1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ветрушка со анестезија шијат,немај гајле. :*
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    со анестезија ме шиеја и ништо не осетив ;) не се плаши многу работи се подобрени на ГАК
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    незнам дали овде да прашам, но за секој случај, какво мислење имате за д-р Тантуровски? ве молам да ми одговорите зошто најверојатно он ќе ме пораѓа. Подравче..
     
  4. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Младиот? Миле мислам се викаше ... Немам лично искуство, но додека лежев на Паталошка многу жени се фалеа од него и знам дека имаше и доста кои фаќаа врски он да ги пораѓа.

    Природно ќе се пораѓаш? Не е секогаш докторот пресуден за тоа како ќе помине породувањето. Ако се породуваш природно слушај ги нивните инструкции за дишење, напони и сл и ќе биде добро. А ако си царски немаш гајле(барај спинална)...
     
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Мене он ме пораѓаше па можам да ти кажам од прва рака.
    Нека не те плаши тоа што е многу млад, дечково е професионалец во секоја смисла на зборот.
    Јас бидејќи бев со два пораѓаја, природно до пред сам крај и на крај итна цезареа, можам да ти кажам дека како и да се пораѓаш супер ќе поминеш. Кооперативен е, ќе ти објасни што те интересира, се шегува се смее..не како некои. Лежев четири дена на патолошка па имав прилика повеќето доктори да ги запознаам. (*да напоменам дека само он не ми беше врска од сите доктори што се погодија тие денови на работа а баш кај него се паднав и џабе паничев)
    Јас мислам најдобриот доктор дека ќе те пораѓа. :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.773
    не знам дали станува збор за истиот танторовски, драган тантуровски јас што го знам е постар човек, кратко беше и директор на гак, пред некоја година кога се порагаше братучедка ми се погоди дежурен да е и беше доста дрзок, безобразен, викаше само , и до ден денес е таков, чуден карактер |(
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Jaс зборував за син му...Миле се вика.
     
  8. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    Станува збор за младиот д-р Миле Тантуровски. Со него договарав, а на прв поглед ми изгледа ок дечкото иако ми е генерација :P уфффф ми олеснА бидејќи првиот пораѓај ми заврши со форцепс а ме пораѓаше постар и поискусен доктор. Значи дА не се тревозам.....аха.....и уште нешто, слушнав дека д-р на ГАК имале тарифа за да дојдат да те породат кога не се на смена? вистина е? и тоа за солидни суми, околу 500 евра да речеме?
    воедно, МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ НА ОДГОВОРИТЕ....ПОЗДРАВЧЕ ДО СИТЕ!
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.938
    Допаѓања:
    35.802
    Пол:
    Женски
    Точно е дека докторите имаат тарифа. Тоа никогаш не било тајна. Која сума ќе се плати, зависи од докторот.
     
  10. JustBlack

    JustBlack Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Некоја од мамичките да сподели искуство од новата Чаир поточно Кировски????
     
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Мене ме фаќа голема паника и страв!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Најдовме демек некои врски ама не знам бе луѓе ако дојдам во болница кога врската не е на смена што да правам? Ако барам епидурална а не ми стават? Ако врската не ми одговара на телефон? Тоа и се случи на една другарка..

    Како луѓево бркаат врски и им завршуваат работа?

    Значи под страшен стрес сум веќе!!!!!!!!!
     
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Не знам зошто но не се замарам многу со врски, другите околу мене повеќе ме мислат, ми понудија доктор за пари, ама нема шанси, знам дека е огромна разлика кога си имаш договорено човек, но ете маката на крај пак јас ќе си ја тргам, платила не платила, само Господ да е со нас и да не чува, за друго белки не се до толку нечовечни сите таму по болнициве, колку толку сите знаат што им е работа и нека си ја работат. Не знам мајка ми правеше операција, тумур, па не сакаше на никој да плати, а не пак за ова си е природна работа, од Господ дадена. Јас така размислувам, се надевам нема ептен да си го сменам мислењето. На крај ние сме си криви за оваа ситуација, пари, врски ова она, ако СИТЕ ама баш сите си одиме по болници не само за раѓање, по вообичаена процедура, ќе си има ред, ќе нема преку ред, и да не им бутаме пари и поклончиња во рака, многу понормално ќе се одвиваат работите, сите пациенти ќе бидеме исти за нив, како што во нормални земји и треба да биде. А не научени и доктори и сестри и чистачки, со полни раце да се оди кај нив, па ако отидеш со празни раце, никој не те перципира.

    Баш гледам една емисија на ТЛЦ -Патот до мајчинството, даваат жени во бременост до раѓање, најразлични приказни, но зборот ми е за односот на сестрите, за секоја жена се дава најдоброто од себе. Да ти е кеф да раѓаш таму :)
     
  13. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    еве и мене ми се ближи времето и иако цело време зборувам за чаир само убави работи без разлика што со првото се породив во старо дотрајано и руинирано и да не беше новата болница пак ќе одев таму ради коректниот однос од сите таму.на почетокот незнаеа сестрите дека сум пациент со "дебела врска" но ме третираа како што доликува и во ниту еден момент не се осетив запоставено ниту јас ниту останатите 6 жени што бевме заедно во иста соба, а сега само што се чув со една пријателка што се породила таму и ми кажа дека биле по 2 жени во соба со ТВ и е многу задоволна.Така да Чаир 100% не ми бега кај и да е. Со лесно на сите мамички каде и да одите и никаква мака да не видите.
     
    На Keti30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    Девојчињааа јас утре одам во Чаир на царски во 8, со гопод напред! Ама од тоа што го видов таму мислам дека е супер, не те маткаат лево десно, луѓето се премногу фини од доктори до сестри. Реновирано, чисто, смирено никој не трча ко мува без глава по ходници за разлика од државна. Се читаме за некое време! Поздрав на сите :f: :f: :f:
     
    На Keti30, anicka1anicka и gluvarche им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    cherry-pie со лесно....биди соо таква позитивна миспла и те чекаме!!!

    п.с. си плати за царски или...?
     
    На cherry-pie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    фала ти мила, не не сум платила ама не е опција природно бидејки имам миом. Се читкаме за некое време! хххх
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Да знаеш дека на најдобрата варијанта си одиш =) Камо мене да не ме мачеа 20 саати природно да ме пораѓаат до пред да ме оперираат :(
    Нема од што да се плашиш, ако си со спинална супер ќе си поминеш на пораѓајот...плус беблакот од кога ќе си го гушнеш ништо веќе нема да е исто :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На cherry-pie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady.Luck

    Lady.Luck Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Мене ми се ближи терминот за некој ден, планирам до државна да одам имам и некоја врска таму. Ама последниот пат кога се видов со докторот и му кажав дека сакам епидурална ми вика, несмееме да ги даваме епидуралните на секој што ќе посака, тие се за итни случаеви бидејќи се многу скапи, ама ќе пробаме да средиме... Ме извади од памет, си викам ако докторот што ми е врска не е сигурен дали ќе ми дадат епидурална кој да биде.. :sweat: Незнам што повеќе можам да направам, планирам узбуна да кренам ако кога ќе отидам на пораѓај не сакаат да ми стават епидурална.. :^)
    А не ми се иде у приватна, не ми се даваат мин 1500 евра за пораѓај...

    Има некој скорешно искуство со епидурална во државна?
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во секоја државна болница, епидурална не даваат туку така...треба врски...ептен врски дебели.

    Немој да се разочаруваш и да се плашиш и да не ти дадат епидурална.Многу имаме раѓано деца без никаква анестезија...па еве сме денес живи здрави, на крајот се се заборава.
    И да знаеш дека понекогаш со многу врски кога фаќаш, можеш и полошо да поминеш.
    Затоа пуштете ги работите онака како што треба да течат. Јас кога се пораѓав со двете деца, имаше жени, па и со врски што беа, бараа епидурална и не добија, ама ете се најдобро се заврши.После пораѓајот на епидуралната нема ни да помислуваш.
    Уживај и со лесно.
     
  20. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    И јас со второто се породив таму и бев многу задоволна од односот на сите вработени таму,затоа и сега со третото без размислување одам во Чаир,само со Господ напред... :)

    Ајде anicka1anicka со лесно и да ни пишеш искуство од таму,баш ме израдува дека се само по две женички во соба,иако тоа не е ни толку важно после тоа,само да си ги гушнеме бебушките,после се е лесно ;) :*
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.