1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Еве јас лично да ви кажам дека многу лошо поминав во државна, условите се добри не викам не, навистина е вложено во болницата, али мислам дека џабе е све тоа коа нема доволно персонал, мене ми се погоди да се пораѓам за викенд и као си споиле докторите и немало персонал доволно, значи немаше кој да ни покаже како да доиме правилно, немаше кој да ни помогне да станиме после царскиот рез за прв пат да не зборам што бев најмногу исфрустрирана - бебето ми фати жолтица ми викаат ќе ти го земеме за саат време за на фототерапија па ги нема 4-5 саати па јас идев станував да ги прашам зашто не го земаат и они као ааа дада сеа ке помине сестра ке го земе значи никаква одговорност, јас не викам дека они се криви имаше премногу бебиња али како може да забораваат такво нешто, ги молиш 100 паати некој да дојде да помогне за станување барем креветот да ти го подигне и и ти викаат ааа јас не сум за тоа викни друга сестра или болничарка, незнам али јас сум многу разочарана од државна - очекував повеќе , не барам некој да ми види над глава али барем основните работи...
     
    На Ladyme и roza102 им се допаѓа ова.
  2. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    истото од пред една година ццццц не им е срам катастрофа :devil:
     
  3. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    Има огромна разлика во "ВО ЧАСТЕЊЕ НА ПЕРСОНАЛОТ ОД КЕИФ" и да чекаш на милост и немилост на некој мисир со главата во плафон да му тутнеш пари во џеб за да се смилува на твојата мака, така да здравје кога ќе ти дојде време се надевам нема да имаш потреба да го искусиш тоа чувство па да мораме да коментираме како е...... Господ да им е на помош тие што немаат врски, многу сум изиритирана од случувањата во ГАК зошто се си само човек не очигледно ако џебот не ти е полн. на моја другарка за малку ќе и го умреа бебнцето од здраво право триста глупости после пораѓај направија па среќа имаше пари НЕ ОД КЕИФ да тутне на некој па да спасат жива глава.
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Добро, добро, не ме карајте, не знам.. ;)

    Има време, ќе видам како е, ама ве читам (со исклучоци) ептен сте размазени, се однесувате како да сте единствени трудници на светов и цело внимание вас треба да ви се посвети.
    Не е дека нема такви... :^)

    И знам дека е така како што викате,врски, пари, жално е тоа, ама не верувам дека ве оставаат до толку. :?:
    Е сега, за епидурална тоа е што е, ви верувам дека е така, но не сте вие криви за тоа.
    Ако можете да смените нешто, слободно.. :!:

    И не е само таму, не знам што ве чуди, се' е буквално со врски, од градинка запишување, во школо, на факултет, натпревари, да најдеш работа, не дај боже нешто да се разболеш, па и за на другите делови ти требаат и пари и врски.
    Ова не е ништо ново. :!:
    Не е од вчера.

    И како то викате, на крај сe' се заборава, тоа е убав момент.
    Мене повеќе би ми било битно да се однесуваат така со мене, но да е се во ред, да е докторот стручено, отколку лизни мазни и на крај поим да нема.

    Искуството ми покажало, и на мене и на блиски, да не ме тинтраат но да си ја завршат работата како што треба, како еден професионален доктор, отколку да ми се улизуваат, и на крај да ме поминат ради реда..
    Имав такви доктори, не ми требаат. ;(
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Душо не е размазеност да побараш барем малку внимание и човечко однесување во тие денови. не е размазеност да си ги побараш правата за болнички престој што ти следуваат, не е размазеност да побараш ослободување од болки во услови кога е достапно тоа! како може некои од персоналот да бидат постојано фини,услужливи и да им е денот и да стигнат секаде и кај сите а некои да ги мрзи да одат што се вели? Треба да имаа повеќе персонал,поголема контрола врз нив и не е секој бре за со бебиња и родилки да работи!
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Другарка, кога станува збор за еден од најубавите моменти во животот, а ти по природа на работите во тој момент си со болки (пред и после), не можеш сама, страв ти е, не знаеш како да постапиш со бебето, немаш сила, не си наспана, ти треба помош, не би рекла дека е размазеност да побараш стручно лице бидејќи веќе си пациент во таа установа. И второ, кога ќе одиш на забар ај нека ти извадат заб без анестезија, нека земат чеканчето и нека го скршат - така им прават во улица на Индија. Ќе те боли, ама нема да умреш де, ќе издржиш и после некое време ќе заборавиш. Иако имаш анестезија во ормарчето кај докторот, ќе прифатиш такво на живо вадење? Ете де, некогаш немало анестезии па така ваделе заби. :)

    И уште нешто за тоа што го нарекуваш лизни-мазни. Јас не барам риба на жар за ручек кога ќе се породам, ама ми рекоа дека треба да фатам врски или да дадам некое евро за да имам чисти чаршафи, една перница дополнително или да доаѓа сестра почесто да види дали е се во ред. Па ти сега види :)
     
    На Ladyme, Treki и roza102 им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не знаев дека и во државните имаат епидурал, мислев тоа само во Систина и сличните на нејзе и дека треба дебело да си ја платиш. И колку кошта?
     
  8. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има, само треба да потплатиш или да фатиш дебели врски за да ти дадат. Мислам дека во државна не кошта, а во Систина е 6000 денари.
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    За да ти дадат или продадат? :D Таа треба да е басплатна а ти само ги потплатуваш докторите, или си плаќаш за неа? Или и двете? Ок, фала.

    Инаку прашувам оти гледам се буните како не ви ставале епидурал без врски па смешно ми падна, оти јас кога се пораѓав без врски не ти ставаа анестезија за шиење не па друго, а тоа не беше така одамна...
     
  10. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Види, не ставаат никаква анестезија. Ни за шиење ни за породување. Порано ставале за шиење, ама може и среќа е во прашање на кого ќе налеташ и како ќе биде расположен. Мајка ми за мене, ја шиеле со анестезија пред 30 и кусур години, а братучетка ми пред 3 месеци све помина без анестезија, не сакале да и стават. Е ако сакаш да си сигурна дека ќе ти стават дали од почеток за епидурал, дали само за шиење, треба да си потплатиш или да фатиш врски. Инаку, ако се отвориш многу брзо нема да имаат време да ти стават епидурал (ама бар за шиење нека стаат) :D
     
  11. fionas

    fionas Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Епидурална аналгезија во Систина е 9000 денари , која спаѓа во цената за пораѓај
     
  12. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    :lol: за чаршафи чисти нетреба да се фаќаат врски :lol: сега во новата гак ги менуваат често,посебно пред визита поминуваат тие што се задолжени за хигиената, за чисто чисто е навистина и не ти требаат врски за тоа ама за останатото ќе ти требаат :) Ми се допадна ова со вадењево заби :lol: озбилно исто би дошло
     
  13. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    кај менуваат чаршафи мене ниеднаш не ми го сменија немало многу крв на него ццццц а и вц ниеднаш не го исчистија само со џогер доле подот ако не им свикаш чорба
     
  14. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Ikame јас се породив во јануари и баш бев изненадена поради хигиената или може така ми се погодило :lol:
    секое утро пред визита поминуваше болничарка за да ги провери чаршафите. Гледам твојот бебуш е поголем,може сега се изменети работите ако ги карале :lol:
     
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Јас се породив во Цаир, додуша одамна беше тоа, ама како што гледам работите не се смениле многу. Врска фативме еден анестезиолог, и благодарение на него ми ставија анестезија кога ме „везеа“. И таа ми беше единствената придобивка.
    За односот на сестрите и акушерките да не зборувам. Не третираа како да сме направиле злосторство против човештвото со тоа што сме останале трудни па сега сме дошле да им се пораѓаме. Кога ни мереа температура ноќта, не не будеа со збор, туку со дрмање по рамо. Ироничните забелешки за нашите породилни болки им беа посластица. Се сеќавам дека сите одевме како зомби по тоа ходниците и јачевме од болки, а некоја од тие „слаткоречивите“ сестри ќе ни дофрлеше нешто зајадливо. Нешто слично како логорашите во Аушвиц. Знам дека првата вечер се сетив на песната „Дотако сам дно живота“. Не знам зошто :(
     
    На Orthophill и silk им се допаѓа ова.
  16. JustBlack

    JustBlack Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Мамичкиииии се пораѓала ли некоја во новава Чаир да споделите искуство????
    Мене ми се ближи терминот а појма немам што ме чека
     
  17. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    За оние кои скоро се породиле во ГАК: дали навистина шијат со анестезија секогаш?
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде тешка одлука дефинитивно...ете пола измина...ама и другава половина ќе летне....што ќе се одлучам на крај незнам :| Од сите различно слушам.
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    знае некој?
     
  20. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    јас се спремам за Чаир, првото таму го родив и второво здравје несакам ни да чујам за друго место.инаку со целосна анестезија ме шиеа и мн. добро ми дојде таа дремка.многу сум задоволна