Смешно ми беше што членката пишала кога мора ставаат епидурал. 20 часа се отворав, со пукнат водењак, ме лажеа дека немало анестезиолог. Или си имала навистина среќа или врски.
Е сегa вaкa, немa пoтребa дa лaжaм. Дoктoрoт дoјде и ти кaжувa декa ќе се oбидеме уште сo епидирaлнa aнестезијa. Пoтoa дoaѓa тим oд aнестезиoлoг и нејзинa пoмoшничкa. Првичнo ти oбјaснувaaт штo и кaкo е прoцедурaтa и кaкo ти дa се oднесувaш пa пoтoa те бoцкaaт вo р'бетoт. Пa зa крaткo време престaнувa дa чувствувaш бoлки, oвa мене ми гo дaдoa сo цел дa oдмoрaм декa мн бев измaченa и дa имaм пoсле силa зa рaѓaње, зoштo пoсле дејствoтo нa aнестезијaтa пoрoдилните бoлки пaк се јaвувaaт. Сегa не мoжaм дa судaм и дa тврдaм декa секoј би дoбил епидурaл или не. Мoжеби тoa зaвиси и oд сaмиoт гинекoлoг кoј гo предвoди дежурствoтo. Инaче јaс знaм се штo се случувaше зaтoa штo зa се прaшувaв сепaк се рaбoтеше зa мoјoт и живoтoт нa мoетo бебе.
Имам и јас пријателка што доби на Гак епидурал без врски. Едно е да не даваат, а друго е да нема анестезиолог во моментот. Сите сме свесни за дефицитот на стручен персонал во државниве болници.
Јас 9ч бев со страшни болки, од кои првите 3ч со болки на 3мин, а другите 6ч со болки на една и на пола минута, епидурална не добив. Плус не бев спиена веќе 24ч, во 06 сабајле конечно со незнам кои сили, се породив... А пријателка на Гак со врски, доби епидурална. Во Чаир имам повеќе пријателки кои беа со врски, ни една не доби епидурална.
Таква тарифа си имаш во Систина, ја водиш бременоста кај еден доктор и истиот доаѓа да те породи во било кој период од денот или ноќта. Цената за тоа е 1150 и 1650 евра за природно породување или царски, соодветно. Во државна болница таква опција нема, ако викнеш доктор од дома, тоа е исполнување на твој личен каприц и ке си платиш преку рака. Во спротивно, ке те породи докторот кој е на смена, ете толку е едноставно. Како тоа, ти бараш услуга која не оди преку систем и сакаш истата да ти биде исполнета а докторот не може да побара пари кои не одат преку систем? Ајде кажи ми, како докторот да ти наплати за услуга која не постои како опција? И јас го работам тоа што го работам, цената на еден проект е дефинирана ама истата важи во текот на работно време. Ако некој ми се јави и каже Ребека аман за аман, сакам ти да го направиш проектот а ја спијам или сум у кафана, ке кажам, нема проблем, одма палам лап топ специјално за тебе, ама цената ке биде барем три пати поголема.
Јас се породив царски со епидурална во Чаир. Може не даваат за природен пораѓај, ама има епидурал во Чаир. Барем во Октомври имаше кога се пораѓав.
Најчесто даваат спинална за царски али ок за царски пораѓај мора да има некаква анестезија дали целосна дали спинална а кај природниот се користат за ублажување на болките...веројатно државата не ги смета за неопходни и не ги даваат на секоја родилка
Немa пoтребa oд ирoнијa или неверувaње. Јaс сaмo спoделив искуствo мoе личнo. Жaлoснo зa вaс, знaм кoе мaчење е aмa дoбрo е штo нa крaј се се сведувa нa среќa пa лoшите искуствa избледувaaт. А инaче кaмo дa имaв среќa дa имaм некoј пoзнaм пa мoже и пoрaнo ќе јa дoбиев aнaстезијaтa. Ајде дa се нaдевaме декa вo пoследнo време пoдoбренo е нa ГАК, еве се пoвеќе искуствa декa се дaвa епидурaл и без врски. Сo леснo нa сите идни мaјки и сaмo пoзитивни мисли
Епидурална порано се давала во Европа само ако има медицинска основа за тоа како што е денеска случајот со царски рез ( со други зборови ако мора ).
На клиника давале епидурална по потреба, ако имаш среќа да се погодиш во термин кога не е хаос на Гак, односно ако се погодиш попладне или навечер кога имало слободен анестезиолог, додека во Чаир воопшто не даваат никогаш.
Истото го зборувам и јас Бека. Мене ме породи тој што се погоди. Ако има опција да дојде од дома и се наплаќа, сакам да ми дадат сметка за истото. Сива економија заради лични каприци НЕ поддржувам. Како за сите, така и за мене. Зборував чисто за државните породилишта, каде стана најнормална пракса да си бараат пари за да дојдат да гипородат, кои ги нема во систем. Не фала.
Сива економија има затоа што дел од докторите врска немаат од докторството, а на сите ни е мил животот. Многу добро ги разбирам и оние кои даваат пари преку рака, со нашево здравство и купените дипломи се молиш само да ти се погоди доктор кој ке те излечи. Настрана нехуманиот третман од сестрите и болничарките, општо е познато кои доктори се добри и никој не сака да си го ризикува животот. Барем јас не би отишла кај било кој доктор, било матичен, било ОРЛ или гинеколог.
Вода обавезно да си земеш три шишиња барем, а храна мислам дека нема да ти дозволат. Кумашинката во април лежеше таму и освен вода ништо друго не даваа, среќа сопругот на посета и шверцуваше по некој сладолед, тоа и се јадеше А зошто на патолошка?
Мене на патолошка ме примија со пукнат водењак, се породив во јануари, кога влагав ме прашаа дали имам влажни марамици во ранецот, за храна не рекоа ништо. Не носев ништо со мене, ама да имав немаше никој да знае. После тоа може да ти донесат храна доле на шалтер и сестрите ти го качуваат, само да е вакумирано. Мене ми пратија сок, вода, кроасани, чипс и бејк ролс, за ништо од тоа не направија проблем, ми го донесоа во соба. Чисто информативно, на патолошка даваат 3 оброка, ништо посебно не е, ама без јадење не те оставаат. Доручек и вечера во соба (геврече, лиснато и слично) а ручек има во кујна. Јас бев со болки и не отидов, ама рекоа имало супа, некаква чорба и салата.
Јас природно се породив во Чаир без доктор. Толку кратко траеше процедурата од седнување на бокс до породување мислам дека најмногу 5-6 минути траеше . Ме породија акушерките кои навистина се љубезни и професионални во својата работа. Чиста 10-ка за сите таму. Пред да започнат едната од нив ми рече “Значи не те породуваме ние сама се пораѓаш и се зависи од тебе, ние само ти помагаме,неможеме плодот да го извлечеме ако ти не соработуваш”. Лесно се заврши,докторот секако ќе беше вишок но шиењето болеше повеќе отколку породувањето . Частенка си добија акушерките,докторот неможев ни да го најдам .
Охриѓанецот за кого има две верзии. Во првата го фалат, во втората го плукаат. Најубаво оди види како ќе ти се понаша и така најубаво ќе оцениш.