Ова ме интересира дали на ГАК даваат епидурал и без врски,наводно само ако имаш врски ќе добиеш ,само тоа ме загрижува. Како е за епидуран на ГАК како во Чаир,даваат ли без врски ?Искуства
Јас имам слушнато од 2 другарки кои се пораѓаа без врски дека молиш и колеш за епидурал и не ти ставаат во никој случај (во ГАК). Е ако дадеш 50 евра на некоја сестра под рака, тогаш може да ти стават. Само не ми е јасно како може министерот за здравство да го дозволува тоа, како пациент нели твое право е да си побараш и добиеш помош за ослободување од болки? Или тоа е привилегија на врските и богатите?
не знам дали има тема на форумов за ова, но искусните мајки да ми посочат добар гинеколог од ГАК за породување???? Се мислам за др. Тофовски, го бива ли човеков или ???? хелп!!?
nevesta ако можеш да фатиш врска со кој било од докторите на гак ќе си поминеш убаво што се однесува до прашањето дали гак или чаир јас би рекла ако имате пари ниту гак ниту чаир туку во приватниве клиники! да си имате убави спомени од најубавите денови во вашите животи! а ако се нема пари за приватно тогаш подобра опција е гак,нова е и поопремена,посредена. тоа за епидуралот е посебна приказна. епидуралот е за тие што си се со врски. како може во државна болница значи "ДРЖАВНА" кај што земаат плата од нашето осигурување и таа епидурална што ќе и ја стават на некоја со врски е платена од сечиј наш џеб! кај што треба сите да имаат ист третман или барем сличен некој да добие ослободување од болки а некој не? не сфаќам и јас зошто кога има начин за обезболување и тој начин е достапен да не се употребува,тоа му доаѓа исто како да не даваат анестезија додека оперираат... Бог да чува! Ете нека се доплаќа тоа плус, ќе биде многу похумано а не вака.
Пред 10 месеци се породив во ГАК и моето искуство почна со провокација,бидејќи беше 10 дена надносено,па епидурал,и на крај завршив царски. Во државна болница пораѓај со картони е без пари,Тофоски е супер др ,за епидурал да ти дадат мора да имаш врски. Болницата е ок ,за пораѓај ако сакаш да си поминеш полесно и да ти дадат епидурал мора врски ,ама еве што дека имав врски толку многу се измачив со 10 прсти отворена и болки иако имав епидурал бебето неможеше да излезе од што беше високо и крупно ,па мораше царски. И да ви кажам најдобро е да не трчате по др ,бабиците се права ствар тие ја вршат најголемата работа,доколку сакате да се породите природно,ако си фатите бабица врска ке ви среди и за епидурал така да само врски какви и да се. И со господ напомош .
мене ме порагаше Џикова супер е јас со врски бев и си добив епидурал Др. Арта Бина турчинка е одлична е мене неколку пати кога одев на цтг ми се погоди
Јас не ни мислев дека епидуралот е бесплатен, ако си го побрама ќе си го платам а не да треба да потплатам за да ми го дадат беспари. Какви глупост во глупава држава.Јас немам врски и само молам бога ја си бебето да сме во ред ,ако не жими се ќе ме има на вести ова најсериозно го зборам
Ти требаат врски за да го добиеш, не станува збор дали ќе го платиш регуларно или не. Сум чула дека треба ем да си го платиш, ем да и потуриш на некоја таму мито за да ти збрка работа да ти стават. Инаку гајле им е на нив, они не добиваат пари од тоа што ќе го платиш на шалтер епидуралот. Ама и те како ќе се стрчаат да те боцнат ако и тутнеш во џеб евра на некоја сестра. Инаку, имало случаи и на договорено и платено кога не им ставале (немале цефче или немале анестезиолог или триста други оправдувања и откачувања прочитав).
Значи во спаваќата таен џеб за евра па што викаш може и да платиш а да не добиеш.Море мамето ќе им го расплачам Не ми е јасно како тоа сите наоѓаат врски
а под врска за епидурал се подразбира врска со анестезиолог, или докторот што ти е врска ја брка таа раб. ?? пошто слушнав дека и анестезиолозите не ги слушале баш баш докториве, па и требало и они да се потплатат.... ?!
море недај боже некој да се осуди во животот да ми побара пари за нешто што не треба да бара и него и племе и семе негово ќе ги ставам на кол. тоа е зошто така сме ги научиле и сиромашниот после ќе плаче и ќе го шуткаат ко куче.
Треба и за овој проблем да се ангажира министерството. како може да нема анестезиолози доволно? како може најобучената,најопремената државна болничка институција во државава во која се вршат породувања да неможе да даде комплетна нега на родилка? тоа е срамота! ама се е тоа за пари!јас ако некогаш повторно треба да одбирам клиника за породување би отишла во приватна болница, и последните пари би ги дала. тоа е мој став ,извинете ако некој има друго мислење.
Да не се мешам на темава бидејќи сум далеку од тоа. Но јас колку што знам од секогаш се давале пари на бабици, и на доктори, за убаво е, радост, да се почасти. Е сега можеби не во евра, но се давало, од ќејф. И после ќе трчкаат околку тебе. Од една страна разбирам која е фрустрацијата, но од друга не треба толку негативно да се гледа, не верувам дека до кол е стигната работата. Убав момент е веројатно, дај Боже некогаш да си исчекам, ама и да не ми побараат јас би им дала од ќејф. Што знам, таква сум. Не го очекувам цело внимание на светот ко единствена трудница да ќе сум, знам што да очекувам, ниту ќе бидам прва ниту последна. Тие пари се една краткотрајна инвестиција, да се има па да се дава само на радости. Понтаму е побитно. Едит- А за врски верувам дека е така, секогаш било така и нема уште долго да се смени. Жално.
во новата Гак условите се супер, голем процент од персоналот многу совесно си ја вршат работата ама има и некои што ја нагрдуваат сликата за гак. а се гледа дека ептен е вложено во болницата. Проблем е што има многу родилки а малку персонал а како најголем проблем ќе го посочам лишувањето од епидурална анестезија. колку само ќе се подобри рејтингот на гак ако почнат да ја практикуваат рутински. ама сепак јас никогаш пак не би раѓала таму.
Не правиме муабет за давање пари од убаво да некој некого гледа или почасти ,од кеиф се дава после породување ,туку за да се даде што следува.Ако треба против болка да дадат а не да подмитува за инсекција за болка ,или за шиење да молам за анестезија тоа е рамно на лудило. Имам уште 2 месеци и немам памет во глава
Не зависно кој ќе ти биде врската,тој треба да ти ја среди таа работа,тоа што ќе посакаш тоа да го добиеш,и се е со претходен договор,пари не се даваат предвреме туку се нагласува дека ќе се раздолжите. Има др кои имаат одредена сум или барање парфем,или што и да е по избор нивни. Моето искуство (ме прими др со која се договорив,но имала работа и ме предаде на друга др првпат што ја видов,ама и нагласив дека сакам епидурал да и каже на др друга,е сега кога ме прими оваа другава др цело време ме набљудуваше што како и докаде,кога и реков за епидурал,малку ми се противеѓе ,ама анестезиологот не е тука ,па нема да ти треба и јас и реков таков договор имав со Т.... и почнав да и вртам на тел ,и она епа ок ај ќе видиме,и на крај ми донесе ама се бунев) Најлошо е што и покрај епидурал,ме породија со царски па другите доктори негодуваа ете за џабе епидурал сега и сала треба да отвараме ,а тоа се кошто како од џеб да ги даваат епидуралите. Тоа е така кај нас функционираат работите,но без врска на пораѓај во државна не се оди.