Уфф ми разбуди спомени сега Вц то е реновирано значи. И подот нов делува. ТВ ново. Плакарот е само ист. Убави ружи иначе
Реновирано е патолошко одделение од тогаш Мислам 2017 го реновираа, имаат страна на фб, таму постираат се што се случува.
А која цена се плаќа за апартманите? Јас кога бев ич не ми текна на апартманите, ама ич. Па убаво поинав и во соба со жените. Чисто е секаде битно
Тие што се породени со царски се две но еве една после мене што ја породија ја ставија со 5 жени во соба а јас имав среќа да сум со една жена двокреветна беше собата и не беше така лошо а таму по 5-6 е калабалак која офка,која бебе и плаче...ако нема апартман нека ти најдат соба со две што се чисто беше во собата,ама тоалетот ужасен...за 4дена го исчистија еднаш и тоа кога имаше главна визита директорот дека поминуваше...едвај чекав домче да си одиме со бебе стравував да не закачиме некоја бактерија...ми го бришеа бебето со истата тетра пелена на цимерчето кога им даваа дохрана...јас ич не поминав добро во Чаир...само што самиот царски и пред да ме породат беше се супер...а во шок соба неможевме да ги разбудиме од спиење сестрите да ни стават венски Аналгин да ни се потсмират болките...многу нехумано...сестрите се подолеми "докторки" од докторите... Помина 1 година откако сум породена но ко вчера да беше тоа што го доживеав таму...
Ако гледаме по чисточа и како е реновирано како изгледа, Гак и те како е подобар од Чаир. И реално во последно време ина повеќе негативни коментари за Чаир него за Гак.
@pile30 нема правило ако е со царски дека ќе биде во двокреветна соба. Во собата каде што лежев поминаа две жени со царски, а 2014 јас бев во двокреветна а не бев царски (што искрено мислам дека се само две соби такви, пука среќа за мене).
До лани сите збореа дека многу подобро било во Чаир него на ГАК, ама според ова што читам сега се чини работите се смениле.
Кога влегуваш во ходникот и се движиш накај делот за бебињата од десна страна сите соби се двокреветни (ако не се лажам пет се на број) и тие се наменети за мајките "царици". Јад лежев на одделот 4 дена и исклучок немаше жена природно породена да биде сместена во двокреветна. Од спротивната страна се собите со шест кревети за природно породените. Е тука отстапки имаше бидејќи многу жени беа со царски и ги сместуваа и во собите за природно. За тоа како поминав во болницава ќе пишам дополнително.
Ех Китн имав време во тие моменти да анализирам се' ... Го шпартав ходникот и ден и ноќ. Ќе ви раскажам
Да да затоа напоменав дека жената после мене што ја породија и една до друга бевме и во шок соба цело попладне и цела вечер и сабајлето мене ме земаа по 10мин гледам нејзе ја возеа на количка и ја ставија карши собата каде мене ме сместија и беше со 6 мајки а царски породена...Јас бев во соба бр.10 и беше двокреветна...Тоа како им се ослободува место така ги ставаат без разлика како се породени нема капацитет а многу родилки... а пред да се породам ми кажуваа тие царски што биле биле во двеокреветните соби...ама ете нема правило....еве моја другарка се породи природно пред две недели само 24ч беше се на се во болница немаат место и таму каде се е ок ги пуштаат...Јас со царски лежев 4дена 4ти ден во 14ч.си заминавме домче
Моето искуство од Чаир е сосема спротивно од напишаново но сепак за секого е може различно.Царскиот протече одлично,најголема болка ми беше ставањето катетер.За 25 минути ме породија и потоа во шок соба до наредното утро. Сестрите и болничарката не спиеа воопшто. Јас никакви болки не сетив,освен што првото станување е навистина тешко.Ме префрлија во соба со 4 зени.Во собата навистина не беше воопшто чисто но за 3 дена се издржува.Бебето пред мене го средувале и секогаш со чиста газа го бришеа (барем пред мене).
Јaс убеденa бев дa се пoрaѓaм вo Чaир, oд препoрaкa oд блиски a и мн пoзитивни кoментaри. Нo се случи дa немa местo тaму и мoрaв вo ГАК, бев скептик и сo стрaв oтидoв. Амa мнoгу, мнoгу сум зaдoвoлнa. Oд oднoсoт нa пердoнaлoт,oд хигиенa, oд услoви....oд се. Дури и епидурaл дoбив без врски и без нaдoмест( кaкo штo кaжувaa декa мoрa дa гo плaтиш) или мoже декa не гo пoбaрaв сaмoтo пoрaѓaње гo нaлoжи, не знaм. Беa мнoгу тoлерaнтни иaкo јaс се пoрaѓaв цели две дежурствa и сo се се oбидoa прирoднo дa ме пoрoдaт иaкo мoлев зa цaрски, сегa сум блaгoдaрнa штo не ме нaoрaвијa Знaчи сaмo пoфaлби имaм, рaце дa им цутaт oд душo, срце друг збoр не слушнaв ни oд сестри ни oд дoктoри
Затоа велам секој со свое искуство не значи дека јас ако лошо сум поминала дека се е таму во Чаир лошо и црно Значи и пред мене го бањаа и чисти пелени го повиваа во фишече но дека пред мене го ранеа и го бришеа со иста тетра пд цимерчето...не сакам да ставам слика да се види какво беше црвено жално изиритирана кожичката... А за чисто само ден пред да си заминам беше,мирисаше на средството и кога ни отворија прозор ладно кочан а мирисаше и печеше на грло се убивме од кашлање со цимерката..но се излуфтира ...со раната болки до плафон сум клечела да мокрам само јас си знам како поминав...а сите што ми кажуваа како што е ништо не беше ни приближно...а јас и воопшто не сум маанџика но за хигиената каде се раѓаат нови човечки животи,тие кревки мали бебенца треба да не се доведе во таква ситуација да е хигиената...лоша... На секој посакувам да не мине ко јас што поминав лошо...а за операцијата супер пројдов немам зборови... А дека спиеа во шок соба...ми викаше сестрата што беше дежурна...вртете г...да боцнам Диазепамче да дремнете да не брборите цела ноќ И со кафето и крстозборот си се шетаа пред да не боцнат па чекавме сестра 45мин да не боцне за болки Напоменувам повторно ова е мое лично искуство не значи дека сите вака би поминале Со лесно идни мајки
Јас девојки од одделот патолошка бременост, од предродилна сала, интензивна нега сум презадоволна. Од односот на доктори, сестри, хигиена. Од неонатолошкото одделение не сум. Докторите секој чест. Но, за жал, кај нас сестрите се поголеми специјалисти и од самите доктори. Толку дрски жени јас немам сретнато. Бев сместена во двокреветна соба од оние што се за царски рез. После 12 часа од царскиот ме качија на оддел. Со катетерот во едната,а течностите кои требаше да ги пијам поради инфузијата во другата рака. Од количка на кревет. Херој бев да. Барем за себе. Станав после 12 часа. Затоа што знаев дека така е и за мене но и за бебе најдобро. Болеше како со нож некој да ме сечеше. Не можев да одам многу,но барем станав. Катетерот на мене. Во 10 часот утрото качена на оддел, во 12 часот ми го донесоа бебето. Го гледав како лежи на креветчето а бев немоќна. Тоа плаче а јас не можам да станам сама. Викај сестра,сестра нема. Бебето беше постојано со мене. Да станам да го дојам не можам. Прво што немав млеко. Второ што немаше кој да ми покаже како. Читав претходно многу,гледав видеа,но во пракса се е друго. Дојде педијатар кај мајката што беше до мене па ја замолив да викне сестра да ми помогне. Дојде истата,јас легната,ми стави дете на дојка и замина. Дете влече,млеко нема,ама ајде нека стимулира лактација. Заврши бебче,почнува да вришти,нема кој да го земе. Јас врзана за кревет. Таа до мене исто. Да не редам ситуации како бебе какано,вришти плаче,сестра вика сега не менуваме пелени ама ај ептен ќе направам исклучок. Хигиеничарките имаше денови и ноќи кога не поминуваа ниту еднаш во тоалетот. Тој смрди, крв отстојана, нормално е. Ама затоа кога дојде среда се растрчаа сите. Па тоа се џогира,попречни чаршави се нудеа,дури и спаваќи. Директорот оди во визита. Не ми се веруваше што гледам. Сестрата ја молев три часа да ми ја извади браунилата која ми ја ставија во операциона сала (тие се поголеми) и не можев да си го фатам бебе покрај се друго. Ми се откачи, почнав да крварам, го држам бебе, се прави и тоа со крвта. Сестрата вели те заборавив. Имам уште многу да пишувам,но нема. Сакам само побрзо да заборавам на тие лоши денови кои ме доведоа до дијазепами поради покачен крвен притисок од нервоза. Посакувам на сите идни родилки да поминат поубаво од мене. И не,не очекував премногу. Не сум ни лигава ниту се жалам.
Во најголем дел исто сме поминале и делиме исто искуство. Јас царски, ок, ме ставија со уште една. Тоалетот за три дена ниеднаш не го исчистија, имам пишувано овде, ја прокрварев, абе една да доеше,крв отстојана мириса. одвартно, среќа што не можев по голема да идам, шољите без даска.А за сестрите ме потсети, во шок една мајка се разбуди во сред ноќ со болки со офкања, викаше сирота сестро сестро, па ај некако ја замуабетив д ја оттргнам и после саат ипол два дојде сестрата уште лута, кој тоа си праел муабет и ги реметел останатите. само што сменија постелнина за бебето и еве ја сестрата бап мојата торба у бебешкото креветче. Ни поим имав како да дојам, бебе плаче, ја закована у кревет не можам да мрднам, до душа имаше едни две сесстри стварно ми помагаа и бебе да ми подадат и креветот горе доле ми местеа како сакам положба алал да им е, едната дури отпосле ми покажа и како да дојам ама не ти висат пред врата, останатите поминуваат ти ги викаш они не те ни погледнуваат.колку сум си се колнела каква мајка сум без чувства тие три дена зошто се радував повеќе кога детето ми го земаа отколку кога ми го носеа уште не можам да си ги опростам. Ама ќе те сфатат само оние кои имале проблем, кои биле царски породени, што значи да бидеш инвалид во кревет и од петни жили да се трудиш дс мрднеш за да си го земеш детето што лежи на само три сантими од тебе а тебе ти изгледаат три метри