат на таргети, колку ќе сработи ќе добие плус. Не зборам за породување (иакои и таму се манипулира со природно наспроти царски), зборам за хируршки интервенции. Може да се случи да те отворат и на здраво. Па сега видете каде им се етиката и моралот.
     
    На azelea, Rabbit, *Лорена* и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.505
    Не се секогаш проблем финансиите. Еве кај нас не беше тоа проблем(не сакам да излезе како фалење), ама мм си имаше зацртано дека ако нешто не дај боже се искомплицира ќе ме пратат на клиника. И затоа по негова иницијатива се породив на клиника, демек државно е државно. Ама сега и тој увиде дека згрешил во одлуката.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не е една од ретките. Јас имам дојам дека ретки се тие што се незадоволни од Чаир, и тоа ако постои такво нешто тоа е само во одреден домен, не од севкупниот престој.
    За некој оваа сума е месечна егзистенција.
     
    На Leo_29, fana и Aneta92 им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    За првиот дел, јас реков дека она е една од ретките која е задоволна од ГАК. Или ја имам нешто погрешно прочитано?

    Таа сума е месечна егзистенција, ама ја убаво реков ако имам да дадам 1000+ евра за породување во приватна болница, ке имам да дадам уште 200 за да бидам сама у соба. Значи на толку пари т.е. на 1000 евра, тие 200 плус се "ништо". Од друга страна, фамилија со просечни примања или минималец може да сонува за приватна.
     
    На fina erika, Kitten и fana им се допаѓа ова.
  18. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Јас сум породена во Чаир , за Чаир кажував дека сум задоволнс.
     
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А тогаш моја грешка, сум измешала нешто. Ја мислев породена си на ГАК. За Чаир да, најголем дел се задоволни.
     
    На Aneta92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.672
    Допаѓања:
    35.503
    Пол:
    Женски
    Очигледно не ме сфати.
    Муабетот почна откако имаше констатација дека во приватниве клиники докторите се етични и морални, а во државниве не. А не е така. И ваму и таму има секакви. Тие што не се етични и што се нечесни на државно земаат мито, а во приватниве клиники мотивирани и со директна или индиректна наредба од сопствениците вршат непотребни интервенции и на секој начин гледаат да извлечат пари од пациентот. Всушност, го гледаат како банкомат.
    Тоа ми е целата поента на муабетот. И жално е што е така, оти како што кажав и претходно, ја деградираат сопствената професија. А уште пожално е што се во мнозинство :(
     
    На Annath, Kitten и wannaBeMomma им се допаѓа ова.