Не знам, ти располагаш со точни информации. Јас како лаик можам само да кажам дека докторите кои имаат многу пациенти имаат добар профит. Ова ти што го кажуваш мислам дека се однесува на помалите ординации. Можеби има прекини во осигурување, ама добар дел од пациентите имаат константно осигурување. Вака како што кажуваш ти, стоматолошките ординации немаат никаков профит, некогаш и се во загуба? Ако е така, зошто не ги затворат ординациите? Не само стоматолошките, туку и гинеколошки и матичните. П.С. Ако има посоодветна тема, нека ги преместат мислењата.
Здраво, ме интересира дали има некоја што поскоро се породила на гак? Сакам да знам какви се условите и што треба да се носи за бебето па отприлика и за мајката оти сум од Велес а морам таму да се породам па да носам
Моите две искуства во ГАК се премногу добри почнувајќи од приемно до предродилна , родилна и собата кај што бев сместена , доаѓаа постојано педијатар , сестри и чистачки и од сите имам позитивно искуство , се шалев и се смеевме сите , дури ми беше чудно кога се имав наплашено и јас од многу читање по интернет и искуства од други родилки , ама за среќа многу добро пројдов , а сега за третово се надевам дека повторно ќе се погоди така позитивна смена на ГАК што ќе ми ги смири нервите и што ќе знае да се нашали макар и на моја сметка иако ми е страв , сепак не е секоја бременост ни пораѓај исти кај ниту една жена ни па кај мене се исти . Кога завршив на дежурно во 21 недела со проблемите со желудникот ме пречекаа на приемно две сестри од добри подобри дури и со синчињата мои во ходникот се шалеа и играа додека бидат резултатите готови. Пак ќе кажам , секој со своето искуство има и намќор доктори секако ама се надевам нема да ги начекам овој пат тие таквите .
Планирам да се порагам во Чаир (немам врски)дали ако си побараш договориш може да ти дадат епидурална или воопшто не ја ставаат во Чаир?
Другарка моја се пораѓаше во Чаир и врска ѝ беше самиот анестезиолог. Неговиот изговор бил дека не било убаво со епидурална, па затоа не ѝ ставил. Наместо искрено да ѝ каже дека немаат доволно кадар, да не речам ич.
Значи во тие 4дена додека бев на оделение тоалетот беше исчистен еднаш И тоа тој ден кога ме однесоа таму дека беше најавена главна визита со диркеторот па и наткасни чистеа кревети бришеа до толку после тоа толку...и капак на се беше третиот ден во собата (двокреветна соба) има голем умивалкик за бањање на бебињата доага сестра го зима го бања за 2мин.а небеше ни дезинфицирано ништо А и кога ги носеа бебињата и кога сеуште немав млеко ме тегнеа ко да сум животинче и видоа ни стимулира бебе ни млеко нема му даде прво на цимерчето го забриша со тетра пелена и после со истата тетра и моето срцето ми се распарчи и солзи ми дојдоа и само се молев да нр фатиме и двајцата бактерија некоја...а и на визита Докторите само со албанките си муабетеа и објаснуваа а мене само...ааа ти на клексан си аха ок си? И почнувам да кажувам прашувам но ко да ги мрзеше да зборат Педијатар поминува вика бебе е добро и јас прашував како му е крвта дали има жолтица ... и си викам ту бре толку не се замараат ако не си со врска чудо некое...не велам дека има и родилки што без врски поминале топ пр.моите две другарки и кумата но јас само го кажувам моето искуство и престој тие 4дена...може јас сум си баксушче имаат многу гужва и хаотични се и Др.и сестри. Но за неколку дена ќе си замижиме и ќе пројдат но стравував од бактерија зошто цимерката до мене веќе и беше 10ти ден а брисеви чисти имала но сама си кажуваше дека од тоалетот и е во болницата
Мене не ми звучи воопшто страшно ова. Дали јас уште по не-маанџика од тебе, ама секој со своите очекувања... Инаку бактерија не се фаќа туку-така од wc шоља, и незнам цимеркава како сама си поставила дијагноза дека има бактерија додека е во болница.
Не е лошо тоалет да не се чисти секој ден? Кај жени што крварат? Бебе кај што се бања? Со иста крпа да бришат.. алал на толерантноста.
Како не се фаќа бактерија? И искрено не ви е гад да седите на прљаво? Па јас кај мајка ми кога ќе отидам ја гледам шолјата дали е чиста, дали дека сум пицајзла, а не пак во болница. За тоалетот на ГАК ќе кажам дека беше чисто, по двапати на ден го чистеа со средства. Единствено од тоа сум задоволна таму.
Се фаќа, се фаќа. Другарка во Чаир си фати стафилокока на раната од царскиот. Дури ни докторката што ја пораѓала не можела да одрече. Ни прв, ни последен случај.
Лелее почнав да се предомислувам Јас сум мн бактерофобична ,дома по 3 пати на ден правосмукувам,бришам прашина ,подови а за вецето пред да седнам со доместос тријам шолјата бришам па седам и по мене истото го правам( мм вика манијак за чистење) ама не е до мене некако така ме тера
Извини, не сакав никој да исплашам, ама се случуваат такви работи. Со тебе ќе си земеш антибактериски марамици и ќе поминуваш со нив. Ако треба и Дезинтал на Алкалоид земи си, сѐ наменско е
И јас сум иста, иако во Систина чистеа секој ден ако видов цимерката дека иде пред мене не седнував на шолја си купив и подлоги од дм за веце школка и ставав пред тоа ако морав да седнам, а дома обавезно секој ден ја бришам со алкохол 70 посто. Понеси си со тебе и бриши јас сум многу гадлива од нечисто веце
Да си кажам јас не сум задоволна од Чаир ама од никого. Кога требаше хитен царски освен Димитар Георгиев кој го фати страв и беше избезумен,Младен Ристески си одеше нога пред нога во сала онака полека како на прошетка да е. Анестезиологот Филев ми рече не се плаши во сигурни мои раце си. Потоа една гуска во шок соба ми се дереше па ја гаѓав со металната чаша што ми ја даде вода да пијам.
Исто, и јас бев со цимерка во Ремедика, и не знам по колку пати доаѓаа на ден чистачките, ама со антибактериските марамици ја поминував даската. Шубе ми беше, шо знам...