Во право си. Читајќи ги мислењата и кој како поминал ништо не правиш кај и да идеш ако господ така рекол така и ќе биде нема бегање од ништо.
Не се секирај, односот на цел персонал е човечки (со мали исклучоци), но да не се плашиш и ако немаш врски, јас првиот пат немав. Малце проблем е ноќно време кога ти треба сестра за помош, а преку ден сите жени се исконтролирани од доктори по два пати во денот. Инаку рано е 30та недела да одиш прв пат, најдобро 36та кога ќе влезеш во 9ти.
Еве јас да го споделам моето искуство ... Се породив пред недела време во Чаир, задоволна сум од персоналот, посебно од сестрите и акушерките во родилната сала. Природно се породив, се трудеа да ме опуштат, ми даваа подршка. Ме породи д-р. Спасеновски, можам само пофални зборови да кажам. Немав договорено со него ниту со некој друг, така се погоди тој. Сестрите од оделение исто беа океј, немам некои посебни забелешки. За два дена не пуштија дома. Само малку ми е чудно што не ме информираа ништо за следни вакцини, знам дека обично на картончето пишуваат кога треба, ама ете ќе прашам кај педијатар. Во врска со тоа дали на ГАК или во Чаир , навистина мислам дека нема стриктно правило каде е подобро. Ако имаш врска негде, секако е полесно. И секако нели пак зависи како ќе се погоди смената, персоналот, нивното расположение (мада не би требало да зависиме од тоа де) итн...
Жени искуство со др. Зоран Илиевски од Чаир? Ми фатија врски за кај него, треба да одам у текот на месецот на преглед. Ме интересира исто можиш ли со докторот да се договориш за породување он да те породи? Зборам за природно, ако се знае пред време дека треба со царски мислам дека сигурно може ама незнам и за природно. Ако има некоја искуство со докторов во врска со тоа а и со се друго ве молам да ми пишете. Како минат н
Докторот ја породи колешката што беше со мене во канцеларија,ама пак кај неа мораше царски така да се знаеше кој ден ќе биде,и кога се чувме да и честитаме многу го фалеше докторот човечен одговорен професионалец.
Женски јас стигнав до 33 недела и почна да ме фаќа паника за пораѓај сакам да се пораѓам кај Кировски во Чаир, ама ако баш сакам кај него бараат и малце под рака. Па дали само он е најдобар што сите ми го фалат? Пошо мојот доктор си соработува со него и цело време се договаравме за кај него ама не знам дали баш мора да се плаќа. Како се закажува дека баш сакам во чаир да се пораѓам? Само си идам кога добивам болки или и претходно нешо треба као да ме имаат у план? Извинете на многуте прашања ама ваљда се ова очекувани паники со намера се да биде како што треба
Ne mora da plakas tuku dokolku sakas nekoj doktor konkretno da te poragja togas sekako moras da si platis.Inace Kirovski da dosta go falat no mn e namkjor jas na prviot pregled se izglupirav mu odnesov viski i bomboniera i odma posle pregledot se razocarav nekako ne me ni pregleda kako sto treba i se prefrliv kaj drug doktor. Inace snaa mi ima super iskustvo so nego
На Кировски тарифата му е 200 е само мислам дека он форсира повеќе царски ако грешам нека ме поправат.Инаку за царски и било какви компликации околу царскиот е врв од доктор.Вистина е намќорест ама и професионален.Е сега незнам како би било кога би го договорила а во меѓувреме добиеш болки и почне природен пораѓај.Кај мојата јатрва се знаеше дека ќе биде царски се договорија за ден поточно он кога беше на смена.А пари зема после пораѓај.Незнам колку ти помогнав.Еве некој ако знае како се договараат доктори за природен пораѓај нека каже и мене ме интересира.И кај кој доктор конкретно.
Не е само он најдобар, во Чаир сите се супер. Јас ќе одам пак на "слепо", кој се погоди-тој. Подобро отколку да го викаат од дома, а тој неодморен па да се случи некој пропуст. Вака сум мирна глава @simona_baby за природен обавезно мора да пикнеш некој денар зашто неможе да се темпира, големи шанси се да не биде на смена баш тој доктор.
Скоро сите се добри во Чаир.Јас бев договорена за царски со Младен Ристески отидов во 36та недела се договоривме да влезам 39та и да ме породи но јас поради пад на стомак отидов и беше дежирен Влатко Спасенковски но по пат ни рече Младен да го повараме Влатко...по 2дена добив болки,мукозниот чеп ми падна сабајлето и отидов во Чаир и оп Влатко прва смена ме прими и за 4ч.ме породи царски поради претходно објаснета дијагноза.Ништо пари ни ни побара дури и самиот рече за царски... А за Кировски моја блиска другарка сакаше царски исто поради ред други проблеми но им побара 200€ се договорија прифатија и на договорен датум ја породи по 2 дена му ги дадоа парите...И јас бев спремна да ми бараат но не ми побараа..А во операциона сала ми беа и Димитар Ѓорѓиев и Ана Марија Шпишиќ...Димитар продолжи да ме шие...
@Kitten Абе еве ок ќе се пикне некој денар ама како го договарам.Слушнав Др Димитар не се нафаќал освен на фамилија ептен блиски пријатели само.И јас отидов на слепо па ете божја волја многу убава смена ми се погоди Младен со Димитар.Мене ми е рано ама ваљда и јас како тебе ќе одам.Ме интересира зошто на пример еве ќе отидам кај Др Младен и како да му се обратам ај дојди породи ме ќе ти дадеме пари?
"Докторе, дали има шанси баш вие да ме пораѓате?" Штознам...ваљда и со директно прашање ќе добиеш добар одговор
Хахаха ќе пробаме така првиот пат Илиевски ми рече дојди во недела ќе те породам јас,ама на малиша му се брзаше и се роди петок спрема сабота Лотарија кој се падне тој
Жени одевте ли пред пораѓај на контроли во Чаир? Јас во петок прв пат ќе одам, и матичната ми спомна договори се со докторот таму како ќе ви одат прегледите за да знаеме кај мене како да ги закажуваме. Се оде на редовни контроли пред пораѓај доколку се договорам со докторот кај кој што ќе одаж во петок евентуално он да ме пораѓа? Изгубен случај сум како минат неделите на се полнувам да мислам.
Не се оди освен ако нема потреба за тоа.Одиш прв пат кога ќе влезеш во деветти те прегледуваат и после тек на термин или во меѓувреме ако имаш болки,прокрвариш,водењак и слично.Така беше кај мене
Здраво пишувам од друга држава каде што часот е 04.00 ноќе девојко само Кировски барај го каков Младен какви бакрачи Кировски е врв постар доктор поискусен ,па и не форсира баш царски колешката ја породи он со двете деца природно му даде после пораѓај 200 евра.Со другите незнам дали се нафаќаат Лично мое искуство Младен не сакаше пари иако му понудив и рече не одам освен ако не сум на смена,Беше дента на смена ме прими на патолошка но во салата одеше нога пред нога додека Со Димитар беше друго.
Жени во чаир што сте се породиле кога ви ги носат бебињата? Колку време ви ги оставаат? Навечер ги земаат или? Ви ги местат првиот пат за доење? Оф мозокот не престанува прашања нови и нови да ми мисли.
Неможев точно да следам кога сѐ ги зимаа па враќаа, зашто најголемиот дел од времето бебињата беа со нас, што всушност целта е да се поврзат мајка-дете и да се става што почесто на цицање. И преку ноќ ги оставаат бебињата освен ако некое прима терапија. Сестрите за бебиња доаѓаа на три саати, едни задолжени за пресоблекување (еднаш во денот и бањање), едни задолжени за дохрана. За доење мораш да побараш помош, без да побараш не помагаат, најдобро од педијатарката кога поминува на визита, или од главната сестра за бебињата, а ти во меѓувреме сама ќе се трудиш да цицате, што поскоро тоа поубаво. Јас бебево го ставив на града само три саати после раѓање и одма почна да влече, и со редовно влечење веќе третиот ден бев полна со млеко.
@Kitten а шишенце, цуцла нешто ти рекоа да носиш? Синоќа една мајка ми спомна тоа, ама до сега никој ми нема кажано.