Матичниот гинеколог на последната контрола кај него во 36та нед ке ти даде упат кај кој доктор ти сакаш, па после ке почнат таму да те следат и они ке ти кажуваат кога да отидеш пак..
Јас се породив во Чаир, позитивно искуство имам со сестрите и хигиеничарките, но многу лошо искуство со Др. Илиевски додека лежев таму сватив дека кој колку ќе плати толку и ќе биде третиран и гледан од докторите. Тоа е моето искуство што не мора да значи дека за сите е така. П.С . Тарифата на Др за царски иако беше на работа т.е не беше повикан од дома ме е 200евра.
Зашто не го пријави? Ах бе се самите си правиме,он на работа си ја врши должноста и си зема плата каква е оваа тарифа па уште и давате
Др. Зоран Илиевски ли ти побара мито??? Запрепастена сум. Како, на кој начин, навистина ме интересира?
Сигурна си дека тарифа има докторот? Мене цимерките што бевме во соба во чаир беа царски породени од др. Илиевски. Само јас бев од др. Младен, природно а му бев павиент од 34 недела на др. Илиевски. Еднаѕа цимерка која ја породи царски исто му била пациентка. Другата не, прв пат у сала го видела. Докторот без разлика доаѓаше по два пати на ден во тие три дена и сите не прашуваше како сме и дали нешто ни треба. Исто и др. Младен. Јас после две недели бев пак на контрола кај др Илиевски. Од благодармост им однесов колекција вина и благо. И двајцата беа најкултурни. На другар жена му се породи царски со мене кај др Младен. Човекот од срека му давал 200 евра овој не ги земал А прв пат слушам и за др. Илиевски дека има тарифа...
И јас прв пат слушам, не велам членката дека лаже, да не ме сфати погрешно, ама Илиевски и толку принципиелен, услужлив, скромен.... се најдобро имам да кажам за него. Ме прими без упат без ништо, не ме ни познава, зедов број негов од заедничка познаничка, му се јавив дали можам да дојдам на преглед, матичната не ми даваше упат за во Чаир бидејќи сум од друг град, ме прими без проблем и ми ја водеше бременоста. Никогаш ништо не ми побара, дури што велиш и частевката му беше незгодно да ја прими. Сега со 2рото пак планирам да го барам.
Јас имам слушнато на роднина од колешка дека дале 300е и ја пазеле женичкава да се рече и до веце да иде тука биле... за во чаир ама кај кој доктор или докторка... незнам неможам да именувам
Бела јас имав намера да бидам во апартман,но не дојдов до него. Има само два. Во моментот кога ме примија беа зафатени. Опција беше да се префрлиме штом се ослободи,но се откажав. Премал број за премногу пациенти
Не го препорачувам тој на патологија, освен ако не е реновиран. А и да е, далеку е, ни сестра доага како што треба нит бебе носат. Барем така беше пред 4 години
Јас баш во тој бев и сестри има дека нели нивната соба е баш до апартманот? Незнам, јас сум многу задоволна и бебе ми носеа и сестри нон стоп доаѓаа и ме носеа да ме тушираат..
Реновиран е тој дел? Јас се породив во 22.00, Др. Рече да го исчистат средат и ќе го донесат бебето. Ми ја донесоа сабајле во 9. Градите ќе ми прснеа веќе. И преку ден бебињата во другиот дел си беа до мајките, а мене ми ја зимаа и ретко ја носеа. Им беше мачно да ја носат натака да ја средат, нахранат и да ја вратат. Сега е друг директор па може се сменило