Ни јас не знаев дека бил на кислород отпосле маж ми ми кажа него му кажале.Уживајте галете се и растете
Има и тема за апгар, читни и ќе видиш колку здрави, прави деца се родиле со тој апгар. Уживај со бебули. Растат за час.
Добро утро, јас наредна недела влегувам во 9ти па вака рано мачат многу прашања . Знае некој за пораѓај на ГАК дали има опција апартман, и дали даваат епидурал на пораѓај? Има некој со вакво искуство на ГАК?
Ne davaat epidural kolku sto znam. A ima mislam apartmani 50 evra od den od prilika. Ako sum greska neka me koregira nekoj.
Здраво, решив да се пораѓам во Чаир, имам уште една недела до крајниот термин па ме интересира дали моора порано да отидам на контрола таму? Бидејќи матичната ми рече дека нема потреба кога ќе ме фатат болките тогаш да одам со упатот што ми го даде и дека ќе ме примаат.
Ајде мами за тие што се пораѓале ГАК ама од друг град дали со упат од матичен одевте или? Матичната ми вели морало специјалист од болница да ми даде а кај нас за жал еден доктор е и го прашав ми рече доколку проценам ќе те праќам ск ако не тука ама жалното е што немаме педијатар а моево бебе ќе има потреба пд педијатар дека сум дијабетичар со инсулин...и сега сум збунка цела..па ако има некоја што раѓала скоро ск а од друг град да ми каже процедурата
I jas ctg pravam na gak ama se mislam za poragaj cair dali moze koga ke me fatat bolki da begam cair ili moram gak?
Ако ве фатат болките навечер и појдете на гак на дежурно .Нема потреба од упат,ама за денот што доаѓа секако дека ќе ви треба за да ве примат. Апартманите се плаќаат по 50евра ден само. а за епидуралот врски треба. и тој се наплаќа 100 евра. така мене ми бараа
Здраво,за тие кои се пораѓале во Чаир ме интересира какви се собите во поглед на хигиена, со колку кревети се и дали собите имаат вц? колку се доплаќа за апартман и дали се закажува претходно. јас треба секој момент да се породам,па сепак сакав да имам една слика
Собите се чисти менуваат постелнина секое утро чистачките метат, иначе апартман е 50 евра од ден . Собите се 4креветни и 5 креветни мислам. Иначе јас однапред си кажав да ми спремат апартман чим влегов да се породам, среќа имаше слободен
Јас пред 3год раѓав таму и супер беше, чисто, често си чистеа. Спаваќа, постелнина менуваа кога и да побарав. Вц има во секоја соба, чисто беше. Инаку собите се со 2,4,5 кревети. Еве @Kitten е тазе од таму, нека каже тазе искуство
Чисто е. Толку колку што би можело да биде. Постелнините се стари и издрпани, ама чисти. И ги менуваат кога ќе побараш. Има посебни корпи во собите за ѓубре, за валкана постелнина на мајка, за постелнини за бебе. Сестрите се ок. Тие сестрите со бебињата така малку "се понашаат". Болничарките се супер. Ред има. На пример ако те видат да јадеш ручек во кревет, и да ти паѓа, или да ти е бебе во близина, одма се дерат. И со право.
На солидно ниво е хигиената, секој ден чистачка џогира, пребришува прашина, собира ѓубре од кантите... Исто така внимаваат да не се мешаат прљавите чаршафи и спаваќи со искористените алиштенца за бебиња, одеа во различни корпи. Секој ден се добива по една чиста спаваќа и едно попречно чаршавче (ова единствено ми сметаше, пред 4 години даваа од тие непропустливите подлоги како пеленки, после одеа во канта). Купатилото го чистат, но за разлика од пред 4 години, не доволно, плус барем јас се погодив сега во соба каде што немаше вц даска Сакав да пишам вчера ама гледам @mssuniquee на кратко објаснила, ама на пошироко би рекла, дека е за нијанса позапоставена хигиената за разлика од 2014. Но за три-пет дена се издржува. Работата е што капацитетот им се пополнува до крај, самите вработени се жалат дека има премногу работа и не се постигнува сѐ. Во 2014 бев во двокреветна соба и автоматски купатилото беше почисто наспроти сега кога бевме 4 во соба. Сите соби имаат свое купатило и има нон стоп топла вода. Тогаш, секој ден поминуваше чистачка која бришеше површини со средство, сега, за 5 дена помина еднаш. Подот се џогира секој ден, ѓубре се собира и по два пати во денот, чисти спаваќици се добиваат секој ден. Во 2014 ако побарав спаваќица плус, без проблем добивав, сега малце потешко, но една ти следува. Исто мала замерка имам за подлогите за лежење, сега врз чаршавот во делот под газот има нешто како гумирана мушама па се става едно попречно чаршавче, и само тоа го менуваат секој ден, а во '14 даваа подлоги за една употреба, тие како пелени што упиваат. Веќе нема од нив. Многу се внимава и да не се мешаат прљавите спаваќи и чаршафи со искористените тетра пелени и облека за бебињата заради инфекции, и си има две посебни кошари. Најголема замерка најдов за вц-то сега, бидејќи немаше вц даска, или можеби баш јас се погодив во таква соба. Но за негата од страна на персоналот немам збор. Сестрите и докторите се сите фини, достапни и услужливи. Јас си фатив врски и кафе да добивам насабајле Апартман можеш да добиеш само ако има слободен, и тоа дента кога ќе те примат. Не може да се резервира. Само два се и изгледаат исто како и собите, единствена разлика е што си сама во соба, и има фотеља за да може да ти дојде посета.
И јас кога бев вц даска немаше на шољата и тушот беше само цревото, немаше туш напред да не беше во првата соба скроз најдоле во ходникот што гледа на паркингот?