@Kitten Јас се породив април 2017 и баш такво имаше како пелена под газот хаха може немале моментално или може се сменило во меѓувреме. @mariz јас бев спроти првата врата најдоле што гледа кон паркингот. Двокреветна беше и вцто беше убаво и чисто. А и самата соба. Како во приватна болница да сум се чувствував. А со персоналот поубаво од дома ме третираа. Без врски да напоменам. И персоналот во постпородилна сала како и се вика салата после шок соба што не сместија.
Па мајку му, до даска ли е дојдено? 150 денари е најевтина обична даска Ова е само лошо менаџирање, не е немање финансии, а башка сигурно никоја од родилките не се побунила, па се оставило така.
Здраво женски јас сум нова во групава па сакав да прашам дали некој има искуство кај др. Бајалски Чаир за царски затоа што морам царцски
Знае некоја кои поточно документи треба да се носат во државна за пораќај ( зборам за димери,крвна група...) ??
Женички некоја породена во Чаир што била во апартман да ми каже дали во нив има дозволено посети и кога?
Јас бев сега почеток на јули во соба број 1. Имаше даска и туш Знам 2-3 пати дојде и мајстор нешто имаше проблем со топлата вода. Јас сум задоволна од Чаир. Персоналот и докторите се достапни секогаш. Хигиената е на ниво на кое може да биде во таа толкава гужва. Јас искрено и незнам како присригнуваат и доктори и другиот персонал со се. Генерално е така како што пишаа и другите над мене. Јас кога би раѓала пак, би раѓала таму.
Видов дека на вратите од апартманот имаше известување посети од 09:00-21:00 и не повеќе од двајца во соба Како тазе породена во Чаир, да си го кажам и јас моето искуство. Бев презадоволна од хигиената и персоналот на патолошка, предоперациона сала и шок соба. Мислев ако доле е така чисто, во одделение е рај. Во собите горе ме држеа три дена.За тие три, ниту една не дојде да изџогира а јас уште прв ден прокрварев во вц и мислев ај ќе дојде некој ќе исчисти.Не дојде.Доаѓаа ѓубре дс фрлат.На патолошка лежев од 10 до 16часот и за 6часа жената дури три пати помина со џогер.Побарав нова пижама пошо беше таа лом од крварење - не им работеле машините за перење.Само што му сменија постелнина на бебето пред да го донесат, доаѓа сестра со торбицата и ми ја става на креветчето од бебето.Врв! Затоа плачев секој пат когс ќе ми го донесеа - ем ја со царски не можам дс го кренам, ем се осеќав гнасно не можев ни да го гушнам. Носете си тетра пелени идни мајки, многу ќе ви се најдат за таму.А да, бев соба бр.9 и ни таму немаа даска за вц а ја битно глосс марамици носев ) може едноставно и викендот бил таков, јас се породив петок вечерта а тој ден имаше многу породени во понеделлникот не пуштија иако саккав дс останам уште еден ден зошо се осеќав полошо и ми рекоа не може, ранатс ти е супер, не знаеме зошо така се осеќаш а и немаме место веќе..се надевам само лоша среќа сум ималА, со лесно на идните
Викендите скоро секогаш се такви Има многу гужва неможат да пристигнат. И јас и8га бев за викенд петок и сабота беше хаос. Јас си отодов во недела.
Да има посети од 9сабајле до 21:00h, и по двајца е дозволено но ете кај мене незнам какооо влегоа замисли дури баба ми вујна ми братучетки па и 2 мали деца Кога ги видов ... Затоа друг пат не ни кажувам дека сум во апартман дека во тие моменти само маж ми и мајка ми ми требаат
@Girly90 исто беше за викенд и јас кога лежев...Среда, четврток и петок беше супер, сабота и недела крш! Сто пати им рековме на болничарките да дојде некоја да ја собере водата од плочките во купатило. Рекоа немале време. Во врска со торбиците, баш имавме слична случка, но обратна, една цимерка си ја ставила торбата на бебешкото креветче кога ѝ ја донесоа, и кога помина една сестра кога ѝ се пушти...девојкава ептен непријатно ѝ падна. Инаку може си се погодила баш деновите кога ги реновираа просториите кај пералните, затоа изгледа немало спаваќи
Феминки , некоја искуство за пораѓај природно-царски кај др.Миле Тантуровски ? Во Кавадарци немаме гинеколог на оделение, па идат од Ск секоја недела различен . Во Пон на цтг бев и извештајот ми е од овој доктор ама многу млад ми се чини помлад е од мене ... А до Пон ми е последен термин па може он да ми се падне за пораѓај .
Супер е докторот, јас го знам од Скопје. Не е многу по зборењето ама си е стручен. Не се секирај и со лесно.
Младиот и стариот Тантуровски ја спасија мама. презадоволна е и добро работат така да ретко кој паѓа во такви раце .
Здраво феминки, дали има некоја искуство со доктор Башким Исмаили од Чаир. Во среда сум на прв преглед кај него па ме интересираше мислење.
Стручен и ептен знае како да си ја работи работата, а што многу ми се допаѓа позитивен е и знае да се шали. Зарем врши прегледи сега додека е директор?
Не знам дали врши пријатели се со свекор ми и му рекол да одам без проблем ќе ме прими. Јас 31+2 сум ама притисокот една недела ми е покачен и мн отоци имам затоа одам уште сега да ми даде соодветна терапија