Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за мислењата иако сепак не добив конкретен одговор. Мене ме интересираше искуство дали некоја мајка е била во апартман во стилот каков е односот на персоналот, дали собите се со сопствен тоалет, дали се чисти... Дали вреди за парите може да каже само некој кој бил сместен во апартман. За некој како мене што е од внатрешноста апартманот ми е единствено решение за да добијам помош барем од некој од моите, по лошото искуство во ГАК кога една сестра ( вештерка ) на секое влегување во мојата соба морав да ја слушам се и сешто за нас "провинцијалките", кога мораше да молам за чиста спавача, како јас што сум била природно породена требало да и помагам на цимерката која е царски, да ја подкренам да помагам без разлика што таа пд мене беше 20 кг потешка и ред други работи на кои не сакам да се навраќам.
     
    На fina erika и Ivke им се допаѓа ова.
  2. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Душо значи сум била во апартманите во Чаир односно во еден од нив и вреди за парите,имаш на помош медицинска сестра и може некој од твоите да ти помага дозволено е посета секој ден од 9 до 21 часот.Јас од немај каде бев во апартманот сместена за да можам бар во тие денови да бидам со некој од моите бидејќи ми требаше подршка од блиските.Апартманот е супер има сопствено купатило и е доста чисто,даваат чисти спаваќи,редовно го чистеа.
     
    На Kaffe и Ivke им се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Мешиња дали Кировски во Чаир побарал на некого пари за природен пораѓај? Ако да, колку?
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Никој не смее да ви побара пари за никаков пороѓај. Ве молам не потпаѓајте на провокации, и не прифаќајте ништо.
     
    На Lolipop23, Meckicja и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Немој да заборавиш претходно да пријавиш во полиција за да ти дадат обележани пари.

    Само вие можете да ја спречите корупцијата и никој друг.
     
    На PinkGirl*, Meckicja, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Мене не ми побарал, т.е уште не сум почнала да одам во Чаир меѓутоа на моја блиска и побарал. Искрено и рекол 200 евра, а она сака и во апартман (50евра од ден) и кога ќе видиш приватно ќе се пораѓаш.
    Муабетов ми е дали да очекувам дека и мене ќе ми побара или не е пракса кај секого? Не знам како се осудуваат, од каде знаат на кого ќе налетаат...
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Со две деца ме породи, ни поклонот од ќеиф маж ми што сакаше да му го даде одвај го прими. Немам такво искуство со Кировски, иако читам свашта.
     
  8. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Сите постари доктори во државава се научиле да земаат мито не само за пораѓај туку и за било што друго, имам слушнато за многу доктори што бараат значи срамота. За да те гледа некој мора да му дадеш нешто.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Во случај да ти побара обавезно да му дадеш обележани. Пет минути работа е во полиција.
    Ако имаа пари луѓето немаше во Чаир да одат ќе си одеа на приватно сите.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    17.220
    Пол:
    Женски
    Епа бараат пари затоа што ги барате стриктно одредени доктори јас двапати се породив во Чаир кој се падна на смена тој и на ниеден немам дадено пари.
     
    На Lolipop23, Kitten, lizaname и 2 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Епа искрено за 200 евра сигурно приватно нема да се породиш.
    А бидејќи барате стрикно доктор кој сакате да ве породи нормално и пари ќе побара.
    Односно ние си ги научивме докторите така.
    И не само докторите и сите други функционираат така.
    А за Кировски знам дека бара и другои доктори бараат и така во круг,ќе си земеш дете во прегратка и ќе си бидеш задоволен и волкот сит и овците на број.
     
    На pile30 и Kaffe им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Имаат право да бараат. Поштено цел живот си плаќаат здравствено, каде сака таму ќе се породува.
    Муабетот му доаѓа дека луксуз стана се во мкд, ако имаш за еден одмор, зимовање или два пати месо неделно. Така и изборот на лекар на кој му веруваш. Стандардите на нормален живот и потреби вртоглаво паѓаат под дно.

    Тоа што искомплексираниве докторчиња во мкд си ставаат цена не е проблем на пациентите. Само фали пријава, верувајте функционира во овој систем.

    Али и народот со оние подароци и глупости ја претерува така да они си само навикнати на мала пажња. Прекинете да носите поклони кај професори, учителки, доктори и администрација! Ако ви е кеиф да купите нешто оставете ги кај некој бездомник на улица. Или почастете некој што нема.
     
    На Stressed Out, @nchy, srekice и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    @fina erika 200 евра да платиш мито + плус да бидеш во апартман неколку дена тоа се горе доле 400-500 евра што и не е така баш за занемарување. Но, секој со својот избор :) јас не планирам ниту мито, ниту апартмани. На тие пари што ги давам месечно за здраствено осигурување што сака нека биде!

    Туку, не гледам ништо лошо во тоа да можам да си одберам доктор кај кој ќе се пораѓам, тоа не дава за право да ми побараат мито. Исто како што си бирам општ матичен лекар, матичен гинеколог, стоматолог и слично, така сакам и доктор што ќе ме пораѓа. Впрочем и за да почнам да одам на контроли во Чаир, мора да одберам доктор за да ми дадат упат. Така по слушнати позитивни мислења и прочитани позитивни критики на форумов се одлучив за Кировски. Но, пред некој ден слушнав за тоа фамозно барање пари па сакав да проверам дали и на некоја друга се случило (дали е пракса на секого да бара или не).
     
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Епа баш и не е така ќе си одбереш доктор и ќе ти дојде да те породи од дома и покрај тоа што можеби тој ден нема да биде на работа.Може да те породи ако случајно се погоди на смена и тебе те фатат болки а дека специјално ќе дојде за без пари мало морген.Инаку во ремедика природен пораѓај е 75.000 илјади денари 110.000 царски и во систина се тука некаде цените.Значи не се ни приближно.
     
    На Lolipop23, Rebecca_R, Kaffe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Па ако не е на смена, не мора да ме пораѓа. Јас сигурно нема да му речам од дома да дојде, само мора да одбереш доктор за почеток што ќе превземе контроли и слично. Ако се погоди да ме пораѓа ок, ако не пак ок.
     
  16. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Јас кога пишав за Илиевски, тука одма напаѓаат.Мене ми кажа таа недела кога ми е термин не е на работа, ама убаво би било он да ме породел ама за да дојде тоа би ме чинело 200 евра, сопругот му вика докторе ние слушнавме дека сите доктори тука се добри но сепак има време ќе се договориме. И мене ме фаќаат болки 10 дена порано и ми се погодува Др.Илиевски, ми вика зошто не ми се јави кога тргна од дома, викам во паника бевме а и добро бев примена од вашите колеги. Накратко почна он природно да ме пораѓа, нели он ми ја знаел ситуацијата по негово бебето е 3700 и со главата надолу, по 4 и пол саати на бокс со 10 прста отворена и провокации од 7 до 14:20, јас се имам онесвестено и сум завршила кај друг доктор на царски, родив бебе 4200 кое било извртено. Така да размисли си како ќе постапиш. Битно е да отидеш со позитивна мисла,зошто бебуш пристигнува. Др. Кировски како доктор имаше солиден пристап и темелност на двете визити што ги помина.
     
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Еве како го постави првично прашањето,а сега друго кажуваш ај договори се со себе што сакаш и што прашуваш.Ако се потрефи тој добро ако не тој што е смена а ако сакаш Кировски специјално Човекот си бара пари и тоа е многу јасно како ден.Мислам дека и во Чаир тоа сите го знаат.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Точно, и објаснив зашто прашувам! Јас уште не сум ни почнала да одам во Чаир, ова и се случи на моја блиска и сакав да знам дали е пракса кај сите да бара или не. Но, никаде не спомнав дека мора он по секоја цена да ме пораѓа, баш напротив пишав ако бара пари не би сакала. Јас сакам да го одберам како доктор, ако се погоди ок ако не пак ок. Досега, не сум имала јас лично такво искуство некој да ми бара пари и не би сакала да имам. Како и да е, ти благодарам на одговорите.
     
  19. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира за искуство за договорен порагај. Како иде тоа? Последниот преглед докторот ми потенцира дека би можеле и да темпираме. А инаку за дискусијата за плаќање ем сакате да ве породува специјален доктор, а не тој што е на смена и да имате третман како во приватна клиника и тоа да е за без пари. Од такви барања и форсирање на одредени доктори дојде до тоа да мора да си платиш за да добиеш подобар третман.
     
    На @nchy и mssuniquee им се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.210
    Пол:
    Женски
    Браво убаво речено.. За одмори скапи телефони шминки и тн се има пари а за породување каде што е во прашање твојот живот и на бебето тогаш веднаш се бунат. Знам дека ние плаќаме за да имаме бесплатно здравство но конкретно за Чаир каде за една ноќ се раѓаат преку 20 бебиња неможат на сите родилки да им се посветат максимално, едноставно и сестрите и докторите трчаат од толку гужви, јас кога бев и памперси им снемало..

    Сепак мислам дека 200 евра не е некоја голема сума за да имаш асалан пораѓај и третман а не да ве остават на бокс со саати :x како што оставија една Ромка пред мене .. И мене пораѓајот кај Исмаили плус апартманите 8 дена ме фатија како во приватна болница да сум се пораѓала и презадоволна сум, за саат време родив дете 4360 природно и без сечење. Башка што околу мене само трчаа сестрите дури ме тушираа. Секој кој може нека си плати да си имаат асален третман во најубавите денови:)