Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Исто така. Фишек беше постојано!
    Да беа сите доктори како Зоран Илиевски здравството ќе цветаше. Подобар нема. Во секоја смисла на зборот.
     
    На Angel.girl и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ми ја најдоа докторката. Маја се викала. Ја нема на страната.
     
    На gjoker4e и fina erika им се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Случано ми се појави текстов за задоволна пациентка на ГАК. Тие што се породиле во скоро време таму нека кажат дали е вистина :)

    Се случуваат ли промени во државното здравство или само постојат поединечни случаи кога лекарите и медицинскиот персонал навистина работат во интерес на пациентите. Оваа јавна благодарност на Велешанка која се однесува на здравствен тим на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје покажува дека и да се малубројни во здравствената фела сепак постојат професионалци кои почитувајќи ја Хипократовата заклетва не прават статусни разлики и не ги бираат пациентите по веросисповед и националност.

    „Почитувани граѓани на Македонија, многу пати читам колумни, кои се критички настроени кон скоро сите области од секојдневниот живот на граѓаните. Претежно со право граѓаните пишуваат за проблеми со кои се соочуваат во јавните, локални или национални институции.
    Се случуваат ли промени во државното здравство или само постојат поединечни случаи кога лекарите и медицинскиот персонал навистина работат во интерес на пациентите. Оваа јавна благодарност на Велешанка која се однесува на здравствен тим на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје покажува дека и да се малубројни во здравствената фела сепак постојат професионалци кои почитувајќи ја Хипократовата заклетва не прават статусни разлики и не ги бираат пациентите по веросисповед и националност.

    „Почитувани граѓани на Македонија, многу пати читам колумни, кои се критички настроени кон скоро сите области од секојдневниот живот на граѓаните. Претежно со право граѓаните пишуваат за проблеми со кои се соочуваат во јавните, локални или национални институции.

    Од она што јас сум го прочитала мислам дека најкритикувано е јавното здравство. И јас бев една граѓанка која се до неодамна имаше што да напише и да критикува кога се во прашање услуги кои треба да ги добијам но, не на начин како што ми ги испорачуваа луѓето облечени во бели мантили.

    Животот не знаеме кога ке не изненади и затоа имаме навика да кажеме „што ке дојде нека мине со лесно„ Но, како граѓани со изградена јавна свест и пред се критериум да направат разлика помеѓу вистинска и лажна вест или со доблест да критикуваат но и да пофалат кога треба сакам да упатам ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ кон професионалците во фелата која носи бели мантили, работи според Хипократовата заклетва и е пример за хуманост, за грижа кон пациентите во Република Македонија.

    Јас пациентката Гордана Јовева сакам да соопштам дека додека се лекував благодарејќи на тимот на при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје предводен од Асс др Сашо Стојчевски, шеф на одделот, каде главна сестра е Данчe Стојкова и медицинските сестри заедно со помошниот персонал направија да се почувствувам прво како човек, второ како пациент кој во јавно здравствена установа се чувствуваше како да се лекува во приватна клиника користејќи услови како што се навремена, квалитетна и професионална здравствена услуга во чиста и уредена болничка соба со ,телевизор,, сопствена бања и особено грижа од љубезни професионалци. И не само кон мене пациентката Јовева туку и кон останатите пациентки кои во исто време со мене се лекуваа на оваа клиника.

    Сакам да го потенцирам она што го следев секој ден додека се лекував: д-р Стојчевски со посебна грижа и внимание за своите пациенти, следен во чекор од сестра Данче Стојкова, чија насмевка и ведрина на лицето никогаш нема да ги заборавам како и строга кога се во прашање исполнувањата на обврските.

    Се ова за што Ви пишувам пријатно ме изненади ,од причина што сум обичен граѓанин кој доби врвна услуга во државна здравствена установа која поседува професионализам,стручност и, љубезност. И не само таму, во Клиниката во Скопје, туку пријатно бев изненадена кога ден по отпустот, дома на сопствениот телефон сестра Лидија ми се јави за да провери и да ме потсети дека особено е значајно да се придржувам кон советите дадени од др Стојчевски и сестра Данче. Така беше со мене но и со останатите пациентки со кои се лекувавме во исто време на овој ој нареден ден, се до првата контрола и не само со мене туку и со останатите пациентки со кои се лекувавме во исто време на овој Оддел.

    Тоа мене, нас, на пациентките ни даде потстрек, сила и поголема самодоверба дека се надмине болката па и болеста од која што се лекуваме. По ова мое, поточно наше искуство, јас Гордана Јовева, граѓанка на Република Македонија ,имам надеж дека може и во нашава земја да функционира модерно и професионално јавно здравство само ако се сака и ако се работи професионално. Сметам дека сеуште постојат луѓе кои чесно и професионално си ја вршат својата работа.

    Затоа уште еднаш Ви благодарам на сите вам од тимот на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје со вас почитувани Асс д-р Сашо Стојчевски, сестра Данче Стојкова и сите останати членови на тимот, кои сте голема надеж за македонското здравство.

    Со почит,
    Гордана Јовева, пациентка од Велес“
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Женава нее породена таму туку се лекувала.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Девојки најверојатно ќе се породувам во Чаир, ве молам искуство за во апартман и што ќе ми треба за мене и за бебето.
     
    На Irrepleceable и Ivke им се допаѓа ова.
  6. Ivke

    Ivke Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Исто,ве замолувам некое по ново искуство да ни споделетe ☺️
     
    На Kaffe и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Да се надоврзам на прашањето.
    Апартман даваат ако сакаш или?
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Сѐ што им треба и на останатите, од пешкири до средства за хигиена.
    Апартман даваат ако Ти сакаш и ако имаат слободен во моментот. Имаат само два.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    apartmanite se 50 evra od den a ne vredi za parite nisto porazlicni sobi samo sto si sam i sto sekogas moze poseta. Ako nemas koj da e so tebe nekako ke ti bide dosadno. Sepka razgovorite vo predporodilna posle poragaj so zenickite ili mene mi se vide ok zapoznav super osobi. Vsusnost vo gak bev po nekoja slucajnost vo dvokrevetna a i vo cair isto vo dvokrevetna so vrski pa zatoa moze e ok moeto iskistvo. Sepak najvazno e da imas lesen poragaj drugoto ne e vazno so lesno
     
    На Kitten, blanco117 и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  10. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Во Чаир сите породени со царски се во двокреветни соби.
    Освен ако нема место, па ги ставаат во собите за жени природно породени со 6 легла.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Собата во која јас бев со второво дете, беше со 4 кревета. Сигурна си дека биле по 6?

    Незнам ова со двокреветниве дали е ново правило, но со прворото дете спонтано породена бев во двокреветна.
     
  12. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    Да, поради царскиот го шетав целиот ходник и ѕиркав по сите соби 8)
     
    На fina erika и Kitten им се допаѓа ова.
  13. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Во Чаир вкупно има 11 соби со се двата апартмани 13 соби.
    6 се четорокреветни и 5 се двокреветни.
    А во апартманите што сакате вие за 50 евра на ден да имате батлер и рум сервис.
    Имате телевизор,фрижидер,интернет достапен 24 часа.Посета од 9 до 21часот што другите родилки го немаат.
     
    Последна измена: 18 јануари 2019
    На Meckicja, Kaffe, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Колку само ми требаше помош и поддршка во тие моменти, сто пати се покајав што не ни прашав за апартман.

    Инаку бев во двокреветна кога ме донесоа од шок соба, а цимерката беше природно породена. Дали поради врски или немало место едноставно не знам. Цело време шеташе низ соба, збореше на телефон и буквално му се дереше на бебето што не сакало да цица.
    Воопшто не ми помогна за ништо, ни чаша вода не ми подаде, а не пак рака за да успеам да станам од мизерниот скршен кревет и да одам до тоалет.
    Јас окапав цела недела и ги измерив сите соби и ходници, така да го потврдувам тоа што го кажа @fina erika.

    Да дополнам само, еднаш бев во една од собите да гледам како се бања бебе и во таа соба имаше 5 кревети, 5-тиот кревет беше на тркалца зошто така ја донесоа и оставија родилката (со царски рез).
     
    Последна измена: 18 јануари 2019
    На mssuniquee и fina erika им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.299
    Допаѓања:
    76.396
    Пол:
    Женски
    Јас пред 3+год бев во 4 креветна, која гледа на паркингот напред, последната соба мислам беше од ходникот, блиску до собата кај што се сите бебиња. Тогаш немаше толку гужви, па може затоа сега додале плус кревети...
     
  16. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Да, таа соба е, последната од лево кога идеш накај неонатологија.
    Знам дека гледа на паркинг пошто и се дереа сестрите на една кога го покажуваше бебето преку прозор :lol:
     
    На Kitten и mariz им се допаѓа ова.
  17. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    @fina erika не знам за кога зборуваш. Кревети можат да се додадат и одземат. Јас ја кажав состојбата пред месец и половина!
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    И јас го покажував секој ден :rofl: Мене никој не ми пререче ништо, и баш се радував што бев во можност да си направам муабет преку прозорец и да си ја видам поголемата ќерка.
    Со првото дете бев во двокреветна, тие сите гледаат навнатре, кон коцката.

    @@Verba веројатно имало гужва па додале кревети.
     
  19. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    во чаир кога ги добивте телефониве? дали да ставам во торбица ?
     
    На Ivke му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    @derjus да, стави си го телефонот у торбица пред да влезеш у родилна. Кога ќе те симнат доле одма за 15 мин ќе ти ја донесат торбицата. Инаку јас се породив во Чаир пред 6 м бев во првата соба со 4 кревети од кои две жени беа царски породени а јас природно. Немаше место за нив во двокреветните. Инаку јас не би одела во апартман. Јас мн убаво поминав со другите жени, сеупте контљктираме скоро секој ден. Сама у апартман незнам дали ќе издржев.
     
    На derjus му/ѝ се допаѓа ова.